И јас воопшто не сум задоволна од адидас не ги носев ни 6 месеци, а тие се одлепија... Иначе си носам Орка. Најзадоволна сум од нив. Имам еден пар што ги носам повеќе од 5 години. И годинава пак си зедов од Орка, ама овој пат црни.
^ Мислиш Лининг? И сестра ми има такви, супер се. И ја мислев да си купам Лининг, ама барам Најк. Не се откажувам . Ако не ми се по мерак, на пролет и за мене едни Лининг. Па не се ни скапи воопшто.
Имам два пара, едните се пума позимски доаѓаат а другите ми се црвени старки. Пумата ми се речиси 5 години а изгледаат уште како нови презадоволна сум.
Од патики никогаш доста. Повеќе патики имам, отколку штикли И јас сум презадоволна од квалитетот на Лининг патиките, едни што ми беа купени пред 5-6 години уште се во одлична состојба, ама скоро ги пензионирав оти ги утепав од носење Минатата недела на распродажба начекав едни за 1390 ден. во burgundy боја, иако не ми беше во план купување на нови патики ги земав (скоро купив нови), многу ми се допаднаа поради бојата (а и поради цената ).
Стаки, омилени летни,... Црни високи и зелени ниски. Quiksilver, омилени зимски, Адидас за трчање. и усте два три пара други
Јас имам 1 конверс,1адидас и 1 нике..имав повеќе ама повеќето ми се скинаја..аа овие 3 ми се најјомилени..
Nike Dual Fusion носам. Малце поскапи ги зедов (околу 5000), ама се најудобното нешто што ногава го осетила. Многу се лесни, имаат повисок ѓон и се ПРЕудобни. Се мислев меѓу Air Max и овие, ама Air Max многу беа тешки. Истиот модел еве го
Не сум љубител на патики, па затоа одамна не сум се подновила. Имам конверс од пред 4 години и сум презадоволна од квалитетот. До ден денес се речиси во иста состојба. Имам ваков модел само црн, а горниот дел е црвено кариран. Имам и најк црни, високи. Една зима со нив одев дека многу топлат. Исто и тие ми се од пред 3-4 години, само што малце ми напукна ѓонот одоздола. Одамна се канам да ги однесам на мајстор, ќе биде некогаш. За трчање, вежбање, планинарење и сл. имам црни, ниски скејчерс и океј се, ништо посебно. Битно вршат работа. Од овие три, најзадоволна сум од конверсот и најмногу ги носам.