Тенки, ковчести, нежни и слабички. Носам 38-ца, но затоа што стапалата ми се многу тесни, понекогаш купувам обувки 37-ца. Најчесто балетанки или римјанки, другите обувки сите ми се 38-ца. Не ми се воопшто комплицирани и проблематични, ретко имам проблеми со плускавци и тоа најчесто од претесни или обувки (балетанки или сандали) од крут материјал, поготово ако ги носам без хулахопка или соодветни чорапчиња.
Многу тенки ми се.Носам 36 и некогаш ми се големи и тие,а 35 па неможам да влезам.Сепак,зависи моделот.Патиките Адидас од Грција ми се 39 дури
Мали, многу мали. Некогаш и 33 балетанки ми се големи. А патиките ми се 37. Е оди купи си обувки на крај.
Чудни Долги тенки прстиња, во средишниот дел малку пошироки отколку што треба, што ме нервира кога пробувам ваков модел на чевли дали ќе ми стои и по не знам кој пат се разочарувам дека моите стапала не се за овој модел. Спојлер http://images.asos-media.com/inv/media/3/4/7/8/3928743/image4xl.jpg А еве ги зачувани на Асос како опција дека можеби ќе ги купам. Аха можеби, пуста желба остана Инаку 39-ка носам.
Многу убави. Богами ептен сум си задоволна од нив. Ај сеа озбилно. Па искрено, немам преголеми стапала, обично носам 39 број, може да се случи и 40 ама ептен ретко. Не можам да се пожалам дека ми се оштетени, распукани и слично, баш ми се како на бебе.
Мала ногичка...36 носам,понекогаш 37 а ми се случи зимото пред нова година 35 ми беа големи,изгледа дека бев ослабната па не можев штикли да си најдам
39 nosam malce of topik kje bidam,no moram da prasham,rapavi mi se stapalata mnogu pa kako da gi odrzuvam,dali ako gi mackam so krema kje se oporavat..