Zavisi sum imala gazda top labav,pameten,kompromisen,obrazovan i sefica prosta iskoristoljubliva ucenuvacka sto znae deka zivees od nejzibata takanarecena plata mizerna i so toa ti se kacuva na glava i te gazi.Vo princip taka funkcioniraat rabotite kaj nas tie sto rabotat za mizerna plata najmnogu gi gazat takvite govda od luge ko gore opisanata gospoga
Ретко сакам да си имам работа со македонски клиенти, ама кога си имам веднаш се каам. За тие малку пари што ти ги даваат, пошо ги малуваш цените за нив не дупло, тродупло! ти се прават не знам што газди. И во се' се разбираат, нема што, не знам тогаш зошто не си вклучат пеинт и самите да си направат.
Особините и вредностите кои еден човек ги носи со себе,ги носи и дома и на улица и на работа. Ако некој со себе влече комплекси и предрасуди,уште повеќе ќе ги истакнува ако самата позиција му го дозволува истото. Кога некој е човек во вистинска смисла на зборот и има развиено чувство на емпатија,позицијата ништо не му менува. На прашањево,т.е.темава мислам дека одговорот би бил каков човек си,таков газда или шеф ќе бидеш.Не треба да се генерализира,а незадоволни работници кои гледаат да фатат кривини и незадоволни шефови со претерани барања,секогаш имало и ќе има.
Точно така Орхидеја, се е до менталната конституција на човекот и вредностите кои ги има вкоренето во себе. Меѓутоа во Македонија проблемот со надмени и исфрустрирани шефови и газди според мене доаѓа од таму што ние сме доста сиромашна земја, па некој кога ќе се докопа до некој денар повеќе и фирма во македонски услови такви какви што се, си мисли го фатил Господ за брада па буквално од покондуреност не знае што да направи и во најголем број случаи се глупира и покажува надмоќ над оние кои како ''зависат'' од него. Нередовни плати, неразумен број работни часови, ниедна прекувремена минута платена, нема празник, нема делник, одмор? - далеку било, мобинг... Се' ова е нормално кај македонските работодавачи, нажалост. А и не само кај нив, туку и кај оние кои директоруваат во државни институции. Таквите се па уште појадни. На готово чучнале во фотељи и сега видете ме кој/а сум. Не за џабе рекле - Дај му моќ и пари на човек за да му видиш паметот.
Колку кај нас некои работи не се у ред и се наопачки или накриво поставени, кажува и зборот „газда“ од насловот на темата. Човек на човека не може да му биде газда - може да му биде само работодавач или претпоставен. „Газда“ укажува на нечија лична сопственост, божем газдава стварно те поседува, како да си роб или некој предмет. А тоа што некои работодавачи стварно и се однесуваат така, како и фактот што и ние сме го прифатиле тоа како нешто нормално, па уште и си ги викаме „газди“, кажува доволно каква е ситуацијата на пазарот на трудот кај нас. И друга ствар што ме вади од кожа - од кога ствари кои се загарантирани со закон, како редовна плата, К-15, 8-часовно работно време, платено прекувремено и сл., станаа нешто што е за фалење? „Еееј, супер ми е фирмава, газдава дава плата секој месец, ретко кога работиме поише од 8 саати, а башка и К-15 ни даде годинава и замисли, не моравме да го вратиме!“ Wow, звучи како работа од соништата. Се додека се радуваме и фалиме со работи кои у ствари не следуваат и би требало да ни се загарантирани и се додека нашите „газди“ не ни ги овозможуваат ни нив, нешто ќе шкрипи во газдинството наречено Македонија. И да, ситуацијата е за никаде, ама колку што се криви „газдите“, толку сме криви и ние, „робовите“.
Мојава газдарица ми е ептеен погодена Плата најкасно до 5ти пуштена, к15 обавезно, 8ми март поклончиња, за Велигден табли јајца и боја ни праќа За Нова год. на сите колешки со деца пакетчиња. Опуштена и кул жена, иако ретко доаѓа тоа го прави за да пиеме кафе,се зезаме (не е од мојот град), по тел стално се слушаме да не ни е ладно,да не ни треба нешто.. Не нè гледа "од високо" жената што е многу важно,не е вообразена воопшто, стално ни вика "не сум јас газда, вие сте, објектот е на вас оставен (доаѓа мнооогу ретко) и имам апсолутна доверба во вас" И не ја злоупотребуваме таа доверба.
Без добар работник газдата е никој и ништо. Таквите треба да се ценат, а не да се третираат како дебили. Кај нас имаме пореметен систем на вредности.
Првокласни експлоататори во 90% од случаите! Прејака мисла, вришти од точност: People quit their boss, not their job!
Сега сфаќам колку уствари се супер, од коа бев на интервју уште на две места. Таму беше од бетер - побетер. Или си непријавен или имаш трета смена, или и двете...Лудило.. Ќе му купам диплома на газдата за најдобар газда!! Само уште да покачеше плата и супер ќе беше Пријавена, не ми праат проблем, ама ете финансиите се проблем. Али по она што го видов денес и у средата, топ се!
Минативе два дена бев демек за на работа кај „газда“ на мини хотел&ресторан на кој струјата му ја исклучиле во објектот пред неколку месеци, кој на смена која ја одработив од 08h-16:45h ми вели, бидејќи си близу (демек блиску живееш), одмори и дојди кун 19:15-19:30 за вечерата со очекување до 00 (до фајронт) да му седам, а плата 10.000 ден., слободен ден од јуни-крај на август не ни сонувај, инаку слободни денови два во месецот. И плус кога на паузата ги слушнав другите дека пола плата од март пред два дена ја зеле... А, минимум 30 мин. ми збореше за условите демек како треба да работам. И каде се видело келнер и шанкер 2 in 1 за плата од 10 000?
Леле ужас. За Охрид не ми се веруваше дека ги плаќаат и пријавуваат на минималец келнерите во хотелите. Не знам дали е вистина, ама ако е така е многу лошо затоа што газдите се полни со пари. Штета. Повеќето газди се такви, Ти даваат најмалку што може и те убедуваат дека ти е доволно.
Секој газда гледа максимално да те исцеди. Било добар или лош. Ќе ти даде можеби повисока плата ама затоа може душата да ти ја извади. А газди се благодарение на нас работниците. Ние ќе работиме, а тие се газди ќе шетаат. А и нема некои големи газди во држава. Секој што отворил фирма и вработил неколку лица влегува во филм. Газда е и толку. Вади душата некому и газда си.
Со еден збор вистински . Тоа е се што можам да кажам за поголемиот број на газди во Македонија! За жал.