Адидас за вежбање и се предобри и за пешачење, 3 години ги носам истите. Старките колку што се лични толку се катастрофа за стапалото, без лежиште без ништо, нив само за на кафе .
Моментално имам тегет патики Puma, бели Nike, сиви Adidas, сиви старки ниски и портокалови и црни длабоки..Сите марки и сите бои се застапени кај мене, а јас сум се запнала само за адидасот, а другите прашина фаќаат
Бидејќи не сум спортски тип, имам само едни, купени од тезга на Битпазар за 800 денари. Не ми се даваат пари за патики.
Патики немам купено од средно....и нема ни да купам бидејќи не ѓи обожувам.Носам патики само за до продавница и овие последните ми се поклон од пријателка на мајка ми...не се марка црни се со малку лаковано (елегантни)
Adidas, Nike и Nike Air Max. Одамана како ги носам овие брендови и досега ниту еден пар не ми направил некакви проблеми. А со оглед на тоа што нон-стоп сум во патики и друг вид на обувки нема во мојот плакар, другите патики кои се по 1000 ден. ги уништувам за месец дена најмногу, издржливоста и квалитетот на оригинал патиките се доста поголеми и неспоредливи во однос на првите.
Имам два пара вакви, зошто си сум јас од аниме излезена па имам само еден вид на алишта поќе пати во плакарот за секој ден. Планирам следни да земам црвени, исто вака некоја јака темна боја ако најдам или едноставни црни. За други патики и немам некој голем ќеф.
Nemozev da go najdam zenskiot model od ovie ama dosta slicni se , skoro isti minimala razlika vo gjonot moite se poniski