Па деца кога ќе има, баба и ќе им готви? Абе мора да се научи да се готви. Еве и јас машко, а знам некои работи да ги зготвам.
Тој многу повеќе готви од неа само што поголем дел од денот е на работа. Води здрав живот, спортува, здраво се храни. Не знам искрено како се согласуваат. На девојчето кога и воведуваа месо тој го спремаше. Веќе имаат. Скоро секој ден е на ручек кај бабата или кај свекрвата. Точно, секој може ама пуста мрза.
@FlowerMarija Нема ништо невообичаено, ниту извонредно во тоа што тој спремал храна - за сопственото дете. И очигледно се согласуваат штом се заедно. Тие си ја знаат динамиката. Таа можеби не готви, туку извршува друг дел на обврски
А што ви е гајле како другите одлучиле да живеат? Он сака готвено си готви, таа не сака па си купува. Децата не се должност на бабите ама може бабите така сакале.. И тоа што јадат кај бабите не е вина само на жената, ако мажот веќе готви за него може за сите.. И од кај знаеш дека е мрза? Може има друга причина.. Може и таа работи.. Може мрази да готви има секој што некоја работа мрази да ја прави.. Може едноставно децата ги сакаат повеќе јадењата на бабите.. И за кашичките мислам дека се и поздрави кашичките, и да купи сама дома овошје и да направи кашичка овошјето е прскано со хемикалии не е нешто поздрава опција. А за храна за бебиња што е мислам дека доста повеќе грижа се води да биде соодветна за нив..
Точно. Flower можда сијалица им држиш дома па знаеш кој увек готви а кој седи со скрстени раце. Oд кај знаеш како се договориле за обврските.
Себични и лажговци. Преку тоа не можам да поминам искрено. Секакви карактери можам да поднесам, но вакви ужасно ме нервираат.
Јас кажав какви луѓе ме нервираат. Не работи, ако ја мрзи да зготви нека си купи. Не да биде товар на постари луѓе. Девојче од една година не распознава кое е поубаво јадење.Да се има хемикали денес.Домашното е без конзерванси и на мало дете се дава домашно месо не од месара.Не знам дали си помирисал готова месна каша поодвратно нешто нема. Секој ден сме заедно ако не сме се слушаме на телефон или пишуваме.За обврските треба да се има компромис.
Не кажа баш какви луѓе те нервираат покажа директно со прст кон другарката и почна да и судиш што како треба, океј тебе тоа не ти се допаѓа и те нервираат луѓе што не сакаат да готват и тоа е сосема океј, ама нема потреба да се напаѓа некој и да се вперува прст кон него посебно не ако ти е пријател. Не секој на денешницата може да обезбеди чисто домашни производи поголем дел купуваат по месари и маркети.. Ако мислиш на каша за бебе, такви се затоа што не им ставаат сол и зачини.. Моја братучетка домашно готви на бебето не ставаше ништо внатре како што знам и велеше "незнам како го јаде ова нема никаков укус мене грдо ми е" и јас имам пробано и стварно нема вкус, е сега до колку години не јадат децата сол и не зачинета храна незнам.. Ама и тие пребираат што им е поубаво што не разбираат пример нема да јаде морков или банана и колку и да му ставаш нема да јаде, бебе е ама не е до толку глупо..
Како другиве не гледаат кај е проблемот? Баш за нервирање е. Таа не мора да готви секој ден, но срамота е постојано да чека од други. Истото важи и за мажот во обратна ситуација. Постојат и јадења што се спремаат за 10-15 минути, па времето не може секогаш да биде изговор. Домашните обврски треба да се споделуваат подеднакво, не да се фрла целиот товар врз едната страна.
Секогаш провервам шо сум пишала и тука најдов тон мои мислења and it checks out, во сржта на моето постоење, јас сум хејтер. 2013 Почнаа да ми се слатки првите ако бидам искрена. Ако нешто повториш доволно пати можи да си го изманифестираш и ќе стани вистина. Go off Queen. Вторите - ау. Ако некој сметам дека ми е близок и знам дека не е искрен со мене - инстантно ми менва чувствата за него. 2014 Се ова ми е слатко од кога сум стара и "мудра". Во принцип, јас сум цинична особа. 2016 Смајлињата ме тераат да мислам дека јадам гомна/ шејдам некој. Првото ми е забавно сега и знам да креирам таква ситуација чисто за забава. Второто мислам дека уште од такт знај да ме извади. 2017 А-у в центар. Да. 2018 Мислам дека сеуште овие работи знат да ме изнервираат. Ама, ај 2025 да апдејтнам листава оти ја барав темава за да напишам нешто. Идев да пишам дека луѓе кои не земаат насилство врз животни сериозно не само шо ме нервираат, straight up ги мразам. Мислам дека ако некогаш помош ми побара особа која ете и да не е насилник кон животни ама е apologist за насилници на животни - нема да му пружам помош и ќе му кажам точно зошто.
Луѓе на кои си помагал цел живот и психички и материјално и кога достигнале некое 'ниво' во животот не се вртат здраво да ти кажат. Луѓе кои лажат, се прости и гледаат да се натпреваруваат во животот со тебе.
Не делам пријател, роднина па и наблизок роднина да е, кога греши нема што да бранам некого.Ако не може да обезбеди ќе си купи од месара и ќе си го спреми дома.Не зборувам за зачинетоста нормално е да биде несолено. Одвратно мирисаат готовите месни каши.Еве сам кажуваш како правилно функционирала братучетката со бебето.Разговорот замина од контексот на темата. Поздрав и секое добро.
Луѓе кои си ги величат децата како им се најпаметни, најдобри на светот, она постигнале, ова, а уствари свесни се дека не се ништо посебно, ама сепак отворено си кажуваат дека нема како нив и другите луѓе се ништо,не ги интересираат. Е од овие идиоти косата ми се крева, благ ужас