Девојки еве нешто за тоа какви сте кога се лутите,па прочитајте си за својот знак и прокоментирајте дали е вистина Спојлер Ако има ваква тема заклучете ја ОВЕН : Како претставник на огнените знаци Овенот има краток фитил. Во состојба е да го разбесни и најмала ситница, а секоја навреда ја доживува како напад на сопственото его. Владетелот Марс го прави нестрплив и агресивен; брзо се лути но уште побрзо и простува. Неговите напади на бес се бурни; Овенот црвенее, беснее, урла но во следниот момент се заборава и се претвора во јагне. БИК : Бикот е земјен знак и тоа му дава трпение. Некој би помислил дека е во состојба да трпи и додека некој му се качува на глава, но и не е баш така. Вистина е дека никој нема такви живци како што има Бикот , но кога ќе се изнервира не е воопшто пријатно да се биде во негова близина – кога ќе му догори фитилот се претвара во вулкан. Поради тоа на сите им се советува да не го злоупотребуваат неговото трпение, а ако го направат тоа- да бегаат колку што ги држат нозете. БЛИЗНАЦИ : Како воздушен знак, Близнаците се исклучително интелигентни и хиперактивни. Немаат испади на бес и хистерија, но ако се изнервираат ќе возвратат бирајќи ги внимателно зборовите со желба да го надмудрат противникот, но претходно ќе ја проценат ситуацијата за да се сигурни дека кавгата нема да им нашкоди на нивните интереси. Брзо се одлутуваат зошто се водат со логика и разум и не прават проблеми таму каде што би имале корист. Својата нервоза ја лечат слушајќи гласна музика. РАК : Ракот постојано се грижи за нешто и размислува зошто всушност се изнервирал и што е вистинската причина, но ретко има изливи на бес. Ја собира лутината во себе, а се лечи со пливање или пиење. Никогаш не реагира веднаш, но ќе ја искористи секоја прилика детално да му долови на противникот што се морал да истрпи. Ваквото задржување на лутината кај Ракот може да предизвика разни психосоматски проблеми. ЛАВ : Како и останатите огнени знаци, Лавовите се експлозивни, но не колку Овенот . Раздразлив е, но и тие после некое време забораваат и преминуваат преку тоа. Лавот реагира веднаш и аргументирано. Умее и да попушти ако види дека згрешил, но како егоцентрик кој не сака караници ќе си го тера своето додека не го истера тоа што го замислил. ДЕВИЦА : Девицата се смета за најсмирен знак во Зодијакот. Максимално се контролира и свесна е за секој свој збор и постапка, па како таква ретко псуе или е непристојна. Ги контролира емоциите и има убави манири, и премногу е “културна” за отворено да покаже незадоволство; а секогаш е незадоволна. Ги смирува нервите читајќи книга и слушајќи музика дома или во ресторан; а поради таквото криење на лутината со годините станува депресивна. Ако смета дека згрешила или претерала веднаш ќе се извини. ВАГА : Вагата се труди да не се нервира или барем да ја прикрие нервозата. Ја погодуваат свакакви ситници (на пример, сте ја погледнале студено), а кога ќе сфати дека со часови се лутела без причина ќе почне да се мази и врти околу Вас за да Ве одоброволи. Максимум на нејзиниот бес е да се сврти и да си замине зошто нејзината дипломатска црта во карактерот не и дозволува да се кара. Дури и во сериозни врски Вагата нема да беснее, туку ќе го натера партнерот сам да си замине. ШКОРПИЈА : Шкорпијата е вистинска лутка и не и треба многу за да се налути. Прво почнува да провоцира и секогаш е спремна и на ниске удари. Потоа следи река псовки, навреди, а понекогаш е во состојба и да физички да го нападне оној кој и предизвикал бес. За ситуацијата да биде уште полоша- тоа не е доволно туку мора да го задоволи и својот осветољубив нагон, па после ваквите сцени работата не е готова, туку ќе кова план за одмазда. Стрпливо го чека вистинскиот момент за својата отровна одмазда. СТРЕЛЕЦ : Стрелецот главно им кине живци на луѓето околу себе, зошто обично кажува што мисли и кога никој ништо не го прашува. Кога ќе се изнервира потполно е непредвидлив- може ладнокрвно да ја соопшти својата порака без кавги, или да искрши се околу себе од бес - да псуе, вика и крши по дома. ЈАРЕЦ : Дисциплинирани се и организирани. Јарецот максимално се контролира и се труди да не се разбесни, но ако се изнервира ќе галами и нема да се смирува со денови. Но, со цел за добри односи со околината спремен е за отстапки, иако има нагон се секогаш да биде по негово. Умее да е многу непријатен доколку се почувствува загрозен, оди од една во друга крајност – кога ќе Ве отпише, знајте дека тоа е засекогаш и нема втора шанса. ВОДОЛИЈА : Лесно се лути но и брзо заборава; „како што дува ветерот“ е нејзино мото. Се лути кога почувствува дека некој и ја одзема слободата или дека некој се сомнева во неа. Мисли дека се знае најдобро, сака да соли памет и да биде самостојна и своја. Крие од другите кога е повредена, а тогаш е најопасна - спремна на агресија и одмазда. РИБИ : Рибите се пречувствителни, се сфаќаат лично и затоа често се лутат. Постојано менуваат расположенија и не знаат што сакаат, но знаат што не сакаат; затоа ги невира и лути кога некој пробува да им помогне во донесувањето на некоја одлука. Но Рибите најчесто својот бес го задржуваат за себе, што е лошо бидејќи поради тоа подоцна паѓаат во депресија. И кога се караат не се злонамерни, а ако им се извините, се ќе заборават За јарец според мене е точно,јас се трудам да не разбеснам и многу пати попуштам,ама кога нешто ќе речам крај останува отпишано засекогаш
