Зависи - имам и спортски патики кои ми служат за пешачење, трчање, па и планинарење. А имам и неколку пара интересни патичиња кои се кежуал и ги користам и за излегување. Не штедам на патики за планинарење (и општо други обувки, на пример гојзерици). Носам само удобни и квалитетни обувки, затоа што ако купам некои ефтини, нема шанси да ги издржам планинарските тури. Моментално носам Најк.
Лелеее ако ми верувате умирам за патикиии!! Имам два пара старки црвени и тегет. Два пара air max бели со тиркиз и бели со розово. Високи најк црни со сребрено знакче. Пума ниски скроз црни. Ех сеа посакувам само два пара патики... Адидас едни крем со ситни розеви цветчиња (флорал принт) и ЏОРДАНКИ!!!! Сааакааам ама во мк немам сретнато :/ некој да не видел?