1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Какви мистерии крие Македонија?

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од anastasija85, 4 декември 2010.

  1. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    Македонија крие премногу тајни кои можат да бидат цел на научни истражувања, а и своевидни туристички атракции.
    [​IMG]

    Сите македонци знаат какви се убавини поседува Македонија и од оние прочуените, а и од оние скриените кои се рај за телото и душата.
    Но, вистинското прашање е колку се знае за тоа какви се мистерии крие Македонија. Македонија можеби е најмистична земја уште од нејзините почетоци ако тоа може да се нарече уште и од античко време. За жал во Македонија не постои таква технологија со која би можеле да се испитаат ваквите феномени.Но зашто не се обрне повеке внимание на пропагандата за истите низ целиот свет. Тоа може да ни го зајакне туризмот како и да ја подобри финансиската состојба на Македонија. Еден Лох нес не е ништо посебно да не пстоеше легендата за Неси која не се знае дали е вистинита.

    Тиквешко езеро

    На прекрасното Тиквешко езеро се наогаат ,,чуда,, од риби. Порано постоела една рибарска приказна која се пренесувала со генерации дека во езерото постоеле огромни риби кои голтале цели чамци со се луѓе. И нормално ќе си речете во рибарска приказна кој верува.Така тоа останало легенда. Се до пред некоја година додека не дојде на истото езеро една словенска експедиција за друга цел за на крај да бидат толку преплашени од што се наоѓало на дното на езетото. Во Тиквешко езето постојат сомови кои се претпоставува дека се премногу стари и се ненормална големина. Има претпоставки дека најголемиот е од прилика колку некој вид на кит. Не постојат такви кранови кои би можеле да ги извададат и ако успеа да се извади еден кој беше со големина на чамец. И истиот беше поставен на плоштадот во Скопје. Бидејќи сомовите се мрзливи суштества кои само за да се прехранат излагаат на површината ја отвараат устата и чекаат нешто да влезе.Можеби ако сте на ова езеро еден ден ке видите еден ваков сом кој сигурно би ви го одземал здивот. За разлика од Неси овие сомови навистина постојат и туристите со повеќе среќа можат навистина да видат едно вакво чудно животно. Кога сме веќе кај митовте и легендите Македонскта историја е преполна со исти.Имаме толку многу волшебни шуми и пештери, гори, езера и мистични тврдини.Секое си има своја приказна и легенда исполнета со митски суштества која е убава да се чуе и како за крај убаво да се спакува и продаде.

    Планината Кожув

    Планината Кожув е полна со мистерии. Треба ли веднаш да се каже дека рудникот Алшар, на планината Кожуф кај Кавадарци, во изминативе години и децении е веќе доволно истражен за да се донесат релевантни научни заклучоци: во него во изобилство ја има талиумовата руда лорандит, која е природен детектор на "неутрино", честичка која од Сонцето до Земјата патува за 8 секунди. Со други зборови, тој единствено ги препознава реакциите што доаѓаат директно од јадрото на Сонцето.


    Лорандитот најмногу ги преокупира светските научни кругови, бидејќи станува збор за мошне редок минерал, за кој е утврдено дека во целиот свет го има единствено во Македонија и можеби уште во Шри Ланка.
    Лоцирани се 32 минералa на талиумот, од кои 17 единствено ги има во Алшар.
    Во него, исто така има и злато (некои тврдат околу 20 тони, чија вредност се проценува на околу 150 милиони евра), потоа антимон, хром и бакар.
    Денес постои само едно отворено окно, кое се наоѓа на 25 метри во планината. Ходникот е долг 300 метри, а постои и вертикален за вентилација.
    Постојат легенди за минералот лорандит кои се поврзани со Александар Македонски. Наводно, тој прв ја открил неговата моќ, па неговата фаланга ги премачкувала своите штитови со овој минерал. Во битките, кои тој ги водел секогаш точно напладне и со движење на војската од запад кон исток, се јавувал силен одблесок од штитовите кој ја заслепувал противничката војска. Со тоа и се поврзуваат успесите на Александар. Тоа, пак, се поврзува и со изгравираното сонце на нив, она од Вергина, па оттаму и култот на Македонците спрема Сонцето.
    Легендата не е начуно потврдена, само се знае дека рудникот Алшар бил активен и во антиката. Имено, при ископувањата во минатиот век се најдени рударски алатки од античкиот период, што е непобитен факт дека тогаш бил активен.
    Приказните за неверојатната моќ на лорандитот во своите уметнички дела ги прикажува и академскиот сликар Ацо Станковски, кој режираше и филм.


