Спојлер БЛИЗНАЦИ : Како воздушен знак, Близнаците се исклучително интелигентни и хиперактивни. Немаат испади на бес и хистерија, но ако се изнервираат ќе возвратат бирајќи ги внимателно зборовите со желба да го надмудрат противникот, но претходно ќе ја проценат ситуацијата за да се сигурни дека кавгата нема да им нашкоди на нивните интереси. Брзо се одлутуваат зошто се водат со логика и разум и не прават проблеми таму каде што би имале корист. Својата нервоза ја лечат слушајќи гласна музика. Пааа во глобала е точно.. секогаш сакам сите со зборови да ги надзборувам (без да ги повредам се разбира )
ВОДОЛИЈА : Лесно се лути но и брзо заборава; „како што дува ветерот“ е нејзино мото. Се лути кога почувствува дека некој и ја одзема слободата или дека некој се сомнева во неа. Мисли дека се знае најдобро, сака да соли памет и да биде самостојна и своја. Крие од другите кога е повредена, а тогаш е најопасна - спремна на агресија и одмазда. Епа поточно неможеше да биде. Во суштина, да, ваква сум. Како што дува ветерот така и јас... Сакам да имам слобода да го правам тоа што го имам намислено а кога слободата ми е ,,одземена,, е тогаш сум најлоша. Горе многу убаво е објаснето хахах
Спојлер ЛАВ : Како и останатите огнени знаци, Лавовите се експлозивни, но не колку Овенот . Раздразлив е, но и тие после некое време забораваат и преминуваат преку тоа. Лавот реагира веднаш и аргументирано. Умее и да попушти ако види дека згрешил, но како егоцентрик кој не сака караници ќе си го тера своето додека не го истера тоа што го замислил. тоа е тоа..по точно неможеше да биде.
ВОДОЛИЈА : Лесно се лути но и брзо заборава; „како што дува ветерот“ е нејзино мото. Се лути кога почувствува дека некој и ја одзема слободата или дека некој се сомнева во неа. Мисли дека се знае најдобро, сака да соли памет и да биде самостојна и своја. Крие од другите кога е повредена, а тогаш е најопасна - спремна на агресија и одмазда. Апсолутно точно, се пронаоѓам многу
ВАГА : Вагата се труди да не се нервира или барем да ја прикрие нервозата. Ја погодуваат свакакви ситници (на пример, сте ја погледнале студено), а кога ќе сфати дека со часови се лутела без причина ќе почне да се мази и врти околу Вас за да Ве одоброволи. Максимум на нејзиниот бес е да се сврти и да си замине зошто нејзината дипломатска црта во карактерот не и дозволува да се кара. Дури и во сериозни врски Вагата нема да беснее, туку ќе го натера партнерот сам да си замине. - последново
ДЕВИЦА : Девицата се смета за најсмирен знак во Зодијакот. Максимално се контролира и свесна е за секој свој збор и постапка, па како таква ретко псуе или е непристојна. Ги контролира емоциите и има убави манири, и премногу е “културна” за отворено да покаже незадоволство; а секогаш е незадоволна. Ги смирува нервите читајќи книга и слушајќи музика дома или во ресторан; а поради таквото криење на лутината со годините станува депресивна. Ако смета дека згрешила или претерала веднаш ќе се извини. незнам како можат се да ми погодат мамицата....
ЈАРЕЦ : Дисциплинирани се и организирани. Јарецот максимално се контролира и се труди да не се разбесни, но ако се изнервира ќе галами и нема да се смирува со денови. Но, со цел за добри односи со околината спремен е за отстапки, иако има нагон се секогаш да биде по негово. Умее да е многу непријатен доколку се почувствува загрозен, оди од една во друга крајност – кога ќе Ве отпише, знајте дека тоа е засекогаш и нема втора шанса. Леле Точно, од збор до збор, а посебно делот кој вика дека секогаш сакаме да е по наше Додека трпиме, трпиме, но кога ќе се изгуби трпението.....па „непријатен“ е само блага форма од она во што може да се претвори разлутениот Јарец И особено е погодено тоа дека лутината (читај:инаетот) не' држи со денови, па макар да е тоа една најобична ситна караница за најбанална ситница... Незгодни сме биле, упм
РАК Ракот постојано се грижи за нешто и размислува зошто всушност се изнервирал и што е вистинската причина, но ретко има изливи на бес. Ја собира лутината во себе, а се лечи со пливање или пиење. Никогаш не реагира веднаш, но ќе ја искористи секоја прилика детално да му долови на противникот што се морал да истрпи. Ваквото задржување на лутината кај Ракот може да предизвика разни психосоматски проблеми. Точно, многу точно. Посебно болдираното. Она со пливањето и пиењето не е баш за мене, ама другото.. ...
За мене е погодено се`, освен тоа со пиењето. На лето често истурам лутина преку пливањето, ќе заборавам на момент се` што ме мачи. А .. знам колку е лошо држењето на лутина и бес, а јас сепак упорно тоа го правам. Поради тоа неретко имам проблеми со желудников, за жал.
БИК : Бикот е земјен знак и тоа му дава трпение. Некој би помислил дека е во состојба да трпи и додека некој му се качува на глава, но и не е баш така. Вистина е дека никој нема такви живци како што има Бикот , но кога ќе се изнервира не е воопшто пријатно да се биде во негова близина – кога ќе му догори фитилот се претвара во вулкан. Поради тоа на сите им се советува да не го злоупотребуваат неговото трпение, а ако го направат тоа- да бегаат колку што ги држат нозете. Точно - ех какви живци хехех
Пааа, да. Не покажувам лутина, држам во себе. Ако убаво се изнервирам, исклучиво кога сум сама прво или се истурам врз вреќа за бокс а ако нема кревет/ѕид/перница ми послужуваат да го истурам бесот, важно морам нешто да истепам (само мртва природа, да се разбереме) и можам да пуштам по некоја солза од гнев. Тоа е доволно, станувам и нова сум како ништо да не се случило.
Додадете го и тоа од Dzverche во хороскопот за лутење на скорпиите. Посебно подвлеченото Немам што да додадам На место си е се!
ВОДОЛИЈА : Лесно се лути но и брзо заборава; „како што дува ветерот“ е нејзино мото. Се лути кога почувствува дека некој и ја одзема слободата или дека некој се сомнева во неа. Мисли дека се знае најдобро, сака да соли памет и да биде самостојна и своја. Крие од другите кога е повредена, а тогаш е најопасна - спремна на агресија и одмазда. 100% точно