Имам Ванс со тенок гон, од оние нормалните, згодни се, сакам да земам од оние на плута. Имате ли искуство како се згодни? На Конверс имам ниски супер се, а оние на плута ми се право измачување, многу незгодни за носење. Се мислам дали пак да ризикувам, од еднаш пробување не може да се процени, а освен тоа онлајн ги купувам.
Патики што коштаат не повеќе од 2000 денари, пошто ионака кај нас сè е "Б класа оригинал", како што објаснуваат нашиве експерти за обувки. А и не се далеку од вистината.. Лани купив Пума на попуст од 5000 на 3500, после два месеци и буквално 5 носења, изгледаа ко да сум автостопирал до Непал 3 ипол години.
Истото ми се случи и мене со Пума. Едната патика за неполн месец ми пукна напред како да е носена 3 години. Квалитет 0
Converse првпат со плута земав пред месец дена, и ногата ми искача од лежиште ако не ги стегнам ко окови, ултра незгодни, ексик парите требаше старите проверени класични ниски. Еве ги, and I regret this decision. За пешачење Хока клифтон 9, ништо нарочито а очекував повеќе.
И јас имам Конверс на плута, па моите капак на се и нагоре се високи, катастрофа, па тогаш се избрзав ни попуст не чекав скоро 100 евра фукнав дома стојат. Имам неколку класични маста им ја вадам исто и на Ванс класичните. Затоа се мислам дали да земам Ванс на плута да не се пак џабе фрлени пари.
А јас пак и овие твоите ги меркав пред некој месец. Вака на изглед стварно многу убави ама на нога катастрофа. Не знам дали ги имаш перено до сега ама да знаеш дека со перењето како да се стеснуваат и стануваат многу крути она платнениот материјал. Јас едната едвај ја облекувам, неколку пати ги имам перено, мислам дека се потесни ми стануваат.
Дали Некој има порачувано од stockx ,дали е ризик дасе купи ,и колку царина има например за патики од 10000 ден дали ја рачунат вкупната сума или само на патиките без поштарина .