Во главо спортски модели нике и адидас, но најносени ми се епадрили од пул н беар, ги купив онака дека ефтини а ми одговараат со се. На дебела гума се а горе платнени и ако најдам нешто такво пак че си купам. Најубави ми се дека идат и со фустанчиња додека овие спортскиве не знам... не сум толку модерна да ги комбирам со фустанче и сукња
Препорачајте некоја страна за "фејк" брендирани патики на фејзбук, гледам има неколку но сакам да порачам од проверена страна, фала ви
Jas nosam tos sho kje mi se bendisa So marka ili bez ne mi e vazno Vazno mi e da mi se udobni i lesni❤️
Имам едни што не се никаква марка, а ми се премногу удобни и лесни. Имам и едни од Скечерс, прекрасни на изглед и неверојатно удобни, како по облаци да одам, не жалам ни денар за нив иако беа поскапи
4-5 години купувам од Спорт М, и тоа строго модели на Адидас, другиве до сега воопшто не биле по мој вкус. Два пара си имам купено на Reebоok( aко вака се викаа?) ама поспортски модели се, од тие за трчање што ги викам јас. А не дека некогаш трчав со нив
Orka што убави модели имаа, сега веќе не..... а бев верна на ли нинг. Најк и адидас стандард, ама сега земав од reebok па да видам како ќе ми лежат на нога.
Најчесто старки, ептен ги сакам, сега си купив и зимни, многу топлат, откако станав мајка најмногу во патики сум а претходно имав само еден пар колку да ми се најдат за наваму натаму. Сега наредно се мислам за Скечерс многу фалени па може еден модел да испробам.
За тоа дали се оригинални Скечерс, ќе дознаеш кога ќе одиш лично во продавница и ако умееш да препознаеш детали кои обично се видливи и кои откриваат фалинки на копиите. Еве мала помош како да провериш точно кои се деталите на оригиналните Скечерс