    Ако ова уште е мистерија сигурно не е дрвото кое вирее само на Кожув и за кои претпоставувам не сте чуле.
    Дрвото се вика Гол човек баш поради фактот што нема кора на стеблото на дрвото.Составено е само од срцевина и има боја на човечка кожа. Интересно е тоа што ова дрво ја менува својата боја.
    Кога сонцето изгрева стеблото му позеленува ,во текот на денот има боја на човечка кожа додека пак на зајдисонце поцрвенува.
     
    На Cosmic Girl, Bitter-Sweet, Katiija и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Crveno-bonbonce

    Crveno-bonbonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    10
    Навистина интересна тема
    Исто не знам дали сте слушнале ама пред некоја година во Охридско Езеро беше најден стаклен ковчек со тело од мртва принцеза (од пред неколку века или слично ама мн добро зачувана). исто и беше најдено стаклено шишенце со солзите нејзини, но за жал еден од археолозите го скршил(па бил отпуштен заради тоа).
    Во Охрид исто беа пронајдени и пирамиди слични на тие што ги пронајдоа Босна и мислам дека беше близу Ботун или можеби грешам.
    А да иначе мн сум среќна што конечно е пронајден на Беласица гробот од Александар Македонски и набрзо таа вест ќе биде објавена :rofl:
     
    На Bitter-Sweet, Sara123, MarchelineAmaru и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Lady-Sweet

    Lady-Sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    90
    Што било тоа за гробот од Аце Македонски??? ...сакам повеќе да слушнам :rofl: :P :)
     
  4. LadyBug.k

    LadyBug.k Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    13
    одлична тема :) :) колку сакам да шетам по вакви места ни цела Македонија... ама со 16 год. мрзливо друштво и нешетачки рсположени родители тешко :( :(
    со првата плата идам негде да шетнам низ македонијава <3 :D :D
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Еве неколку податоци што МОРА да ги знаете за нашата татковина!

    - Во Македонија се наоѓа единственото европско наоѓалиште на рубини.
    Дали сте знаеле дека многу скапоцени камења што можете да ги видите во светските каталози, се прокриумчарени од Прилепско. Странците го купуваат скапоцениот камен по багателни цени. Поради неупатеноста и желбата за заработка, кај Прилепчани поминала приказната дека станува збор за минералот корунд и тоа од најниска класа. Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери како што е прилепскиот сивец.

    - Македонскиот рудник “Алшар” на планината Кожув е единственото наоѓалиште во светот на талиум и потенцијален “рудник” на еколошки чиста енергија. Од 2004 год. рудникот е евидентиран како споменик на природата и дел од мрежата на “Емералд” – мрежа за заштита на природни реткости.

    - Најквалитетниот опиум на светот е македонскиот. Втор по квалитет е пакистанскиот со 7 морфиски единици, а следуваат со помали разлики останатите (колумбискиот на пример е околу 3, 5 МЕ. македонскиот е замислете 14 морфиски единици!)

    - Најславниот од сите римски патишта во најголемиот свој дел врви низ Македонија, патот – “ВИА ИГНАЦИЈА”.
    - Пештерата Пешна во Македонски Брод во “Њујорк тајмс” е опишана како идентична на измислените пештери во филмот “Господарот на прстените”.

    - Во темелите на манастирот “Св. Богородица Пречиста” (Кичевско) има дел од крстот на кој е распнат Исус Христос. Дел од крстот има и во темелите на манастирот “Св. Јован Бигорски” како и во манастирот “Св. Георгиј Победоносец” во с. Рајчица, Дебарско.

    - Гробот на славниот Грк Зорба е во градските гробишта во Бутел. Алексис Георгиос Зорба кој бил инспирација за романот “Гркот Зорба” живеел во Скопје имал жена и деца, а во 1942 починал тука.

    - Освен Мајка Тереза познати лица родени на овие простори се и таткото на модерна Турција Кемал Ататурк роден во Битола.
    - За татко на модерното воено инженерство се смета Дијад во времето на Александар Македонски измислил низа опсадни машини меѓу кои и катапултот.
    - Музиката во Македонија датира од 11 век. БОЛОЊСКИОТ ПСАЛТИР е напишан на кирилица во селото Равен Охридско, а во Охридскиот музеј се чуваат нотни писма 14 музички ракописи кои датираат од 10 до 14 век.

