Хелоу друштво. ме интересира какви песни сакате да слушате..Што обожавате? Тони Зен,Слаткар,Аца Лукас,Мирослав Илич..или нешто сосем друго..?
Сè зависи од друштвото. Со едни: реге, дабстеп, драм енд бејз, техно, каде што јас од срце уживам и не сакам ваквите моменти да завршат. Со друго друштво, српски песни, каде што едвај издржувам да не се ми пукне филмот. Затоа и се трудам да не се случуваат вториве ситуации често, не ми лежат овие работи и тоа е тоа. Со брат ми и тато - Мизар и Архангел, па повторно уживам. А пак кога сум во свое друштво, зависи од расположението. Од песни на кои можеш душата да си ја исплачеш, помеѓу оние на кои врискаш заедно со пејачот за да ја истераш нервозата, па сè до оние на кои се отепуваш од играње и пеење.
Какви било, важно весело да е. Се шаља. Ако сум со братучедка ми и компанија, тогаш српско се рока , ако сум со најдобрата другарка нумеро уно некои балади знаеме да си зацепаме од први светски рат , ако сум со најдобрата другарка нумеро дос од се по нешто помешано, а ако сум на некое журче, роденден или слично актуелни денс хитчиња, а и не толку актуелни. А сама кога сум латино си сакам највеќе.
Зависи до друштвото. Со одредени слушам рок,метал,техно па се до рап. Е со колегиве ми мој,имаме еден шабан и принудени сме да слушаме Аца Лукас и Мирис Тамјана. И други шабани,е сега сакала- неќела морам да седам.Неможе толку лесно капут дома.Проба е во прашање
Најмногу поп..какви што се сега популарни песни такви...понекогаш забавни,а понекогаш какви што ќе ни текне..важно кога сум со друштвото,имам бар избор каква музика да слушам
Слушам поп. Но англиските песни ми се омилени. Го владеам англискиот и мило ми е што можам да ги разберам текстовите на песните. Но и музиката од овој вид секако е преубава
зависи.... Цеца,слаткар,бионсе,ЈЛо, аца лукас,тони зен..... елитни одреди (несмеам да ги заборавам тие)