1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Какви се газдите во Македонија?

Дискусија во 'На работното место' започната од Tanjamm, 20 декември 2016.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.677
    Допаѓања:
    12.172
    Ваква тема мислам нема и еве да си кажеме какви се газдите кај нас. Јас мислам дека на работникот му даваат трошки и го манипулираат колку што можат. Немаат свест и совест. Вие што мислите?
     
    На cresa-jagoda, Belabelinakinder, Arthur и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.768
    Пол:
    Женски
    Не се сите исти. Има сеуште добри луѓе кои едноставно очекуваат од вработените да дојдат на работа и да го сработат тоа за кое се платени.
    Најчесто за жал повеќето "газди" се алчни и лакоми, па кратејќи од залакот на работникот мислат дека ќе добијат повеќе, но губат. Вработените треба да се почитуваат и да им се даде до знаење тоа. Од друга страна пак тоа може да се злоупотреби од страна на работникот, да си мисли дека е незаменлив и се така во круг.
    Со големата миграција надвор од Македонија се намали и понудата на пазарот на труд, така да се нема голем избор.
    Тоа што законите не функционираат како и каде што треба е дополнително отежнување на грбот на работникот. Всушност секогаш удира по работникот кај нас.
    Синдикатот никаде го нема. Многу време не сум слушнала да се изборат или да предложат нешто за подобрување на тоа поле.
    Треба промена на колективната свест, па да тргнат работите нагоре.
     
    На cresa-jagoda, NOVAVON, PaLaVa и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.677
    Допаѓања:
    12.172
    Точно, ако не го почитуваат добриот работник ќе изгубат, а на крај ќе губи компанијата.
     
  4. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.447
    Допаѓања:
    48.206
    Пол:
    Женски
    Јас до сега не сум имала некои непријатности во приватниве фирми кај што имам работено ако можат така да се наречат.
    Првото работно искуство ми беше во нотарска канцеларија каде нотарката имаше исклучително коректен однос со нас вработените, со тоа што беше дистанцирана немаше пиење кафе заедно со нас и трачање но од друга страна немаше ни иживљавање. Работно време се знае до кога е плата исто така се знаеше на која дата се зима со тоа што понекогаш знаела да даде ден два порано некогаш ден два покасно. Одмор како и во секоја приватна фирма ограничен со тоа што за празниците за Нова Година имавме колективен одмор до 8 јануари а летен одмор 10 дена само да ги искористиш како сакаш.

    Имам работено и во адвокатска канцеларија каде најголем проблем имав со самата адвокатка и нејзиниот лош нарав отколку во самата работна комуникација па затоа сама си заминав после 6 месеци работа.

    Моментално повторно работам во приватна фирма и не можам да се пожалам ни од работата ни од газдарицата. Иако работам 9 саати наместо регуларните 8 како и сите други, со газдарицата сите имаме одличен однос а тоа е заслуга на нејзе која со сите е поставена скроз пријателски и не ја осекаме таа тензија кога ке влезе во канцеларија да треба да се тресеме. Плата дава редовно и навистина секоја чест што дефинитивно никому не сака да остане должна ни денар. Платата според мене е и повеке од задоволителна за наши стандарди иако нормално може да биде и поголема, кој не би сакал повеке пари. Сепак и вака сум задоволна што имам доволно секој месец да си тргам за во касичка по 100 евра а сепак да не трпам за други работи од типот на шетања и гардероби купување. Исто така к-15 регуларно си давале сите на крај на година таман да се почастиме а притоа не го барале назад како на други места што знаат да направат. Е сега како и во сите приватни фирми нормално не важат за нас правилата како за тие во државни фирми, па со слободни денови сме ограничени немаме одмор од 20 и кусур денови, ако се разболиш освен ако не си ептен на умирање нема боледување ке си идеш така на работа и се молиш бога да го прегураш денот, прекуврмено ако треба да останеш нормално не ти е платено пошто муабетот на тоа е- Ти беше кажано на интеврју дека ако има потреба ке се останува и покасно на работа и ако има потреба ке се доага и на празнци на работа, па така да мислам дека ова се едните од најголемите недостатоци од работењето за приватњаци. Али на крајот од денот си викаш боље така него да седам дома без денар во џеб и да молам од дома за еден одмор или за една пијачка. Би било убаво кога и за нас приватњаците би важеле истите правила ко за тие со државна работа па и ние малце раат да видиме.

