1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Какви ученици бевте во средно?

Дискусија во 'Образование' започната од anste, 17 април 2011.

  1. anste

    anste Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    127
    Со колкав просек поминавте во средно? Какви ученици бевте?
    Јас не можам да кажам зашто уште сум прва година :$

    пс:ако има ваква тема..се извинувам :)
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Бев одлична ученичка, четири години 5.00 просек. Не се тормозев нешто премногу за учење, признавам дека за некои предмети онака ми пишале оценка. Тоа до професорот е. Не видов ама ич мака во средно (добро, можда малку :lol: ) и се‘ би дала да се вратам бар на ден-два.
     
  3. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    3 година сумм :D ...во прва бев многу добра,за 1 оценка не бев одличнаа :( ..втора одлична со 2 четворки,и сега си сум одлична :D :D
     
  4. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    оф се се само учење не. бев 2 години многу добра 2 години одлична. Значи тоа мн. добра и одлична подразбираат и 2 и 3 во сведителства ок и петки а ако ги гледаме и книшките имав и една година 2 кеца во книшка , неземајки ги сите останати по еден стандарт. Не дека се гордеам со тоа едноставно таква бев мрзлива и си учев само што сакав. имав проблеми со домашните и мислеа дека нема ни да завршам средно, но остај тоа што завршив средно и дизната ми се отвори за учење на факс затоа во рекордно време завршив и кога ќе кажам ми се учи сите се чудат. Се на се во средно бев крш со оцени :devil:
     
  5. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    уфф добра добра и многу добра...имав од све по нешто ама ниту еднаш не бев на полагање.. а требаше :)
     
  6. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Прва и втора година бев 5,00, во трета почнав да забегувам и ме фаќаше некоја мрза за учење и поминав одлична но со 4,7........четврта година ме уништи т.е. сама се уништив. Воопшто не ми се учеше, на око ме фатија двајца професори поради моето бунтување и гласно искажување на ставови. Четврта завршив многу добра (за една оценка ќе бев одлична), но ете .....беше што беше си се запишав на факултетот што го сакав :)
     
  7. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Минев одлична но ниту еднаш со сите петки. Едноставно мрзата ме надвладеа... :D
     
  8. XTinaV

    XTinaV Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    Exxx... средно. Those were the days! :)
    Бев одлична со сите 5-ки сите четири години. Но никогаш не се замарав премногу со учење. Учев кампањски пред тест, а многу често дури и за време на одмор пред часот ако знам дека е час за испрашување :lol: .
    Ми остана таа навика, и сега на факултет учам така, во 5 до 12 пред испит, најефективна сум кога сум под притисок. Знам дека не чини ама. . . it works for me!
     
    На anste му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Astrid

    Astrid Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    23
    Одлична со 5.00. Абе ептен си бев бубалица :$ :$ Сите ми беа заслужени ;) :D
     
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Па прва година бев бубалица :lol: Учев многу, малку искачав, се над книга, ме убиваше физиката поточно професорката која сакаше да ме носи на полагање, идиотка, за малце тоа во втора ќе и успееше. Другото супер си беше. Завршив со 2 четворки.

    Е во втора веќе се расипав, помалку учев, само зјапав мажи од 4та, физика ми лупаше кецови од инат (колку за информација повеќето имаа кецови :)) секој ја знае Каневче од Орце. На крај ми стави двојка и ради неа поминав многу добра поточно мислам беше просекот 4.49 или така нешто. Али битно ради тоа полагав и матура ]:)

    Во трета се стабилизирав и четврта супер ми беа. Поминував со сите 5ки. Ако ве интересира Каневче се пензионира и кај новата имав петка :wasntme: :D Искачав, се забавував, бегав од часови, за се имав време и за школо и за љубов и за друштво пред се. Тие 2 години ми се најубавите години до сега. Уживав тоа време. Преубави години. Ах да би се вратила пак :)
     
  11. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    ^^^Каневче (смајли со пиштол кон глава) :headbang: ...мене Светле ми предаваше, супер си поминувавме кај неа...
    Во прва година средно, прво полугодие бев катастрофа, 4-чиња и 3-ња, потоа се стегнав малку повеќе и на крај поминав со сите петки, една од причините за тоа беше мајка ми која ми рече дека ако поминам скроз одлична ќе ми дозволи да се исфарбам..Потоа втора и трета пак со сите петки, а четврта на стара слава пак 5.00 иако и бегавме од часови, се буневме за писмени и бевме најнепримерен клас и не критикуваа на секој совет, (а претходните три год. најдобар,најмирен)...
    Мене мака ми задаваше Миле клетка-биологија, секоја година на 9 јуни ме оставаше да одговарам за 5-ка, тестовите му беа за мене многу тешки и добивав 3-ки, а усно кога одговарав 5., и секогаш викаше - еве ја оваа Лолита, сите петки, ако и ставам 4 ќе ме убијат на совет... :lol: .
    Средношколските денови се најубави и некако најбрзо поминуваат...најубави спомени... :)
     
