Моите стапала имаат мала деформација во пределот кај испакнатите коски во близина на палците. Тоа ми е вродено, а носењето на тесни и неквалитетни обувки само го влошува проблемот, така што сакала-нејќела, морам да вложувам во квалитетни чевли Инаку, имам тенки и мали стапала, носам бр. 37 и секогаш можам да си најдам бројче од се' што ми се допаѓа
Патики, чизми, балетанки, се тоа купувам 41, а штикли 40ка. Можам да носам и 39 ако не стојам долго време , ама бидејќи обожавам високи штикли и сакам често да ги носам, се навикнав на поголеми броеви и не можам да поднесам да ме стегаат.
имам убави стапала но не ми се допаѓа што носам голем број(38-39) и можам да носам секаков вид чевли освен вакви зашо имам минимално широка нога Спојлер се надевам дека нема да се налути феминката што и ги позајмив римјанките како пример
^ Офтопик е знам...ама морам да прашам... Каде да најдам сандали ама баш ист модел, ама друга боја како овие на сликата? Во Ипанема нема или нема се уште. Ама како и да е не ми се допаѓаат од таму зошто целите се гумени или пластични...
Носам 36, 37 зависи од моделот. Обично сандали, салонки земам 36 за да ми бидат точни да не ми излегува ногата, а чизми , патика може и 37 бидејќи може да се носи и со подебели чорапчиња.
имам слаба нога патики-39,39ипол балетанки-38,39 штикли отворени-37 штикли затворени-38,39 До колку години растат стапалата ?
Немам убави стапала. Имам проблеми со кожата на стапалата. Се лупи и заради тоа не можам летно време папучи да облечам. Многу грдо изгледаат стапалата. Инаку, носам број 36-37-38. Зависи од калапот на обувките.
Јас не си ги сакам многу. Но и покрај тоа им обрнувам внимание. Бидејќи цело време играм и сум на прсти, па ми излегуват како плускавчиња, ми се лупат. Но им правам секакви третмани, морам да ги средувам. А број 37-38, зависи од моделот. Порано носев 39, ми се смалила ногата
Не си ги сакам. Носам 38 или 39 зависи од моделот, ама многу ми се широки.Многу чевли што ми се бендисале не можам да ги носам оти се за тенки мали стапала, овие мои во ништо не ги собира. Секогаш барам нешто да е напред пошироко
Воопшто не си ги сакам стапалата. Носам број на чевли 39,40 зависи од моделот.И доста ми се широки стапалата. Го мразам моментот кога треба да купувам сандали или балетанки..значи обувките не стојат убаво на широките ми стапала