Луѓе што не се свесни за својата привилегија. Пораснати во здрава средина, со добри родители, со наследен бизинс, добиен стан, а си препишуваат секакви заслуги како сами си створиле. И уште потценуваат други како не биле доволно вредни, не се труделе, ако се сакало сѐ се можело - еве они успеале... Душички
Егоистични, препотентни, лигави, нарцисоидни, дигнати, што мислат дека се недопирливи, луѓе што не знаат што е скромност, неемпатични, себични, нападни, безосетни, завидливи, злобни, намќори коишто зрачат негатива и те полнат и тебе со негатива, крвопијци, енергетски вампири.. Листата е предолга.
Најмногу ме нервираат луѓето што се појавуваат само кога имаат корист од тебе. Пред народот се дружат, зборуваат, се смеат со тебе… а кога сме сами, тишина. Лицемерие на квадрат
Пасивни, мрзливи луѓе, што им смета амбицијата и проактивноста кај останатите и според нив таквите се арогантни и самобендисани и пробуваат да ги смалат. И луѓе вработени преку партии и со врски.
Во последно многу ме нервираат луѓе одселени кои се жалат како живееле таму, како им било тешко ама морале така за да заработат, како Македонија си била убава, како им било тешко цел живот така да живеат едвај чекале Мк да дојдат. Ако си отишол за по добро направи да ти биде по добро, не мораш да штедиш таму и да живеете во една соба за кога дојдете во Мк да имате пари за фалење, ако ти е за Мк толку жал и не се снаоѓаш таму само врати се и живеј како таму 100 души во една соба пак ќе ти е по економично. И патриотите со Бугарски пасош, што мразат Бугари, ако ги мразиш што толку се залетуваш за да имаш нивен пасош.
Ме нервираат несреќни исфрустрирани душегрижници. Од оние што се знаат, што те одмеруваат од глава до пети штом се појавиш во просторија, што безобзирно искористуваат луѓе и зборат за секој позади грб. Од оние што немаат храброст во лице да ти кажат ништо, но затоа пред други си им топ тема. Ме нервираат и алчни луѓе, од оние што вечно им е малку а ме нервираат и луѓенца- фалбаџии, оние со трауми и комплекси од детство со логото на брендот на маицата и сликите од салфетката во Салвадор ... Луѓенца