ДЕВИЦА : Девицата се смета за најсмирен знак во Зодијакот. Максимално се контролира и свесна е за секој свој збор и постапка, па како таква ретко псуе или е непристојна. Ги контролира емоциите и има убави манири, и премногу е “културна” за отворено да покаже незадоволство; а секогаш е незадоволна. Ги смирува нервите читајќи книга и слушајќи музика дома или во ресторан; а поради таквото криење на лутината со годините станува депресивна. Ако смета дека згрешила или претерала веднаш ќе се извини. повеќето работи се точни освен за тоа дека секогаш е незадоволна не е точно и те како сум задоволна и знам што сакам а што не и тоа јасно го кажувам, и пред се сакам и ми годи кога сум во право
Јас сум шкорпија и да Ви кажам дека нема везе, барем во мојот случај е тоа така!!!Но можеби повеќе ми преовладува мојот подзнак Вага па гледам дека за тој знак ми е попогодено!!!
Па... не баш. Точно е дека се обидувам да ја прикријам нервозата, но не ме погодуваат секакви ситници (освен ако не сум станата на погрешната нога ) А за карање не се карам, ама ако некој ме налути доволно готов е
ШКОРПИЈА- Точно е скоро се, особено ова - Стрпливо го чека вистинскиот момент за својата отровна одмазда... Ако навистина ме повредат тешко нив
ЛАВ : Како и останатите огнени знаци, Лавовите се експлозивни, но не колку Овенот . Раздразлив е, но и тие после некое време забораваат и преминуваат преку тоа. Лавот реагира веднаш и аргументирано. Умее и да попушти ако види дека згрешил, но како егоцентрик кој не сака караници ќе си го тера своето додека не го истера тоа што го замислил. ВАГА : Вагата се труди да не се нервира или барем да ја прикрие нервозата. Ја погодуваат свакакви ситници (на пример, сте ја погледнале студено), а кога ќе сфати дека со часови се лутела без причина ќе почне да се мази и врти околу Вас за да Ве одоброволи. Максимум на нејзиниот бес е да се сврти и да си замине зошто нејзината дипломатска црта во карактерот не и дозволува да се кара. Дури и во сериозни врски Вагата нема да беснее, туку ќе го натера партнерот сам да си замине. баш вака е кај нас
РИБИ : Рибите се пречувствителни, се сфаќаат лично и затоа често се лутат. Постојано менуваат расположенија и не знаат што сакаат, но знаат што не сакаат; затоа ги невира и лути кога некој пробува да им помогне во донесувањето на некоја одлука. Но Рибите најчесто својот бес го задржуваат за себе, што е лошо бидејќи поради тоа подоцна паѓаат во депресија. И кога се караат не се злонамерни, а ако им се извините, се ќе заборават Никогаш не заборавам
Скоро се е точно. Освен тоа за пливањето и пиењето кои кај мене се на некој начин табу - тема заради различни причини. А што се однесува до болестите, не е до толку... знам за граници ^^.
СТРЕЛЕЦ : Стрелецот главно им кине живци на луѓето околу себе, зошто обично кажува што мисли и кога никој ништо не го прашува. Кога ќе се изнервира потполно е непредвидлив- може ладнокрвно да ја соопшти својата порака без кавги, или да искрши се околу себе од бес - да псуе, вика и крши по дома. Па да точно е, само овој дел 'или да искрши се околу себе од бес - да псуе, вика и крши по дома.' не ми е погоден, ама другото ептен.И понекогаш ми е криво бидејќи кога кажувам кажувам се во лице, и знам да повредам.
ШКОРПИЈА : Шкорпијата е вистинска лутка и не и треба многу за да се налути. Прво почнува да провоцира и секогаш е спремна и на ниске удари. Потоа следи река псовки, навреди, а понекогаш е во состојба и да физички да го нападне оној кој и предизвикал бес. За ситуацијата да биде уште полоша- тоа не е доволно туку мора да го задоволи и својот осветољубив нагон, па после ваквите сцени работата не е готова, туку ќе кова план за одмазда. Стрпливо го чека вистинскиот момент за својата отровна одмазда. Точно е се од збор до збор, ептен си се пронајдов. Посебно последната реченица за одмаздата.
РАК : Ракот постојано се грижи за нешто и размислува зошто всушност се изнервирал и што е вистинската причина, но ретко има изливи на бес. Ја собира лутината во себе, а се лечи со пливање или пиење. Никогаш не реагира веднаш, но ќе ја искористи секоја прилика детално да му долови на противникот што се морал да истрпи. Ваквото задржување на лутината кај Ракот може да предизвика разни психосоматски проблеми. се е точно :up: