ВАГА : Вагата се труди да не се нервира или барем да ја прикрие нервозата. Ја погодуваат свакакви ситници (на пример, сте ја погледнале студено), а кога ќе сфати дека со часови се лутела без причина ќе почне да се мази и врти околу Вас за да Ве одоброволи. Максимум на нејзиниот бес е да се сврти и да си замине зошто нејзината дипломатска црта во карактерот не и дозволува да се кара. Дури и во сериозни врски Вагата нема да беснее, туку ќе го натера партнерот сам да си замине. Поточно здравје
РИБИ : Рибите се пречувствителни, се сфаќаат лично и затоа често се лутат. Постојано менуваат расположенија и не знаат што сакаат, но знаат што не сакаат; затоа ги невира и лути кога некој пробува да им помогне во донесувањето на некоја одлука. Но Рибите најчесто својот бес го задржуваат за себе, што е лошо бидејќи поради тоа подоцна паѓаат во депресија. И кога се караат не се злонамерни, а ако им се извините, се ќе заборават Ова шо го пишува за риби според мене е до некаде точно. Пречувствителна сум-точно, но тоа дека се лутам често-никако! Ептен ретко се лутам, само тогаш кога некој направи некоја навистина сериозна грешка. Спротивно од напишаното-сакам совет од некој на кој му верувам при донесување на одлука, што не значи дека ќе го послушам. Тоа за бесот и депресијата е точно. И за крај, простувам...ама ретко заборавам.
БИК : Бикот е земјен знак и тоа му дава трпение. Некој би помислил дека е во состојба да трпи и додека некој му се качува на глава, но и не е баш така. Вистина е дека никој нема такви живци како што има Бикот , но кога ќе се изнервира не е воопшто пријатно да се биде во негова близина – кога ќе му догори фитилот се претвара во вулкан. Поради тоа на сите им се советува да не го злоупотребуваат неговото трпение, а ако го направат тоа- да бегаат колку што ги држат нозете. Се изнасмејв кога го прочитав ова, иначе е точно
Брзо се лутам и брзо заборавам. Сакам да солам памет, ама не ми се исплаќа некои луѓе имаат баклава наместо памет, невозможно е да им го насолиш. Кога сум повредена, навредена, разочарана, изреволтирана...стегам, стегам, стегам во себе...ако треба и ќе се покакам тоа да не се забележи. Се смеам со сета сила на батерии, дури и кога ми е дојдено да си ја чукам главата од ѕидови и да пиштам како никогаш претходно. А веќе нареден ден сум како нова.
ОВЕН : Како претставник на огнените знаци Овенот има краток фитил. Во состојба е да го разбесни и најмала ситница, а секоја навреда ја доживува како напад на сопственото его. Владетелот Марс го прави нестрплив и агресивен; брзо се лути но уште побрзо и простува. Неговите напади на бес се бурни; Овенот црвенее, беснее, урла но во следниот момент се заборава и се претвора во јагне. Тоа ни е најголема мана што имаме краток фитил,избувнуваме,хистеришаме кршиме и после се однесуваме како ништо да не се случило,се обидувам да се контролирам кога сум нервозна ама ова овновсково во мене е посилно тоа ме ,,контролира,, мене а не јас него
РИБИ : Рибите се пречувствителни, се сфаќаат лично и затоа често се лутат. Постојано менуваат расположенија и не знаат што сакаат, но знаат што не сакаат; затоа ги невира и лути кога некој пробува да им помогне во донесувањето на некоја одлука. Но Рибите најчесто својот бес го задржуваат за себе, што е лошо бидејќи поради тоа подоцна паѓаат во депресија. И кога се караат не се злонамерни, а ако им се извините, се ќе заборават и јас сум риби и се е точно освен бесот никогаш бесот неможам да го задржам во себе а таа особина мн си ја мразам затоа што после се правам пишман заради тоа но нема назат
ДЕВИЦА : Девицата се смета за најсмирен знак во Зодијакот. Максимално се контролира и свесна е за секој свој збор и постапка, па како таква ретко псуе или е непристојна. Ги контролира емоциите и има убави манири, и премногу е “културна” за отворено да покаже незадоволство; а секогаш е незадоволна. Ги смирува нервите читајќи книга и слушајќи музика дома или во ресторан; а поради таквото криење на лутината со годините станува депресивна. Ако смета дека згрешила или претерала веднаш ќе се извини. Па не сум баш смирена, избувлива сум многу, но брзо се смирувам. Бурно реагирам, и одма кажувам зошто шо и како сум лута да се знае, за да не се пофторе. Се смирувам најмногу со гледање филм, има нешо точно но за мене делумно е точно.