    - Најстарото дрво во Македонија Платанус Ориенталис во Охрид познато како Чинарот, расте од времето на Св.Климент Охридски во 9 век.

    - Најпознатата песна за Палестина и нивна химна е всушност напишана од Македонец. Панде Манојлов, новинар и писател од Битола напишал песна за Палестина во далечната 1982 год. и ја објавил во весникот “Нова Македонија” и денес истата е химна на Арапскиот свет.

    - Во МПЦ само во манастирот “Св. Ѓорѓија Победоносец” се изработуваат митри кои се мошне квалитетни и барани од епископите, не само од македонската црква, туку и пошироко. Од 2003 година до денес, монахињите имаат изработено над 150 митри што ги носат великодостоинственици на православните цркви во Америка, Африка, Русија, Грција, Украина, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора и во други држави, ерусалимскиот патријарх и вселенскиот патријарх Вартоломеј.

    - Првиот светски златен медал на македонски фотографи – Браќата Манаки во 1905 год. во Битола отвараат ново “Студио за уметничка фотографија” и учествуваат на големата светска изложба на фотографии во романскиот град Синаја 1906 година, каде освојуваат прво место и златен медал за нивната фотографска колекција.

    - Во Скопје животот континуирано трае најмалку 7000 – 8000 години. Докази се Неолитската тумба во Чаир, покрај Неолитската тумба во Маџари и неолитската населба на Скопската Тврдина.

    - Прва зоолошка градина на Балканот е во Скопје.

    - 120-те кукли во Куклица во близина на Кратово се стари 10 милиони години (а ние за малку ќе ги потопевме со вештачко езеро…)

    - Еден од преживеаните од бродот Титаник е Македонец. Стојко Додоловски од село Чучер Скопска Црна Гора. Во последен момент прекупил карта од еден поп и се качил на Титаник. Кога бродот тонел тој се фрлил во водата и се обидел да се качи на спасувачки брод, со господа кои не го пуштиле. Плутал се додека не го нашол единствениот од екипажот кој се вратил по преживеаните. Спасил 12 лица меѓу кои и Стојко.

    - Според НАСА, Кокино е 4 на листата најстари опсерватории во светот. Останатите се Abu Simbel Egypt, Stonehenge Grat Britain, Angkor Wat Cambodia. Но помалку позната е и Чочев Камен близу Кокино стара 4 милиони години и посовремена од Кокино.

    - Македонија има 34 планини, 53 езера природни и вештачки, најстарото во Европа – Охридското езеро е и најдлабоко на Балканот. Старо е 4 милиони години во него има 200 ендемски видови кој се со светска важност.

    - Во Македонија годишно се произведуваат повеќе од 135 милиони литри вино и 150 милиони литри ракија, а пиво 850 милиони литри.

    - Првата железничка пруга на Балканот Салоника – Скопје е изградена во 19-от век.

    - Анастасие I (Flavius Anastasius) византиски цар (491-518) е најзаслужен за градбите во Македонија – Самоилова тврдина, Маркови Кули, Скопско Кале и.т.н се од Јустинијан I.

    - Првата црква, првата покрстена во Европа – Македонката Лидија.
    50 година по Христа, Ап. Павле како пастир на Христијанството сакал да оди во Азија но како што се вели во Библијата и Новиот завет во “Дела апостолски 16.13 – ” пишува: Преку ноќта на Павле му се јави привид : стоеше пред него еден човек, МАКЕДОНЕЦ, кој го молеше и му велеше : Прејди во МАКЕДОНИЈА и помогни ни !
    Павле тогаш доаѓа во Македонија и основа нови цркви, по градовите – Филипи, Бер, Стоби и Охрид, со што симболично и патот на Павле е во облик на голем крст над Македонија. Првата покрстена на европско тло е Лидија Македонката од градот Тиатир која во ближниот Филипи продавала ЦРВЕНИ ткаенини. Токму црвената боја e сеприсутна низ македонскиот фолклор, ткаенини, везови но и на востаничките знамиња носени во борбите.

