New balace-от се светло сиви и со цветна внатрешност, многу ми се весели и одлични за трчање, но нe можев идентичната комбинација на бои да ја најдам.
Од никогаш не сум штедела на обувки, особено ако знам дека ќе ми служат за подолг период. Секогаш сум имала бар еден пар квалитетни патики кои ги носам со години. Спојлер Имам слични вакви и ги носам уште од средношколските денови. Бидејќи се прилично износени, сега ми се наоѓаат за до продавница или за низ населба, но се‘ уште се во добра состојба. Овие ми служат за вежбање, се‘ дури не си купам посоодветни. Манијак бев за Пума патики Истиве ги носам веќе четири години. Овие ги имам скоро две години и ги пазам ко очите. Сума сумарум, многу сум задоволна од квалитетот на патиките за кои сум платила повеќе пари. Секако, се случува да си купам и патики кои не се марка и чинат до 1 000 денари, и обично таквите ги износувам во рок од една година. Колку пари - толку музика. Моментално имам едни такви црни, кои наскоро ќе морам да ги заменам со нови. И секако, што би правела без мојата најголема љубов, старките на кои ги фукнав доларите кои ми ги даде една баба од Австралија и заради кои мајка ми ќе ме „отепаше“, ама по 6 години носење сфати дека не биле залудно потрошени. Моите високи црвени старки кои сега се веќе во керамида боја Имам и едни патики налик старки од Бершка со шлокици, погодени ми се за во лето.
Баш вчера ги видов во Sport M во ГТЦ и јас се изненадив дека ги донеле. Имаа и нешто од Asics изложено до нив, исто така одлични спортски патичиња ако некој бара.