Ние ракчињата држиме ли држиме лутина ама кога ќе избие на површина тешко на околината ни сами не знаеме што сакаме и искрено некогаш за без врска се лутиме непотребно ако не сме центар во семејството и друштвото
Точно за лавовите.. но не секогаш значи дека кратко не држи лутината, ако не фати инает ко што ме фаќа мене можиме и времиња да се лутиме за глупости.
БЛИЗНАЦИ : Како воздушен знак, Близнаците се исклучително интелигентни и хиперактивни. Немаат испади на бес и хистерија, но ако се изнервираат ќе возвратат бирајќи ги внимателно зборовите со желба да го надмудрат противникот, но претходно ќе ја проценат ситуацијата за да се сигурни дека кавгата нема да им нашкоди на нивните интереси. Брзо се одлутуваат зошто се водат со логика и разум и не прават проблеми таму каде што би имале корист. Својата нервоза ја лечат слушајќи гласна музика. Се е точно!
ЈАРЕЦ : Дисциплинирани се и организирани. Јарецот максимално се контролира и се труди да не се разбесни, но ако се изнервира ќе галами и нема да се смирува со денови. Но, со цел за добри односи со околината спремен е за отстапки, иако има нагон се секогаш да биде по негово. Умее да е многу непријатен доколку се почувствува загрозен, оди од една во друга крајност – кога ќе Ве отпише, знајте дека тоа е засекогаш и нема втора шанса. ЈАРЦИТЕ се навистина вакви кога се лутат . Целосно точно!!!
ДЕВИЦА Девицата се смета за најсмирен знак во Зодијакот. Максимално се контролира и свесна е за секој свој збор и постапка, па како таква ретко псуе или е непристојна. Ги контролира емоциите и има убави манири, и премногу е “културна” за отворено да покаже незадоволство; а секогаш е незадоволна. Ги смирува нервите читајќи книга и слушајќи музика дома или во ресторан; а поради таквото криење на лутината со годините станува депресивна. Ако смета дека згрешила или претерала веднаш ќе се извини.
ВАГА : Вагата се труди да не се нервира или барем да ја прикрие нервозата. Ја погодуваат свакакви ситници (на пример, сте ја погледнале студено), а кога ќе сфати дека со часови се лутела без причина ќе почне да се мази и врти околу Вас за да Ве одоброволи. Максимум на нејзиниот бес е да се сврти и да си замине зошто нејзината дипломатска црта во карактерот не и дозволува да се кара. Дури и во сериозни врски Вагата нема да беснее, туку ќе го натера партнерот сам да си замине. Има вистина
Болдираното е точно, другово не баш. Не си ги контролирам емоциите и лошата работа е што кога ќе избувнам можам и човек да убија, ама подоцна многу се каам. Во моментон несвесно можам се да направам и да кажам, за кое после многу плаќам.
РИБИ : Рибите се пречувствителни, се сфаќаат лично и затоа често се лутат. Постојано менуваат расположенија и не знаат што сакаат, но знаат што не сакаат; затоа ги невира и лути кога некој пробува да им помогне во донесувањето на некоја одлука. Но Рибите најчесто својот бес го задржуваат за себе, што е лошо бидејќи поради тоа подоцна паѓаат во депресија. И кога се караат не се злонамерни, а ако им се извините, се ќе заборават Се е точно ова
РАК : Ракот постојано се грижи за нешто и размислува зошто всушност се изнервирал и што е вистинската причина, но ретко има изливи на бес. Ја собира лутината во себе, а се лечи со пливање или пиење. Никогаш не реагира веднаш, но ќе ја искористи секоја прилика детално да му долови на противникот што се морал да истрпи. Ваквото задржување на лутината кај Ракот може да предизвика разни психосоматски проблеми. тро вистина ке е ...
ЛАВ : Како и останатите огнени знаци, Лавовите се експлозивни, но не колку Овенот . Раздразлив е, но и тие после некое време забораваат и преминуваат преку тоа. Лавот реагира веднаш и аргументирано. Умее и да попушти ако види дека згрешил, но како егоцентрик кој не сака караници ќе си го тера своето додека не го истера тоа што го замислил. Не е точноо
БЛИЗНАЦИ : Како воздушен знак, Близнаците се исклучително интелигентни и хиперактивни. Немаат испади на бес и хистерија, но ако се изнервираат ќе возвратат бирајќи ги внимателно зборовите со желба да го надмудрат противникот, но претходно ќе ја проценат ситуацијата за да се сигурни дека кавгата нема да им нашкоди на нивните интереси. Брзо се одлутуваат зошто се водат со логика и разум и не прават проблеми таму каде што би имале корист. Својата нервоза ја лечат слушајќи гласна музика. ТОА Е ТОА
Јарец сум и баш така се лутам! иначе за Шкорпиите 100% точно! Пред неколку дена имав ист таков случај од страна на шкорпија! Многу злобни се... ууу!!! ШКОРПИЈА : Шкорпијата е вистинска лутка и не и треба многу за да се налути. Прво почнува да провоцира и секогаш е спремна и на ниске удари. Потоа следи река псовки, навреди, а понекогаш е во состојба и да физички да го нападне оној кој и предизвикал бес. За ситуацијата да биде уште полоша- тоа не е доволно туку мора да го задоволи и својот осветољубив нагон, па после ваквите сцени работата не е готова, туку ќе кова план за одмазда. Стрпливо го чека вистинскиот момент за својата отровна одмазда.