Ме иритираат моите стапала..носам број на чевли 39/40,во зависност од модел,материјал и сл. Нешто што ми е најсрамен момент,е кога треба да купувам чевли. Сметам дека имам доста големи стапала.
Имам мали и тесни стапала,па со оглед на тоа и проблем за број на обувки.Носам бр.35-36.Тешко се наоѓа 35.Честопати немам можност за избор на модел и боја,особено за чевли и сандали,па принудена сум да земам тоа што има бр.35.Додека некои се срамат што имаат големи стапала,јас се нервирам кога треба да купувам обувки зашто голема е веројатноста да останам со празни раце
Грдии, прегрди , најгрди.Куси и дебеели.Носам 37.Амааа предедебели се, прави ломбаци аххаха.И дебели прсти имам. Се на тато.
Да бидам искрена, нe сум сигурна и самата кој број на чевли носам. Едни патики што ги имав беа број 37-38,а пак едни други беа број 41. Да речеме дека носам чевли со број некаде помеѓу 38 и 40,големи стапала имам .
Мазни стапала но големи и широки.. носам број 40 и се срамам од своето стапало кога одам да купувам чевли ми е срам да кажам кој број носам