Подобро прашање е кои луѓе не ме нервираат, на овие другите листата е предолга. Сезнајковци, злобни, оние што делат совети без некој да им побарал воопшто Дволични, завидливи, алчни, користољубиви, скржави, сеирџии, мрзеливи, досадни, упикувачи итн итн..
Негативни што на се гледаат негативно и тие што имаат victim mindset као сите се против нив сите на нив нешто им згрешиле а они кутритњ многу добри ….Комбинација од тие две карактеристики ми е дефиниција за ужасна личност. Најчесто таквите луѓе немаат ни пријатели ни партнер па и за тоа им е крив некој друг
Мн мразам џвакање со отворена уста ко нилски коњ, мн мразам зборување на цел глас на телефон и споменување имиња. Мн мразам гужви во автобус као небаре иде крај на светот и нема више да има наредни автобуси па да се почека наредниот. Мн мразам негативизам и негативни луѓе,уствари и отпишани и ми се таквите од мојот живот. Мн мразам лага а упорно повторувам дека ја знам целата вистина и упорно ме лажаат.
Луѓе кои мислат дека се најдобри во тоа што го работат и дека никој друг не е подобар од нив. Со синдром на Господ. И во секоја прилика се обидуваат да се воздигнат, а да ги омаловажуваат другите.
Долга е листата, не знам од кај да почнам. Луѓе што даваат (не)побарани совети и делат памет. Луѓе што мислат дека се секогаш во право и не признаваат грешка. Не гледаат проблем кај себе, секогаш другиот е крив. Луѓе што постојано само се жалат и од ништо не се задоволни, никој и ништо не им чини а не се трудат нешто да сменат. Луѓе што мислат дека сите треба да живееме и да размислуваме како нив. И најчесто мислат дека ако они не можеле или не успеале или немале храброст за нешто, ни ти нема да успееш. Луѓе што се трудат да ти го наметнат нивното мислење. Најчесто, сѐ ова иде рака под рака.
Ликови кои се лигават со тоа дека се со отворени сфаќања а само го тупат со дебилна пропаганда, се себични контраши и отфрлени од другите па вака го исфрлаат револтот во нив.