Нова сум овде, па се мислев дали да ја отворам темава, невидов некоја слична, па си реков зошто не? Едноставно ако има ваква тема, слободно канта! Какви стопала имате? Големи или мали? Јас имам големи 40 број, а имам 15, така да ми велат дека сеуште ќе се развивале? Па, би сакала да знам, дали повеќето имаат големи или мали стопала? Ве молам одговорете!
Какви стопала имате? 37 и 38 зависи! Имам слаби стопала! Често ми се случува да ми „пливаат“ од страна во чевлите
Какви стопала имате? имам гооолеми стапала носам 39-40 понекогаш многу тешко наоѓам чевли да ми се точни
Какви стопала имате? Мене не ми е проблем наоѓањето бројче на обувки носам 39/40 но проблемот ми е што сум никогаш не ми се погодуваат штиклите поконкретно. На секој калап 39 ми се мали ме затегаат а 40 ми се големи. Имам пробано со перничиња но не ми одговараат пак.
Какви стопала имате? Јас носам 37,38 зависи до калапот. Обично балетанки си зимам 37 и штикли би зимала исто така ама не носам сеуште.
Какви стопала имате? Се зависи од калапот.. Имам балетанки 38, патики 37 , а пак едни други патики 36, исто чизмите зимски ми беа 38-39
Какви стопала имате? А јас се чудам после кај ги снемува големите броеви од продавниците? Па мнозинството ко што гледам пераички имате, се придружувам и јас во клубот на големи стапала. На 14-15 години носев 39-40, ама со годините ми се прошири стапалото и сега сум на 40-41 во зависност од калапот - некои модели од ЊуЈоркер ми се дури и 42. Кинеска работа.
Какви стопала имате? Се зависи... сандали 38 Чевли 39 Патики 40.....се зависи од калапите Но да се рече 39
Какви стопала имате? Еве јас се придружувам кон групата со помали стапала, носам воглавно број 36, некојпат 37 зависи од калапот а имам и број 35 обувки. Имам тенко стапало и немам проблеми со чевлите. Поприлично си ги сакам стапалата и си ги чувам
Какви стопала имате? Таман ми се. 37-38 број носам. Секогаш ми се средени и налакирани. Сега летово од многу одење со влечки и отворени сандали малку петиците ми се како ренде направени ама си ги негувам редовно.