1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Какви сме на работното место???

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од rici.aaaaa, 27 март 2013.

  1. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Малку забава девојки ;)
    Дали сте родени за трачарење, лидерство или излежување?
    Какви сме на работното место според хороскоп
    Прочитајте.....

    ОВЕН

    Овновите генерално се лидери кои ја реализираат секоја замислена идеја и се држат цврсто до зададените цели и задачи. Сите кои сакаат да ги следат се добредојдени, но само ако чесно си ја работат работата. Иако ги заморува фактот дека најчесто даваат 110% од себе во работата, шефовите, порано или подоцна тоа ќе го препознаат. Затоа често завршуваат на одлучувачка позиција или клучна позиција.

    БИК

    На биковите им е најважно да си ја завршат работата во кругот на зададениот буџет и да ги извршат сите обврски, но во нивен ритам. Кај нив, многу се важни работните услови, како на пример дали канцеларијата е наместена според фенг шуи.

    БЛИЗНАЦИ

    Брзи, подвижни и секогаш нешто продаваат, тоа се близнаците. На нив треба да им се обратите ако сакате да ги дознаете најновите трачеви. На состаноците глумат адвокат на ѓаволот и откриваат информации само за да ги заинтересираат сите присутни. На колегите ќе им ја препуштат работата, бидејќи брзаат на друг состанок, кој по можност вклучува и ручек.

    РАК

    Раковите точно знаат кој, каде се наоѓа. Можеби не потпишуваат чекови, но свесни се дека полесно е да се одобри буџетот кога се информирани. Сите од нив очекуваат да организираат родендени и прослави за деца. Заборавете на директори и шефови, раковите се во работата вистински родители.

    ЛАВ

    Лавовите само размислуваат за шефовски места. Тоа им е во крвта, не во титулата. Работата ја доживуваат како некој вид на уметност, а нивната интуиција многу пати ја спасува ситуацијата. Широката слика која се способни да ја создадат е нивниот најдобар сојузник. Колегите најчесто се љубоморни на нив, бидејќи на крајот од краиштата ретко кога не се во право.

    ДЕВИЦА

    Девиците се најголеми генијалци кога станува збор за развојна стратегија. Тие се сјајни менаџери, но за нив идеално е да работат сами. Поедноставно им е да се фокусираат на задачата кога не мораат да објаснуваат очигледни работи. Кога на фирмите ќе им затреба помош, советник или техничка поддршка, тука настапуваат Девиците.

    ВАГА

    Вагите често се посредници или работат во услужните дејности, бидејќи секогаш ја кажуваат вистинската работа и ја намалуваат тензијата. Тие се од непроценлива вредност на секој кој мора подобро да го сфати значењето на поимот „ограничувања“ или оној кој мора да ја покаже човечката страна. Имајќи предвид дека толку многу сакаат да им угодат на другите, лесно можат да ги газат. Не треба да заборавите дека од време на време е добро да се покажат заби.

    ШКОРПИЈА

    Шкорпиите се обично луѓе кои превземаат улога за решавање на проблеми и на кои им е важно тоа што го работат. Ако се администратори, лесно им влеваат страв во коски на соработниците. Шкорпиите најчесто или знаат се, или можат веднаш се да дознаат.

    СТРЕЛЕЦ

    Стрелците често се теренски работници, било како трговци, било како научници. Можат да бидат генијалци за маркетинг и тогаш сите сакаат да бидат во нивниот тим. Можеби е тоа така затоа што најдобро знаат да го искористат тоа што им се пружи, во однос на буџетот со кој располагаат. Секако, улога игра и харизмата со која зрачат и верноста на компанијата.

    ЈАРЕЦ

    Секако дека јарците знаат кој го води орото. Тие ќе ги подобрат условите за работа и ќе се прилагодат и ќе ги искористат ресурсите кои ги имаат на располагање. Внимаваат на инвентарот, ништо нема да фрлат и секој детал ќе го искорстат, па поради тоа понекогаш знаат и да нервираат.

    ВОДОЛИЈА

    Водолиите секогаш делумно се одговорни за функционирањето и вредноста на фирмата во која работат. Тие секогаш се концентрираат на долгорочни стратегии и смислуваат револуционерни решенија. Бидејќи лесно учат, секогаш ќе ги наговорат колегите на нови технологии. Тие се идеални за отворање на вратата на иднината.

    РИБИ

    Рибите делумно привлекуваат креативен развој, истражување и одржување на податоци. Тие најчесто се неофицијални советници, ги слушаат проблемите и даваат оптимистички предлози. Ја сфаќаат крајната вредност на работите дури иако пазарот покажува поинакви резултати. Сепак ако работат со финансии, можеби би било подобро да се скроти нивниот оптимизам.
     
  2. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
     
  3. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    РАК

    Раковите точно знаат кој, каде се наоѓа. Можеби не потпишуваат чекови, но свесни се дека полесно е да се одобри буџетот кога се информирани. Сите од нив очекуваат да организираат родендени и прослави за деца. Заборавете на директори и шефови, раковите се во работата вистински родители.
    да :D
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. yuiop

    yuiop Нов член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    32
    Очаен сум......
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.