1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Какви родители - такви деца

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 22 јули 2020.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Дали верувате дека,, крушата под круша паѓа,, или верувате во ,,од був , сокол може да излезе,,

    Дали кога ќе се соочите со не послушно дете, веднаш помислувате дека таквото однесување потекнува од родителите?

    Дали Вашите деца се слика на Вас или се сосема поинакви ?

    Сте се нашле ли во ситуација да не си го познаете детето со некоја негова реакција?
     
    На mal.ecka, Esmeralda-MD, Nightwish11 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    35.985
    Гени се гени, се гени:D. За некои работи е како мене слична, не иста, за некои како татко и слична ,а за некои СОСЕМ рљзлична и своја. Далеку е побунтовна но и похитра, брза некако, без да контемплира, ил па можи од пубертет е таква.8)
    За туѓи деца немам фиксиран став, не ги познавам добро како своето, но и кај нив гледам нешто родителско, нешто нивно.
    За був и сокол не знам, мене паника ме фаќа од наследни психо- физички болести, пример ако татко има шизофренија, ќе се плашам и за детето, оти сум видела на дело додека студирав такви примери.
    А иначе, може од успешен неуспешни да се испилат, и обратно, или пак од поштени луге преварантче дете, се е тоа карактер и темперамент.
    Кога ќерка не е послушна, не е од мене, јас послушна бев:D. Лажам, не е така, и јас сум била некогаш непослушна ама поинаку сум го изразувала тоа. Таа отворено се спротиставува и вели не, јас ко дете на моитр: аха да да , и после криенката моето си го правев. Мислам нејзиното е почесно , но ќе боли повеќе:fubar::fubar:
     
    На Esmeralda-MD, Nightwish11, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.197
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Ген си е ген. Ама не дека воспитувањето нема улога. Само затоа што наследило некакви карактерни особини од родителот, не значи дека не може да се научи да биде подобро.
    Јас повеќе се грижам за ситуација "од два сокола да се роди утка". Би сакала моето дете да биде поуспешно во животот од мене. Но мое е само да ја воспитам да биде добар човек, останатото апсолутно ќе зависи само од неа.
     
    На ane.bella, Esmeralda-MD, Makedonka007 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Не мислев на гените точно.
    Можеби и воведот не ми е јасен баш, ама пак се отвори еве и друга дискусија.

    Имам девиза - од не воспитани родители излегуваат не воспитани деца.

    Пред некое време шетаме и сретнуваме две девојчиња на околу 10тина години.Без никаква потреба почнаа да се закачаат со возрасни со недолични зборови за нивна возраст како ,,гитла,,...,,чибу,,...,, ај марш од тука,,

    Ми падна непријатно дури што ги слушав, а две стари баби кои седеа на клупата изреагираа ,,како мајка ти те воспитала,, на што се зададе мајката од соседната клупа и ги направи лом женичките.
    Што бараш ти децата да се добри кога еве пример каде мајката е таква.
    Велам, секоја мајка си го брани детето, ама ако е нападнато или е во опасност, ама без потреба да се развикаш на старици ,,мајки,, што можат да ти бидат, малку ми е хистерична агресија

    Ген..Носиме сите по некој од предците.
    На дедо му пиел, на татко му бил дебел, на мајка му бил лош...
    Ама сепак мислам дека децата до кај 10 години од дома си го носат воспитувањето и однесувањето надвор.Што гледа и слуша дома, тоа ќе презентира надвор.
     
    На FVP, M&M, Esmeralda-MD и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    35.985
    Тоа секако, невоспитаност раѓа невоспитаност. Ако нема од каде да видат цивилизиран однос, ќе израснат неотесани. Тешко се корегира, ама ако се сака- може.
     
    На JuLleE, Esmeralda-MD, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.197
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Е ова е баш така. Не може да има воспитано дете ако основна култура нема родителот. Ама ова нема како да се подобри, зошто никој не може да воспита туѓо дете.
     
    На Bella*, Esmeralda-MD, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Наликуваат децата на родителите во огромен процент.
    Кога некое дете е некултурно го караат. Кога е културно, браво за родителите го воспитале. Лицемерно малкуцка. :)
    За секое однесување на дете помислувам дека е од родителите.
    Ама имам преширока дефиниција за тоа што значи да си дете и некое да прави бељи и глупости, а знам дека има прекултурни родители. Едноставно е дете. За дете што седи премирно и некои родители мислат дека голема работа завршиле пошо нели се' слуша, ми е жал пошо го преплашиле до степен да не мрда за да речат за нив колку добри родители.
     
    На candy.cane, gjoker4e и simonka93 им се допаѓа ова.
  8. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Детето највеќе учи од примерот што го гледа.
    Ја имам мало дете, кое секако во рамки на возраста го воспитувам уште од сега.

    Горда сум како да е магистрирана кога ќе рече ФАЛА или ПОВЕЛИ.
    Горда сум кога ќе си ги намести патиките една до друга и ги поместува да не се на пат.
    Горда сум кога и викам ајде да ручаме ми вика - Прво да измиела раце.
    Горда сум што учи од мене и сум и пример во многу ситуации.
    Да. Од дома е воспитувањето и децата се наше огледало.
    Да. Ќе собере нешто и од околината, ама од нас ќе види како да се справи со тоа.
    Рано ми е да зборам, немам искуство за понатака ама сметам дека имам добра основа за иднината.
     
