Converse, Adidas, Nike Сега сум во план да си купам ванс Од Converse сум најзадоволна, нон стоп сум во нив, екстра се Цела година ги носам, пери носи се Адидасот ми се промашај голем, еднаш само ги носев, но така е кој купува онлајн
Можеби за друго не трошам многу, ама патиките гледа секогаш да ми се брендирани Најголем дел од денот го поминувам во нив и имам потреба од удобност на ногата. Моментално имам високи бели од Адидас и исто бели ама ниски од Пума
Спортските патики не ги носам најмногу, најчесто во некоја спортска комбинација со тренерки или слично. Омилен бренд од спортските патики ми е Nike, но и Adidas нема лоши модели. Старките ми се многу симпатични патики, многу ми се допаѓаат. Планирам да си купам наредната пролет. Какви патики носам јас? Искрено, не знам како да го објаснам терминот. Носам пошизички патики, како на пример, со некои интересни нитни, интересен принт.
Какви ќе најдам, најчесто небрендирани. И повеќе ми се допагаат машките отколку женските модели. Никогаш не сум била некој фан на патики. Е сеа штикли се друга приказна . Иначе од брендовите најмногу ми се допагаат Адидас, само затоа што се наједноставни во дизајнот, и тоа класика бело со црно. Модава со ненонски патики ич не ја сфаќам...
Имам секакви, конверс рибок најк адидас два пара лининг лакоста и сега наесен сакам уште едни лакост да си купам сите ги носам
Сега треба да купувам,па се мислам или Најк,или Адидас,ама па од Адидас ми се смачи више 2 години Адидас носам,така да Најк најверојатно.Кога ги купував Адидасот имаше едни Рибок,па една девојка незнам колкава беше ми рече дека се боље Адидасот и нив ги купив и во право беше.Фала и!