ЈАРЕЦ : Дисциплинирани се и организирани. Јарецот максимално се контролира и се труди да не се разбесни, но ако се изнервира ќе галами и нема да се смирува со денови. Но, со цел за добри односи со околината спремен е за отстапки, иако има нагон се секогаш да биде по негово. Умее да е многу непријатен доколку се почувствува загрозен, оди од една во друга крајност – кога ќе Ве отпише, знајте дека тоа е засекогаш и нема втора шанса. Се трудиме да се конторлираме ама тој што вистински не познава ќе осети дека сме лути
За ВАГА многу точно,несакам да се замарам,ама можам да натерам човек да се расплаче и да си замине...Ама држам баланс За ОВЕН точно,само кога ќе се смират,не се баш како јагниња,туку држат повеќе инает и егото не им дава да попуштат,зошто во нивниот речник не постои зборот ПОРАЗ И за стрелец буквално точно,како динамамит,ама се добри френдови и топ се
Точно, фина се додека не осетам загрозено, тогаш избувнувам и стварно сум непријатна Гледам секогаш да бидам смирена. По мое, Јарците за вакви работи се јаки повеќе на зборови. Не заборавам, но давам шанси на претек.
ВАГА : Вагата се труди да не се нервира или барем да ја прикрие нервозата. Ја погодуваат свакакви ситници (на пример, сте ја погледнале студено), а кога ќе сфати дека со часови се лутела без причина ќе почне да се мази и врти околу Вас за да Ве одоброволи. Максимум на нејзиниот бес е да се сврти и да си замине зошто нејзината дипломатска црта во карактерот не и дозволува да се кара. Дури и во сериозни врски Вагата нема да беснее, туку ќе го натера партнерот сам да си замине. Дефинитивно. Абе може да вриам однатре,а однадвор да сум камен. А и знам да расплачам човек и да го натерам да си замине,стварно сум сурова на моменти
ЈАРЕЦ : Дисциплинирани се и организирани. Јарецот максимално се контролира и се труди да не се разбесни, но ако се изнервира ќе галами и нема да се смирува со денови. Но, со цел за добри односи со околината спремен е за отстапки, иако има нагон се секогаш да биде по негово. Умее да е многу непријатен доколку се почувствува загрозен, оди од една во друга крајност – кога ќе Ве отпише, знајте дека тоа е засекогаш и нема втора шанса. колку е само точна последнава реченица. ама за риби не се согласувам баш дечко ми е риба и не го пронаоѓам во напишаново
СТРЕЛЕЦ : Стрелецот главно им кине живци на луѓето околу себе, зошто обично кажува што мисли и кога никој ништо не го прашува. Кога ќе се изнервира потполно е непредвидлив- може ладнокрвно да ја соопшти својата порака без кавги, или да искрши се околу себе од бес - да псуе, вика и крши по дома. heheh to4no....
ВОДОЛИЈА : Лесно се лути но и брзо заборава; „како што дува ветерот“ е нејзино мото. Се лути кога почувствува дека некој и ја одзема слободата или дека некој се сомнева во неа. Мисли дека се знае најдобро, сака да соли памет и да биде самостојна и своја. Крие од другите кога е повредена, а тогаш е најопасна - спремна на агресија и одмазда. Се е точно, таква сум
Не знам дали за жал или за среќа, ама точно е. Многу мразам што кога ќе се налутам за нешто не се карам за да биди по мое туку ќутам и оставам да помине, а ако не се борам нема од небо да ми падни.