Какви стопала имате? Големи, носам 39, а понекогаш 40 Искрено, мило ми е што носам поголем број на чевли, зошто многу потешко е да се најдат број 36, 37 и 38, отколку поголеми броеви
Какви стопала имате? Малечко, 36 носам, тенко, со јаболче. Секогаш студено, чиниш од замрзнуваш сум го извадила, постојано со плускавци и исекотини.
Какви стопала имате? Убави инаку носам 37, а салонки и 36 понекогаш, ако немаат ременче или ластик. Ама, во глобала задоволна сум си од моите стопала.
Какви стопала имате? Носам 39/40. Долга и ептен слаба нога. Ладна како да не ми циркулира крвта и лето и зима... Само мака мачам со наоѓање соодветен калап штикли. Сите ми се широки од страна
Какви стопала имате? И јас малецко, 36. Зависи до калапот, нормално сум 36, ама некад и тие ми се големи, па барам 35, а тоа тешко
Какви стопала имате? 38, некогаш и 37, зависи од калапот, не многу дебело, така средно. И во лето и во зима е ладно, како да нема циркулација во него, посебно прстињата.
Какви стопала имате? Големи 40-41 (а и висока сум 178 ), слаби, многу тешки за наоѓање соодветен калап и број (немам штикли ниту балетанки без ременчиња затоа што од страните можат уште една моја нога да соберат кога ќе ги купам па замислете какви се откако ќе ги носам и ќе се рашират малце) хехехе
Какви стопала имате? 38. Одам накај 39. Најлошо е тоа што ми се рамни, па при собирање на стапалото имам големи болки кај внатрешниот дел, и тоа за околу 10 секунди. Работам на растегнување, ама ај подобро да биде.