ШКОРПИЈА : Шкорпијата е вистинска лутка и не и треба многу за да се налути. Прво почнува да провоцира и секогаш е спремна и на ниске удари. Потоа следи река псовки, навреди, а понекогаш е во состојба и да физички да го нападне оној кој и предизвикал бес. За ситуацијата да биде уште полоша- тоа не е доволно туку мора да го задоволи и својот осветољубив нагон, па после ваквите сцени работата не е готова, туку ќе кова план за одмазда. Стрпливо го чека вистинскиот момент за својата отровна одмазда. Погодено, и тоа многу . Баш сум ваква
ЈАРЕЦ : Дисциплинирани се и организирани. Јарецот максимално се контролира и се труди да не се разбесни, но ако се изнервира ќе галами и нема да се смирува со денови. Но, со цел за добри односи со околината спремен е за отстапки, иако има нагон се секогаш да биде по негово. Умее да е многу непријатен доколку се почувствува загрозен, оди од една во друга крајност – кога ќе Ве отпише, знајте дека тоа е засекогаш и нема втора шанса. Уф, не да имам нагон се да е по мое.. Баш точно, се'.
Претежно точно. Знам да бидам навистина многу толерантна и трпелива, ама се си има своја граница. Па ако некој ја премине, можам да избувнам и да не можам да се исконтролирам. Во прицип на некој му треба многу за да ме налути, ама и да ме налути - во брзо време се смирувам.
СТРЕЛЕЦ : Стрелецот главно им кине живци на луѓето околу себе, зошто обично кажува што мисли и кога никој ништо не го прашува. Кога ќе се изнервира потполно е непредвидлив- може ладнокрвно да ја соопшти својата порака без кавги, или да искрши се околу себе од бес - да псуе, вика и крши по дома. So true!!! .И верувале или не..мислам дека е добра карактеристка ова! хахахахах
Лав : Точно е. Во мојот случај, знам да бидам ладнокрвна ко змија кога сум лута, а во право, и со тишина убивам било каква дискусија. Прво урлам, викам, трескам, и на крај оној, молкот "помисли што направи". До сега, ретко сум се налутила до степен да бидам гадна, ама кога се случило тоа, си знаат личностите што добиле - најлошото од мене. Не е за фалење, ама тоа е.
ЈАРЕЦ : Дисциплинирани се и организирани. Јарецот максимално се контролира и се труди да не се разбесни, но ако се изнервира ќе галами и нема да се смирува со денови. Но, со цел за добри односи со околината спремен е за отстапки, иако има нагон се секогаш да биде по негово. Умее да е многу непријатен доколку се почувствува загрозен, оди од една во друга крајност – кога ќе Ве отпише, знајте дека тоа е засекогаш и нема втора шанса. Преточноо ств
Вистината е следнава: БИК : Бикот е земјен знак и тоа му дава трпение. Некој би помислил дека е во состојба да трпи и додека некој му се качува на глава, но и не е баш така. Вистина е дека никој нема такви живци како што има Бикот , но кога ќе се изнервира не е воопшто пријатно да се биде во негова близина – кога ќе му догори фитилот се претвара во вулкан. Поради тоа на сите им се советува да не го злоупотребуваат неговото трпение, а ако го направат тоа- да бегаат колку што ги држат нозете. Кога сум нервозна и некој да ми се спротиставува има да му се изнавикам.. Кога биковите се нервозни мој совет е понастрана за да се смират сами,ако се обидуваш да ги смириш или да им помогнеш само ќе ка влошиш ситуацијата,бидејќи биковите се познати по дврдоглавоста