    Лично мене како едно од најголемите достигнувања во сите овие работи е тоа што сите три си ги најдов сама на оглас без тегање врски, без партиски муабет, без вртење по ојле и дојле, што во денешно време е реткост некој да каже дека сам си нашол работа без тегнење на познаници.
     
    На cresa-jagoda, NOVAVON, Victorian и 11 други им се допаѓа ова.
  5. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Како Заев се кој што на вработените ги држи во шише и им дава 8000 ден плата .А за време на избори лаже дека ќе дадел 30000 ден просечна плата хаха
    Ете такви се македонските газди за жал !
     
    На Arthur, Momichka и КикиМаус им се допаѓа ова.
  6. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.105
    Допаѓања:
    50.317
    Пол:
    Женски
    Скржави не им се даваат пари. Бар јас за сега таков впечаток сум добила..
     
    На Arthur, Tanjamm, veren и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.254
    Допаѓања:
    40.367
    Недоволно тепани, ако ме прашувате мене... :smoke:
     
    На cresa-jagoda, Bender Rodriguez, Emy867 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.270
    со голо газе риби сакаат да фаќаат :)
     
    На Arthur, Tanjamm и elimkd им се допаѓа ова.
  9. EdnaDevojka21

    EdnaDevojka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2016
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    895
    Пол:
    Женски
    Toтална 0 !!!!!!!!!!
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  10. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    627
    Пол:
    Машки
    Тотални бездушници кои заработуваат чесни (од профитот на самата фирма), но и нечесни пари (максимална експлоатација на работникот, мобинг и сл.). Во една прилика (конкретно газдата НЕ, ама еден од ''поглавните'') му барав ситни пари за да имам да враќам на муштерии и по 5 мин. ми звони на тел. Ела ваму 50 денари одпоќе ти имам дадено. Му велам: "Таман ми даде", (а си ги изброја парите и навистина точно ми даде). Плус вика на телефон, "ама не мене ми фалат мора да се кај тебе". Не е работата за 50 денари, ама ми дојде во моментот со металната 50 денарка по гла да го акнам. А, платата таму минимална, плус секој викенд (петок, саб, нед),работното време беше минимум 12 h. (еднаш и 14h имам останато).
    A, ретко се наоѓаат великодушни газди кои плаќаат соодветно.
     
    На Victorian, Tanjamm, JollyGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. bebuf17

    bebuf17 Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2016
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Работев по 10 часа секој ден без слободен ден, и во шанк и келнерка и на крај ја чистев цела сала, ми ветуваше 250€ плата, а кога дојде ден за плата ми даде само 150. Ја оставив работата истиот ден..
     
    На Arthur и ADOKI им се допаѓа ова.
  12. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    955
    Допаѓања:
    3.307
    Пол:
    Женски
    Замислени се во некој фазон како да владеат со светот. Ја искористуваат економската криза заради која работниците се приморани да останат во таа фирма и лечат лични фрустарии/комплекси врз нив. Мајтап настрана еден дури на фејбук се имаше потпишано LordStark така нешто :^)
     
    На PaLaVa, Victorian, Arthur и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.702
    Допаѓања:
    172.555
    Пол:
    Женски
    Зависи од газда до газда..и неговата желба фирмата да му биде успешна...
    Се имам најдено и од двете страни (иако на едната малку индиректно) и од моја перспектива би рекла нешто..
    Големите фирми и малите фирми створени со капитал на транзициски богаташи се најлоши за работа.. Газдите ретко ги гледаш, но условите кои ги наметнуваат се убиствени..
    А тогаш кога ќе ги видиш (најчесто со лош повод) - се низ нос ќе ти извадат..
    Од друга страна пак, тврдам дека има исклучоци и тоа најчесто во помали фирми..
    Во времето кога сум била од страна на послодавец, секогаш сум гледала да стојам цврсто на земја и да не ги гледам работите од висина..Сите прават попис, попис правам и јас. Има премногу роба и знаеме дека нема да стигнат сами да ја средат, засукувам ракави и работам и повеќе од нив..Ако седиш и гледаш, само фрустрирани вработени ќе видиш..
    Платите се такви какви што се, просек од целата индустрија, ни највисоки ни најниски, некогаш и да сакаш да дадеш повисоки, приходите се тие, расходи има еден куп - глава боли, секој ден измислуваат нови давачки, секој месец качуваат цена на горива...тоа што пред некој месец чинело 200 ден, денес е 203 ама ќе стиснеш заби и 200 ќе остане..
    За Н.Г сите вработени со деца добиваат пакетчиња, а возрасните пред Н.Г 2000 ден бонус за новогодишна трпеза (не е многу, ама ете на нив им значи), за родендени сите добиваат торта, се нарачува скара и се издвојува 1 час наместо 30 мин за пауза и се слави..
    Пред некоја год имаше случај на болно дете на вработен, остатокот од потребната сума ја донираше фирмата..ем детето здраво, ем вработениот среќен..
    Ако некој има проблем, знаат каде прво да се обратат..ако треба и во ниедно време, што е итно, итно е!
    И ова не го пишувам за да фалам одредена фирма на која што ни име не и спомнав, туку се обидов да ги доловам моментите кои сум увидела дека конкретно тие вработени ги прават помотивирани за работа и посреќни..Малите детали кои покажуваат дека мислиш на вработените, често ги прави помотивирани - барем оние на кои им се работи..
    Таа фирма функционира како едно пошироко семејство не затоа што има голем капитал или одвише пари за фрлање, туку затоа што газдите се поставени на тој начин..
    Не дека нема моменти кога ќе оди некој од газдите и ќе глуми авторитет, но такви ситуации не знам ни еднаш годишно дали имало..

