Најчесто купувам патики од Reebook.Најквалитетни се дефинитивно.А да ве прашам со што ги чистите белите патики?
Да дадете предлог за патики, за дотерување така комбинација со сако, фустан широки панталони и од каде да купам?
Старки, на повеќе комбинации одговараат, јас маста им ја вадам и уживам да ги носам. На страната на Артурс има повеќе бои, оваа година па мислам дека имаат најмногу избор, пред некој ден имаа и попуст, ама кај нив често се начекува попуст.
Од коа ми влезе нога у Асикс друга патика не постои за мене. Најк и Адидас, клише ќе звучи, ама стварно вода може да им носат на Асикс. Освен тоа, пред овие две фирми се и New Balance. На балкан никад не би купил Адидас и Најк произведени у Индонезија по иста цена со оние произведени во Португалија на пример, кои ги нема кај нас...
Моментално имам само 3 пара Најк. Од нив омилени ми се Nike 720, Другите ги подарив, оти стигнав до бр 40
Јас ги перам во машина на 40 степени, ако не ти е сигурно и на 30 степени се чистат, како нови се без разлика бели, црни, шарени.
Не сум земала до сега ваков тип на патики. Обично земам повисоки бидејки ме болат нозете доколку се ниски одоздола ( тврди) Доколку некој има купувано нека пише мислење
Имам исти овакви, само машки модел, многу се лесни и удобни за носење. Не ги чувствуваш на нога. Ептен се пријатни за летни денови. Ѓонот не е до толку тврд на ногата, иако секоја поголема нерамнина и камче под тебе го чувствуваш.
Зависи какви сакаш да носиш. Јас имам овакви ниски модели на патики носено доста, класични. Адидас се пример потврди од овие. Од друга страна, тие што се за трчање со мемори пена се далеку поудобни и по меки. Би рекол дека Полото се некаде златна средина, кон потврди. Би ги споредил со Конверс. Дека се лесни, и платнени, се удобни за жешко време. Јас лето без нив не можам да замислам. На кратки панталони покласични одлично одговараат.
Моментално имам многу патики кои ги носам adidas, new balance, nike и puma. Порано многу сакав старки ама сега ич, а скоро секаде носам патики со секакви комбинации.
До сега не сум носела ваков тип на патики затоа и се двоумам. А со броевите како се? Adidas пример носам 39, Timberland 39 ми се малку големи..