    На M&M, JuLleE, Esmeralda-MD и 21 други им се допаѓа ова.
  9. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.470
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Додека се мали учат од најблиските, роднини и познаници. Но (не)воспитувањето главно доаѓа од дома.

    После кога ќе се осамостојат и ќе се тргнат од дома, ќе се превоспитаат самите. На подобро, или на полошо. Јас сакам да верувам дека тогаш ќе дојде "од був во сокол" моментот, ако не се случил порано.
     
    На Esmeralda-MD, Nightwish11 и Dentina им се допаѓа ова.
  10. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    16.440
    Пол:
    Женски
    Родителите еднакво ги воспитуваат двете деца,ама двете деца се различни небо-земја.Мислам дека родителите можат да ги воспитаат децата до одреден степен,да ги научат на емпатија,учтивост итн ама во одреден период од животот надтежнува и карактерот на детето.
    На пр Јас мислам директноста и не е баш убава особина,ако нешто не ми се допаѓа ќе си премолчам,ама постојат личност што на ум тоа на друм.Тоа не е од воспитувањето на родителот.
     
    На Nightwish11 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    А од каде знаеш дека родителите исто ги воспитуваат децата?
    Родителите пречесто со првото се понашаат поинаку, со второто поинаку.
    Како натежнува карактерот на детето? Карактерот е сите овие работи, вклучувајќи го и воспитувањето, не може да натежне од никаде.
    Родители што израснале "лоши" деца можеш да заклучиш дека е вина од родителите по тоа што не прифаќаат одговорност, ете некако случајно нешто натежнало на детето, а тие биле супер родители. Да биле супер, прво ќе прифателе одговорност, да почнеме од тука. Досега немам сретнато родител да каже, детево ми е супер ама не знам од каде, јас сум лош родител изгледа добриот карактер му натежна. Кога детето е добро, си ја присвојуваат заслугата. Кога детето е лошо, му натежна карактерот.
     
    На CameliaMiller, gjoker4e, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    5.840
    Секој родител вика дека исто ги воспитува децата но тоа е сосема неточно. Од личен пример, осетено на своја кожа, никогаш не не воспитувале исто и самата им имам кажано ама не можеш да се докажеш.
     
    На Mami3 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    5.840
    Карактерот не се наследува така да децата воспитувањето го учат од нивните родители. Во иднина над 18години веќе можат да одберат да не бидат такви и да продолжат по друг пат доколку сакаат промена во своето однесување. Според мене многу мал процент се свесни за карактерот што го имаат и одбирањето промена. Многу од родителите не ни сфаќаат дека имаат голем удел во градењето карактер на децата и доколку некое од децата се однесуе лошо не ја гледаат вината во нив. Некој од страна им е крив или па ќе речат е гени. Иако гените немаат никаква врска со карактерот на детето.
     
    На Makedonka007 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Имаат врска и гените и тоа многу.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    5.840
    Гените за физички изглед да но за карактер не верувам, тоа е нешто што го градиме со искуства години и околина. Гените можат само да одредат зошто тоа го правиме на тој начин.
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.512
    Допаѓања:
    32.645
    Пол:
    Женски
    Воспитувањето на една личност доаѓа од дома и од самиот карактер на личноста.Јас сум од тие што ја подржува тезата крушата под круша паѓа.Голема улога игра и училиштето.Можам да кажам 60% домашно воспитување, 40% училиштето.

    Во примерот со мајката и ќерката, да сум била јас мајката, прво ќе и се завртев на ќерка ми и ќе и кажев дека тоа не е долично однесување за едно дете од 10 години спрема возрасни жени.Ќе и кажев да се извини и ќе ја натерав да си одиме дома.При тоа и јас ќе се извинев сметајќи дека нешто сум препуштила при воспитувањето.А дома ќе разговаравме од каде и се тие зборови и како така разговарала, зарем не знае што е респект.


    Се согласувам многу со поговорката
    "Шамарот што сакаш да му го удреш на детето , удри го на родителот".
     
    На Makedonka007, cresa-jagoda, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со @TeddyGrey дека децата најмногу учат од тоа што го гледаат. И кога не сме свесни, тие се снимаат. Не е само зборуваењето ако ти им велиш на децата да велат фала, а те гледаат дека ти не го правиш истото нормално дека нема да прават.
    Се трудиме колку можеме преку секојдневието да ја воспитуваме, Досега мислам дека сме на добар пат, нормално има исклучоци си има и таа моменти. Сеуште е мала нормално после и другари, другарки училиште и околината ќе имаа влијание ама мислам дека засега е супер и има добра основа

    Еве една случка што мене некако ме освести.
    Скоро беше нервозна и ја лупна вратата, и викам што правиш и ми одговори " па и тато кога е нервозен ја лупнува вратата"
    Се сетив дека пред месеци нешо мм се врати нервозен и ја лупна вратата. Месеци ејј а таа памти.
     
    На Makedonka007, candy.cane, Nightwish11 и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Имаат врска, докажано е премногу пати.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  19. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    16.440
    Пол:
    Женски
    Има милион примери каде родителите ги запоставиле своите деца,биле тешки алкохоличари,ама децата станале успешни личности.
     
    На Nightwish11 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Децата си знаат со какви маки успеале да излезат од такви средини и ако е некој успешен не значи дека не се бори со депресија или анксиозност, а јас и ти не можеме да знаеме дали е 100% среќен само затоа што надворешно е успешен.
     
    На Mami3, CameliaMiller, Dentina и 1 друга личност им се допаѓа ова.