Јас сум сеуште во основно и носам број 39-40.Според мене тоа е голем број и имам приметено дека имам големи стапала. Но добро(без навреда) не би сакала да имам ептен мали.
Мали и мислам дека е многу полошо. Повеќе се оптеретуваат, понежни се. Не ми се скроз рамни, правев некои вежби на времето ама забаталив и си останаа така.
Големи - долги и тенки, со нормално поткренати табани и многу незгодни за пронаоѓање на соодветни чевли. Носам број 40-41, зависи за каков вид на чевли се работи. Кога треба да купам чевли, (скоро секогаш) знам дека за мене нема да има број од тие чевли што ќе ми се допаднат, па се задоволувам со нешто што ме собира . Се изненадувам ако напрво погодам. Инаку, си се чудам во последно време, ама почнаа да ми одговараат и чевли (сандали, салонки) со број 39 . Изгледа имало и потерсене случаи од мојов, па се смилувале произведувачите на чевли и почнале да прават поголеми калапи за и ние да сме среќни .