    - Лесновскиот Манастир е Прва монашка република на Балканот
    Во него постоело книжевното училиште – “Лесновски скрипторум” и тоа уште од половината на XI век, но и калиграфско (препишувачко) формирано во XIII век. Се до 40-тите години од XIX век во манастирот се наоѓала и најголемата библиотека на Балканот, со огромен фонд на книги и ракописи собирани од најстарите времиња и најдалечни краеви, но и создавани тука на автохтоното македонско подрачје.

    - Според археолозите и геолозите во Македонија траги на живот има уште од времето на Плиоценот, т.е пред првата ледена епоха.
    Во околината на Неготино се пронајдени коски, за кои се претпоставува дека му припаѓаат на животно старо од 2 до 10 милиони години, а човекот од Егејска Македонија е постар дури и од познатиот Неандерталец од Германија, кој се проценува на 30 000 – 100 000 години старост. Со пронајдокот од Егејска Македонија се рушат и теориите за Неандерталецот како најстар предок на човекот, особено што и други пронајдоци од најново време покажаа дека, тој бил суштество сосем различно од човекот или некаков човечки предок!

    - Првите карпести гравири создадени во Македонија и во светот пред 32 000 000
    Според наводите на Емануел Анати од Италија, директор на Светскиот архив за карпеста уметност и на францускиот академик Жан Клод, се вели дека Македонија е земја со најголем број ваков вид карпеста уметност во светски рамки. Мрежестите гравири, кои за прв пат беа откриени во местото Лас Мазил, во Франција, а во Македонија се откриени во Пелагонија, во Славишко поле – Крива Паланка, во северниот дел на кумановскиот регион, во селата Тополовиќ, Горно Кратово и во други краишта на нашата земја.

    Превземено од insomnia69.blog.mk
     
    На душленце, Bitter-Sweet, Hkikica и 6 други им се допаѓа ова.
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Пештерата Врело во Матка е исто така една голема мистерија :)
    Ако знае некој нешто повеќе нека напише, ептен ме интересира оваа пештера :^)
     
  7. martincencee

    martincencee Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    75
    Од каде таа информација си ја добила за гробот на Александар Македонски? :)Јас имам слушнато дека се верувало дека таму,ама дека е најден...сумљам искрено :^) :)
     
  8. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    92
    Aj нешто повеќе околу ова со пронајдениот ковчег со принцезата во охридско....ако знае некој нека пише, не можам да најдам податоци на интернет, а и се сомневам дека е вистина...
     
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Гробот на Александар не е скоро пронајден, од одамна, само се чува во тајност поради одредени причини, а и не верувам дека некогаш ќе биде објавено дека е пронајден, работава ко божем никој не знае каде е, а уствари сите знаат :rofl: а бога ми ако некогаш објават, можам да замислам каков хаос ќе настане :rofl:
    Македонија е убава земја и многу мистерии крие, само треба некој да ги открие :D како рудникот Алшар, посебно за рудата во него и која што е поврзана со сонцето, а се смета дека Александар со неа го премачкувал копјето за да кога напаѓал, со својот отсјај ги заслепи противниците и на тој начин да не бидат успешни во нападот.Интересна поврзаност, легенда како и да се нарече, има доста, па би било добро да се знаат, чисто ради љубопитство или информативно :D
     
    На MarchelineAmaru и Little-one им се допаѓа ова.
  10. Little-one

    Little-one Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    79
    Јас верувам дека ќе биде набрзо откриен гробот на Александар Македонски. Се сложувам дека од поодамна е позната локацијата, само потребно е да се направат испитувања и се чека повелон момент за откривање.
    Не би сакала да навлегувам многу во ова, но верувајте дека времето ќе покаже
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333



    Претпоставка е дека „Врело“, чија должина изнесува 450 м, е подлабока од 180 м, колку што е длабочината на подводна пештера во Италија, која се смета за најдлабока од ваков вид во Европа. Ако се потврди ова предвидување, Македонија ќе влезе во светската мапа како земја во која е откриена една од најдлабоките подводни пештери. Екипа се занимава со специфичен вид на нуркање под екстремно лоши услови и со специјална опрема. Тие треба да достигнат длабочина од околу 200 метри. Истражувањата ќе отвораат можности, да се предизвика интерес за научни и спортски експедиции.
    Нуркачите открија дека и по 100 метри се отвора еден амбис, широк од 30 до 50 метри, на кој засега не му се гледа крајот. Претпоставка е дека се влегува во еден огромен пештерски систем кој води во правец на Патишка Река. Од горниот дел на Врело земени се примероци од водата и од карпите што некаде се многу црни, а наместа црвени. Бојата зависи од минералите. Досега не се сретнале црни минерали, затоа земените мостри и ќе се испитуваат. Резултатите ќе им помогнат и на геолозите. Можно е да станува збор за минерал за кој досега не се знае.
    Пештерата е локалитет од светски ранг, атракција која може да привлече многу туристи. Пештерата има тесни ходници во кои може да помине само еден човек, но и места каде нуркачите можат да се одморат. Има Сала Пеони, на должина од 120 метри, се излегува како на плажа, со воздух кој не е испитан.
    Ова е на кратко што успеав да најдам
     
