Барав но не најдов ваква тема , ако има ставете катанец Какви усни сакате ? Јас имам дебелки усни а кај партенрот сакам било какви но со остри линии оцртани п.с мразам кога некој дечко ќе стави гроздева во зимно време
Какви усни Ве привлекуваат кај партнерот? Јас сакам да има пуни усни да можеш да ги бакнуваш цел деннн баш како што има мојот
Какви усни Ве привлекуваат кај партнерот? Усни кои ќе одговараат со моиве Сакам доволно полни, т.е. дебели усни за да си играм со нив, за да можам убаво да се бакнам, за да можам да ги почувствувам.
Какви усни Ве привлекуваат кај партнерот? јас сакам полни усни т.е дебели за да можам да експериментирам со нив позз
Какви усни Ве привлекуваат кај партнерот? Уште овде пишувам и си легнувам. Најискрена да бидам, не ми е битна формата. Повеќе ми се битни забите што светат од внатре и мноооогу повеќе погледот ми лута таму, отколку во тоа каква му е формата на усните. Не можам да трпам машко што не води хигиена за устата, за забите... Макар што сакам меки усни, да ми е ќеф да ги грицкам малку. Добро не малку
Какви усни Ве привлекуваат кај партнерот? Такви за таман да ни се поклопат за да може да се вакумисаме Но знам какви не ме привлекуваат - дебели односно полни усни. Некако за машко, не ми идат и не ги сакам нешто посебно. И плус не му одговараат на моето скромне усте Имав таков еден дечко, односно првиот дечко, во времето кога само се лапаш со дечкото и да ви кажам, едно време мислев дека ако уште малку зине да ме бакне ке почне и носот да ми го лапа, не само усниве Ич не е убаво, плус после секое, ткн. лапање, ми се правеа дупли усни. Како се вика тоа де? Кога имате некое си глупаво воспаление над усните па ви се дупли. И пржи и пече ептен
Какви усни Ве привлекуваат кај партнерот? Пирамидке- алал да ти е, значи го опиша токму тоа што мене ми се случува кога некој има тенки усни , страв ми е да го бакнам, бакнувам со резерва за да не ги усисам неговите Сакам тоа да го кажам, ама не знаев како да опишам Абе бакнувањето (француското) не е шала, некогаш може да биде попроблематично и од сексот
Какви усни Ве привлекуваат кај партнерот? Такви какви што има. Најубави, совршени. Полни и повикувачки.
Какви усни Ве привлекуваат кај партнерот? Усни ко усни.Да ќутат ко треба најарни се. Мислам...хммм...не сакам да има преполни,некоја средина.Машки бе,машки усни. Радован има убави усни,нормални и преубава насмевка од милион долари и сите пропратни елементи со осмехот.Една од помаркантните црти му се усните со се насмевката.Така,скокотливо изгледа кога ќе се насмее.Си го испофалив...туку ај. Луѓе со тенки усти,нејќум.Имам впечаток дека се злобни и завидливи,не знам зошто.Па уште и тенки,а големи,ко на Камерон Дијаз,шо би рекла Хипика,ко сендвич се.
Какви усни Ве привлекуваат кај партнерот? за хигиената си потполно во право, и јас не би мжела да смислам некој да се насмевне и да има жолти заби.......
Какви усни Ве привлекуваат кај партнерот? Ептен, поготово ако не сте усно-компатибилни со партнерот/лапачот/мувачот/сексбадито/штоидае Гледам сите ставате имиња, па да ви кажам и мене Харалампие ми се погоди ептен со усните, таман, не тенки, не дебели, ама помали, златна средина, абе таман за моиве. Правиме вакуум, добро се лапаме, добро лапа, ол гуд Спојлер (перверзните мозочиња знаат на што мислам )
Какви усни Ве привлекуваат кај партнерот? Бидејки никако не ме бива за опишување ќе ставам слика од тоа какво усни ме привлекуваат кај партнерот. Од кога го гледав во Ѓумуш наполно ме поремети типацов. Ах клето турчеееее
Какви усни Ве привлекуваат кај партнерот? Румени. Овај... темава... само за женски одговори е наменета или...? (се изнаподголтнував додека насловов го дочитав )
Какви усни Ве привлекуваат кај партнерот? ^^Па зависи за какви усни се работи Не сум размислувала за усните, ни тенки ни дебели, како што вика Пирамитка - таман за мене... Мене ме привлекува насмевката, убави заби и хигиена, да мириса на Орбит или др. ментол мастика, а не на лук...морам да искоментирам, кога маж ми јаде лук (таратор, џигер со лук, грав со лук итн.итн) ич не го лапам , дури и не спијам со него бегам во друга соба
Какви усни Ве привлекуваат кај партнерот? леле зборов од тебе и од дечко ми само го слушам, повикувачки за усните ме изнасмеа. Ма такви да се пуни, ама не попуни од моите па да ме принуди да ги ботоксирам да се допунат до носов Цртка на среде уста хаха имам видено кај некои машки таква им е тоа долната усна, бреј ем полна, ем цртка на среде и многу мхмхм ПОВИКУВАЧКИ ми делуваат ми иде да ги шмукнам меѓу заби Абе повикувачки де и ко Мерлинка шо вели румени ли се румени усни најубави?!? реторичко ова не барам одговор. Ах мхм, мхм устиња такви сексуљави да гризнеш и да бегаш
Па доаѓа во предвид се‘ помеѓу Стив Тајлер и тој американскиот политичар со најмалото можно усте (мене ми личеше на пилешко г‘зе ) не ми текнува никако на името. Инаку сакам убави машки усни фино пополнети, а цртки не се по мој вкус, во комбинација со убави заби -прајслес . Кај мојот бивши горната усна беше поголема од долната за нијанса ова само во профил се забележуваше и ми се свиѓаше некако ми беше помалку Били Ајдол стајл ама помалку несвесно го правеше тоа во зборување и мене ми беше многу сексоповикателно и лапачкостимулаторно. И јас некое месојадно суштество сум била изгледа во некој претходен живот (а ла Ти Рекс) бидејќи добивам нагон да гризам кога усните се примамливи . А темава зошто е во Сингл сместена, за да ми фрлате сол на рана, пуста човекова злоба граници да немала, !
Сакам полни усни и убави, бели заби. многу ми е привлечно тоа. Усни што повикуваат на бакнување. Насмевката е едно од првите нешта што забележувам кај некој. Хигиената на устата и на забите ми е премногу важна.
Абе искрено не пребирам многу, ама ептен мака си имам со оние кои имаат поголеми усни од моите (тоа се 99% од машката популација ) затоа што ми се чини ќе ме голтнат во секој момент. Со таквите не се мувам. Тие си се муваат со лицето мое, јас сум само предмет на иживљавање. И по целиот бакнувачки процес имам крукче околу усниве, влажно крукче и ептен се нервирам Абе терсене сум, терсене!
Нормални,сакам фино обликувани,и секако да знаат со нив да баратаат Одамна во мојата прва младост имав дечко со навистина полни усни,ама од бакнување немаше врска и затоа го откачив