1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Какви родители - такви деца

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 22 јули 2020.

  1. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.476
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Однесувањето на детето не е само воспитувањето иако игра голема улога.
    Генетската предиспозиција, карактерни особини, околината т.е условите во кои што расте, па и воспитувањето, се тоа си игра улога.
    Родителството е најтешка улога, треба да се справиш со сите фактори заедно.
     
    На Nightwish11 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Моиве се тотална спротивност од мене и маж ми. Јас бев многу мирна, а маж ми знаел чат пат да се закажа. Ама бил мирен. Малиот не е многу немирен, ама големиот ептен. Кога го гледам него како да го гледам еден мој братучед. Банда без команда. Можеби е таков затоа што е разгален. Прво внуче е од моја страна.
     
  3. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Господ ме чува па не дава да личам на нив.
    Фала му до небо и назад :angel:

    Последни да се нема да си дозволам на нив да личам.
     
    На Mami3 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Да, децата се огледало на родителите, без разлика дали тие се свесни за тоа. Некои навики се генетски наследни, но повеќето навики се учат- така ако роителите се однесуваат дрско, безобразно, користат непристојни зборови, во детската психо тие работи се нормализираат и прифаќаат како нормални.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.091
    Пол:
    Женски
    На тоа во каков човек ќе израсне едно дете влијаат многу фактори и нема еден дефинитивен одговор, ама дека семејството влијае најмногу, влијае.

    Почнувајќи од генетика, потоа до воспитувањето, создавањето навики кои пак се одлика на карактерот на родителите, па сѐ до условите и средината во кои расте детето а кои повторно се овозможени од семејството.

    Скоро сите, и тој што не сака да си признае и тој што уште нема согледано и мисли дека нема ништо заедничко со родителите - дејствуваме како копија на некој од родителите, ама понекогаш некој од страна подобро го согледува тоа.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Како растам се повеќе наликувам на моиве.
    Пола карактер на мајка ми, пола на татко ми, исто и со изгледот. :worried:
    Мислам дека влијаат многу во тоа каква личност ќе станеме, мене многу луѓе шо ги знаат моиве ми викаат дека сум нивна копија во секоја смисла.

    Има смисла во узречицава "какви родители такви деца" според мене...
     
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    Ух темава..со моите колку што сум слична толку и сум различна.
    Јарец и Шкорпија се.Двајцата се тежок инает и мојот инат е наследен од нив, не знам што уште не сфатиле :?:
    Доста често си контрираме меѓу себе.И јас со нив и они меѓу себе.
    Имам некои карактерни особини ма татко ми и некои слични навики како него кои мајка ми ја вадат од такт.
    Многу работи кои ме имаат научено до сега ги применувам, некои не :D
    Имаат доста знаење и искуство за некои работи за кои можат да помогнат.
    Некогаш везе си немаат и само ме нервираат.
    Јас каква год и да сум, рака на срце моите даваа и даваат сеуште се од себе што подобро да ме воспитаат и да ме насочат на прав пат.
    Некогаш методите и пристапот им се лоши и доаѓа до конфликт али знам дека добро ми мислат.
    И јас у принцип колку и да им личам дека не се замарам со нив, си ги сакам.
    Тоа ,,крушата под круша паѓа” до вода до негде, крв није вода!Сите глупости што ги имам направено, сите грешки итн итн се мои и само мои и моите уопште немаат поврзаност со тоа бидејќи ме воспитуваат да сум добра, чесна, вредна.Ама мене кога ќе ми текне да у**рам нешто..
    Некогаш кога се караме ми викаат ,,изгледа не сме те воспитале како што треба”.А благе везе нема.Јас сум како коњ, само напред гледами терам по свое макар и да знам дека на крај ќе се изгорам.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.