    На ocila, Sara123, interesna и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Miss20

    Miss20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Што мислите се наоѓа ли гробот на Александар на наша територија ?
     
  13. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    3.269
    Од каде ги знаете овие информации? :) Пренесувани од колено на колено или? :)
     
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Имам кажано некаде низ форумчево, јас знам дека се наоѓа на наша територија, а кога ќе се открие незнам, а за ова и НАТО знае, џабе не се вртел со хеликоптери на Беласица :) а би било интересно да го откријат скоро, ептен впечатливо ќе биде :D посебно за Грците :rofl: :wasntme:
     
    На Amona, Bitter-Sweet, ocila и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    - На територијата на едно струшко село се наоѓа најстарата црква во Македонија, а втора по старост во Европа. Св Богородица Пречиста. Датира од V или VI век. Претставува трокорабна базилика на три спрата, од која денес е останат само олтарот и последниот спрат.
    Долните 2 спрата се протонати во земја а е истражувано дека се полни со злато.
    Во оваа црква е венчан српскиот Цар Душан во XIII век, кој како поклон ги оставил нивите во околината кои денес се викаат „Кралеј загони“.
    Долго време за жал никој не превзел мерки за поголема истрага на ова место и откривање на уште нови работи.
    Во црковниот двор се сместени селските гробишта. Дел од нив се ископувани и се најдени најразлични предмети
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nephertiti

    Nephertiti Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    11
    Најверојатно се наоѓа во Александрија :)
     
  17. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555



    Претпоставка е дека „Врело“, чија должина изнесува 450 м, е подлабока од 180 м, колку што е длабочината на подводна пештера во Италија, која се смета за најдлабока од ваков вид во Европа. Ако се потврди ова предвидување, Македонија ќе влезе во светската мапа како земја во која е откриена една од најдлабоките подводни пештери. Екипа се занимава со специфичен вид на нуркање под екстремно лоши услови и со специјална опрема. Тие треба да достигнат длабочина од околу 200 метри. Истражувањата ќе отвораат можности, да се предизвика интерес за научни и спортски експедиции.
    Нуркачите открија дека и по 100 метри се отвора еден амбис, широк од 30 до 50 метри, на кој засега не му се гледа крајот. Претпоставка е дека се влегува во еден огромен пештерски систем кој води во правец на Патишка Река. Од горниот дел на Врело земени се примероци од водата и од карпите што некаде се многу црни, а наместа црвени. Бојата зависи од минералите. Досега не се сретнале црни минерали, затоа земените мостри и ќе се испитуваат. Резултатите ќе им помогнат и на геолозите. Можно е да станува збор за минерал за кој досега не се знае.
    Пештерата е локалитет од светски ранг, атракција која може да привлече многу туристи. Пештерата има тесни ходници во кои може да помине само еден човек, но и места каде нуркачите можат да се одморат. Има Сала Пеони, на должина од 120 метри, се излегува како на плажа, со воздух кој не е испитан.
    Ова е на кратко што успеав да најдам[/quot

    Точно е ова! :) А се смета дек аможе да се излезе кај Македонски брод или подземното езеро меѓу Охридско и Преспанско! :|
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Се сруши нашиот мит за куќата со духови кај Табана.
    Ја купил некој филан човек ,се работи активно на неа ,ни трага ни глас од духови.
    Баш штета ,колку језива беше таква недоградена.
     
  19. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Koга починал Александар , тргнале три поворки на три различни стани од светот , за да се создаде збунка кај е тој навистина погребан , две од нив се лажни , а со третата поворка биле и мајката и неговата жена. Сега за сега има само претпоставки која од нив три е вистинската , за сигурно никој не знае сеуште
     
  20. stefiy

    stefiy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    71
    да и јас имав слушнато за тоа сепак една мистерија помалку