    Биди човек пред да бидеш газда..!
     
    На shekerna, anjathesaint, Annath и 26 други им се допаѓа ова.
  14. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.078
    Пол:
    Машки
    Би рекол само едно гоолемо Браво за таквите газди навистина,а и така треба
     
    На shekerna, cresa-jagoda, NOVAVON и 6 други им се допаѓа ова.
  15. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Газдии?копачи се тоа нема газди кај нас,умреа некогашните прави газди.Овие ново компоновани газди се тотална утка за опшеството.
     
    На elimkd, Arthur, Summerlover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    3.901
    Допаѓања:
    68.682
    Пол:
    Женски
    Првиот газда што ми беше никогаш не го видов ама викаат фин човек бил. :lol: Плата секогаш на време добивавме најкасно што сме добиле плата било 5ти. Додека сега кај што сум можам да кажам дека Господ на погрешно место дал пари и среќа. Човекот е тотално неодговорен и толку неписмен што ми се плаче од мака. Со платата секогаш касни понекогаш и по 25 дена. Никогаш не сме затвориле канцеларија точно на време секогаш остануваме до покасно и ако побараш да излезеш порано одма тумка како еднаш не сме останале до покасно на работа.
    Иначе сметам дека во Македонија газдите гледаат колку што можат максимално да те искористат и тоа е дел од наша кривица за да не изгубиме работа сите викаме ќути добро е. Се додека не знаеме да си го цениме трудот секогаш ќе работиме за мизерни 200 евра.
    Татко ми исто има фирма од вработени ја има само мајка ми, ама затоа за нг на дечињата им купува пакетчиња. За други празници исто им поклонува нешто на дечињата чисто да се одбележи празникот.
     
    На Aleksandar1212, Arthur и Tanjamm им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Зависи каков ќе ти се погоди и колку е запознаен со ситуацијата, како знае да го води бизнисот и да размислува од аспект и на работникот.
    За жал има многу самоуки газди кои немаат појма од работење и се неодговорни и мислат дека работникот ќе биде роб или нема плата.
     
    На Arthur, Tanjamm и macka91 им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.677
    Допаѓања:
    12.172
    Сепак те користат во максимум, а те плаќаат најмалку што може. Немаат осет за реалност. Многу често во фирмите има луѓе кои работат колку да не ги избркаат, а сепак ги толерираат, додека друг дава максимум и пак нема привилегии. Само што разликата е кога тој вредниот ќе си замине, во работниот процес ќе имаат кратер.
     
    На PaLaVa, Arthur и "Zoki" им се допаѓа ова.
  19. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Сите се различни али поголемиот дел од газдите се катастрофа!!
    Нема да те пријавува а ти кажува дека ќе те пријави или пријавен си ЛАЗГОВЦИ!
    За празници ќе каже работите до 3 на полноќ и на крај не ти плаќа за тие плус саати и ти се дере зашто нема муштерии или те казнува зашто си седнал на 5 мин!
    Значи со еден збор секакви ги има!
    За жал
     
    На PaLaVa, Ники. и Tanjamm им се допаѓа ова.
  20. Ники.

    Ники. Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2016
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    1.266
    Пол:
    Женски
    Истото..од збор до збор..