Најмногу ме нервираат дволични,лицемерни,луѓе кои се пикаат во се и сешто и луѓе кои ги преувеличуваат работите.Едноставно ми идат на живци,никако не можам да ги сварам.
Мразам луѓе кои секогаш мислат дека се најпаметни, а всушност испаѓаат многу глупави, луѓе кои мислат дека знаат се, а всушност не знаат ништо, шмизли, луѓе кои се ПРЕценуваат и луѓе кои се ПОДценуваат (кои не ги знаат своите вистински квалитети).
Епа ме нервираат 1.Самобендисан/на-секој си е самобендисан до некоја мера но има многу кои претеруваат, 2.Оговарач/ка 3.Скржав/а 4.Дволичен/на 5.Понижувач/ка .......во тој стил
Особина која највеќе ме вади од такт кај луѓето е дволичноста! Тоа е, јас мислам, најлошата карактеристика што може еден човек да ја има. Едноставно, МИ СЕ ГАДИ од таквите луѓе и искрено ги жалам и не сакам да се во моја близина. И највеќе мразам себични луѓе, скржави
Ме нервираат флегаматичните луѓе, ме нервираат фалбаџии и неклутурни луѓе. Не поднесувам луѓе без манири. Луѓе што пцијат и плукаат низ улици. намќори, луѓе што незнаат шала да сфатат Другото горе доле се трпи, ама она НЕ!
Радознали, замарачи, ФАЛБАЏИИ, САМОБЕНДИСАНИ, себични, ДВОЛИЧНИ, ВООБРАЗЕНИ, некои што секогаш се во право, КОРИСТОЉУБИВИ, некои што немаат свој карактер. Не ми текнуваат други..
многу луѓе околу мене ме нервираат поради различни особини,тешко некој да не ме нервира.Најмногу: тие што мислат дека се којзнае што и којзнае што постигнале а уствари тоа е ништо и нокој во споредба со некој друг кој си молчи,глупи луѓе што незаат што зборат и лупаат глупости безвеза мислат дека се смешни а за жалење се,што не примаат а уште помалку не слушаат ни најдобронамерни совети од страна на другарки, своеглави што знаат дека грешат а се праат како ништо да не било,себични,досадни,фалбаџии,оние што пцујат ...и да не набројувам више се нервирам што такви постојат
Ме нервираат луѓе кои имаат потреба да понижуваат некој за да се чувствуваат подобро самите. Оние кои немаат со што па се фалат со пари. Дволични. Лажни пријатели. Луѓе кои не чуваат тајни, макар и животот да им зависи од тоа.
Онакви лигли и лигуши што кога ќе те видат не пропуштаат да ти кажат - Лелееееее што убаво изгледаш, ау ептен ти е убаво ова леле леле лелееее И од коа ќе си отидеш нели прво на другарчето до нив мораат да прокоментираат, види ја како се облекла уф, или аууу колку е здебелена и остало. Ете такви. И една таква познавам и ја избегнувам многу вешто
Најмногу ме нервираат личности што со самото присуство во иста просторија како и јас, ме вознемируваат и шират негативна енергија. Ме нервираат и луѓе без смисла за хумор. Не дај Боже да се позезаш со нив. Или нема да те сфатат и ке те гледаат ко да си идиот, или ќе се навредат. Ме нервираат и луѓе кои претерано се добри со сите. Затоа што не постои човек кој е добар со сите, од старт знаеш дека се работи за глума.
Мрзливи, флегматични луѓе... луѓе турни ме да кинисам во буквална смисла на зборот. Ако нешто побараш да направат кога ќе ја направат онаа фаца-морам ли, морам баш сега, а да почекаш малце ..е тогаш ми иде да се пукам.
Мразам луѓе што се прават нешто што не се. Мразам подбуцнувачи и манипулатори. Мразам луѓе што лажат, мразам луѓе полни со сами себе кои никогаш не пропуштаат прилика да си се испофалат и преценат до небото.