И јас вчера прв пат си купив Ванс патики, сакав платнени патики конечно да си купам, обични од сите брендови имам носено. Како си задоволна од Ванс патиките? Колку време ги носиш? По колку време ти се скинале? Како ги чистиш/переш?
Ги имам една недела скоро, и секаде ги носам, презадоволна сум, удобни се, лесни, јас патики тешко кинам, може да ги носам и по 3-4 години и гајле немам не дека се некои трајни. Последно ги извалкав од трева и се плашев да не не се исперат ама мајка ми ги стави во Ариел 2-3 саата киснеа и после во перална и се исчистија.. Инаку ако се малку извалкани помини ги со влажно марамче и готово
Фала многу за споделеното искуство, моите се темна боја не верувам многу да се валкаат освен од прашина, песок. На крајот на краиштата не се скапи, па планирам уште едни друга боја да си земам.
Адидас и Најк.Но,повеќето патики ми се Најк. Обожавам патики и мислам дека дома цела колекција имам,во секоја боја.
Моментално имам Адидас патики,црно,розево и сивко,ама воопшто не ми е битно дали се марка или не,овие ги купив бидејќи ми се свиѓаа,а не заради марката.Има и сум носела многу убави патики кои се без марка,се убави,па тоа ништо не менува
Имам 3 пара Адидас и едни сиви старки, не се Конверс на подарок ми се, ама маста им ја извадив. Овој месец планирам да си купувам нови веројатно Адидас пошто оти највеќе ми се погодуват со години.
Converse сега се сетив дека Adidas и Nike што имам земено ми стојат нови да ми ги пополнат рафтовите од плакарот само не правам веќе таква грешка