Јас сум бик и можам да кажам дека е 100% точно барем кога се однесува на мене,за др не знам. Kога сум лута подобро е да нема никој во моја близина зашто може да настрада
Последното за извинувањето е точно, а другото па и не баш, јас сум многу избувлива Ама ако нешто се налутам, изнервирам пред јавност, не избувнувам одма, имам манири како што пишува ама морам нешто да промрчам Точно е дека ретко сум непристојна се трудам да држам култура на ниво, но некогаш не можам да си совладам напади на избувливост Горе-доле 50% е точно за мене, поздрав за сите Девици
^ И јас сум Девица Па и не се сложувам во целост со напишаното.Знам да избувнам но кога стварно ке сум лута меѓутоа за глупости не.Кога не сум задоволна, го искажувам тоа и не сум секогаш незадоволна .Другото може да пројде . Позз Девици
СТРЕЛЕЦ : Стрелецот главно им кине живци на луѓето околу себе, зошто обично кажува што мисли и кога никој ништо не го прашува. Кога ќе се изнервира потполно е непредвидлив- може ладнокрвно да ја соопшти својата порака без кавги, или да искрши се околу себе од бес - да псуе, вика и крши по дома. хммм.. па можеби, нз
Скоро се е точно ,но не е дека кријам од другите кога сум повредена,и дека тогаш сум најопасна спремна за агресија и одмазда само оваа реченица не е точна а инаку се е др точно
Јас сум овен и ова што го пишува е карактеристично за мене брзо се лутам,секоја навреда ја доживувам премногу сериозно и го сметам за напад кон мене,но од друга страна пак многу брзо ми поминува.Ваквото лутење го сметам за моја најголема маана!
Мене самиот поим "втора шанса" ми е банален и за мене тоа не постои. И кога советувам некој секогаш велам дека тоа што поминало има причина зошто. Кога некој максимално ќе ме повреди, секоја средба ќе биде на лошо , нема никогаш да простам и нема да заборавам иако после на пр. 1 година ќе можам да се дружам, само доколку сум приморана. И никогаш нема да бидам дволична во тоа другарство туку јасно ќе си пристапам. ( ова ми се има случено само од една особа која цел живот ќе и го памтам). Притоа не се лутам за ситници или озборувања... За многу ГОЛЕМИ нешта.
и јас сум јарец и стварно е така, нема лицемерие, или те сакам и се друзам со тебе или не постоис за мене и тоа е тоа
Делумно ме опиша. Знам да бидам многу толерантна и трпелива, ама ако некој ја премина секоја граница, знам да бидам и многу незгодна. Особено кога ќе ме нападнат пмс симптомите - знам да експлодирам, да викам по секого без некоја посебна причина и тешко можам да се контролирам. Сега почнувам нешто со јогава да балансирам малку, да не се нервирам и да избројам до 10 пред да преземам било каква акција
Епа вака, кога се лутам и карам работите ги анализирам во крајност, секогаш се контролирам и сакам расправата да остане до крај смирена дискусија. Избувлива сум но се контролирам и се трудам да останам смирена. Ептен некогаш ако некој прави будала од мене и ми се смее во лице е тогаш ги сечам влакната од јазик. Ретко кога ќе започнам караница, секогаш забележувам се до детал, собирам во мене и си ќутам па кога некој ќе ми рипне, однапред си имам подготвен материјал да се одбранам . Таква сум ти јас. И за раковите ептен ептен погодено, дечко ми е таков и многу му ја мразам таа карактеристика.
И тоа како. Ќе се трпи,ќе се трпи, ама кога ми згазне некој на нерв, тешко нему. Не ми се свиѓа баш оваа особина, само сакам да сум трпелива, без да ми пуца филмот, ама што е туј е
Речиси се е точно, освен делот (за мене лично) каде што пишува дека после некое време преминуваат преку тоа, лично јас баш и не заборавам така лесно, а последниот дел дека го тераме свопето додека не го истераме е сосема точно. Јас сум типичен пример за тоа.
ЛАВ : Како и останатите огнени знаци, Лавовите се експлозивни, но не колку Овенот . Раздразлив е, но и тие после некое време забораваат и преминуваат преку тоа. Лавот реагира веднаш и аргументирано. Умее и да попушти ако види дека згрешил, но како егоцентрик кој не сака караници ќе си го тера своето додека не го истера тоа што го замислил. точно ...само лошото е што јас лично заборавам работи и кои е се баш за заборавање и преминување преку нив... и секако не е исто после тоа...направеното не се заборава...
^^Сосема се сложувам со тебе, Тенкаи. И јас не мислам дека забораваме толку лесно. Јас можеби некое време ќе го преќутам нештото, ама јас не сум јас ако го заборавам, макар и за временски период од години да се работи. Тоа што ме заболело никогаш не го заборавам.
Потврдувам. Секогаш се расправам така да противникот се збуни и да го надмудрам, а и лутината не ме држи долго. А посебно точна е последната реченица.