  12. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    леле шо ке беше ова сите феминки бубаличиња сме биле, сите само петки сме имале , ај добро и по некое четворче,тројче... ;)
    и јас бев да кажам бубалица, завршив со просек 5,00, единствено имав математика проблем не дека не знаев, ама таа професорката ми беше права вештица, баракова :devil: :D
    а и физичко имав проблем ,мн сум тромава,не сум мн по физичките активности, и си имав послаби оценки, ама дека сите петки и таа на крај ми беше петка ;)
    најповеке си ги сакам последните две години кога на сите одмори ги меревме ходниците за да си ги гледаме симпатиите, леле камо да можам да се вратам малку :lol:
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Одлична, но не и примерна :lol: си бегав од часови епа луди години што да се прави.
     
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Првите две години бев одлична, а последните две - I went to the Dark Side, и поминав многу добра.
    Имав и двојки и тројки и четворки, просто ми одеа сите на нерви, станав некаков си бунтовник - со и без причина :D и сакав да видам како е да си таму, на другата страна , со "повтарачите."
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Бунтовник без причина. :D

    Со оценки супер стоев, одлична сите години бев. Во трета мислам имав некое четворче, а во четврта добив тројче во диплома од професорката која неизмерно ме сакаше, ама на крај на трета се скаравме, за на крај да ми стави 4ка, а во четврта ме зезна, во диплома 3че. :devil:
    Гупачка. Ама јас уште повеќе ја зезнав, фацата и падна на земја кога за матура го полагав нејзиниот предмет (екстерен беше), и добив 5ка. :rock:
    Глупава, лигла, неписмена една. |( Ми доаѓаше да и ја мафтам дипломата пред фаца, за да виде дека матурата ја положив со сите петки (само едно четворче, ништо важно :lol: ). Ама поради нејзиното тројче не влегов во државна за половина поен. :devil:

    Се изнервирав, забележавте? :D

    Ииии такааа. Е сега не дека бев бубалица, хаха, даааалеку од тоа бев, ама како и сите така и јас понекогаш знаев да се провлечам на стара слава, и знаев како со професорите. Ептен си се сакавме. :$ Таква ми е ѕвездата. :D Шта ќеш. :D
     
  16. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Бев одлична (5.00) сите четири години, но некои оцени да бидам искрена не ми се заслужени.
    Учев кампањски, пред тест или испрашување а највеќе учев второ полугодие да ги средам оцените пред крај, а прво секогаш сеуште ме држеше еуфоријата од летен распуст па го гурав со послаб успех но се одржував пак за да имам основа за 5 на крај.

    Премногу сакам да се вратат тие денови, уживав премногу а на професорите им бев многу чудна зошто кога предаваа јас бегав, одев на кафе, дремев пред школо и т.н. А кога имаше испрашување се цртав прва во училница и се знае ќе се јавам ко доброволец, ќе ми стаи 5 и после неколку недели само неколку пати ќе и се појавам на час. Но со една професорка имав проблем заради тоа, таа бараше присутност а тоа мене ми беше слаба страна, ми стави 4 за на крај, па пишував приговори и триста ми ти чуда за на крај да ме седнат у комисија од 3 професори за да одговарам за 5. Ќе си пукнеше жената кога професорките рекоа дека се изненадени како сум имала 4, сум имала одлично познавање од предметот и т.н.

    Државната матура ја спремав 2 дена, одсекогаш ги читав делата па само разлистав тетратки, со англиски имав проблем но се снајдов и да бидам искрена препишав се, а есејот другарката до мене ми го издиктира, другото ми беше лесно ко песна...

    Ми се вратија спомени од еден прекрасен период... :)
     
  17. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    И ден-денес не успевам да си објаснам себеси како успевав да бидам одлична во средношколскиот период.Буквално 3 пати на ден бев излезена чаршија :lol: ,пред часови-еднаш,после часови-повторно и вечерта честопати пак.Инаку бев природно-математичка гимназија,која покрај тежината на материјалот се одликуваше и со доста строги професори,барем на мое време сеуште постоеше поголем респект и стравопочит кон нив.
    Морам да признаам дека често се будев кога бев прва смена и учев во 4 или 5 часот наутро и тогаш многу брзо и со минимален труд ми успеваше да го запомнам материјалот,математиката ми одеше ама ни оддалеку не и‘ посветував доволно време и внимание,учев неколку дена пред писмена работа,само во четврта год.обрнав нешто поголемо внимание знаејќи дека вишата математика е присутна и на факултет.Од јазиците имав само англиски и одев на тоа да го усовршам него,си мислев како е подобро да знам еден јазик навистина добро,отколку неколку лошо.Со природните науки имаме меѓусебна љубов и симпатии уште од основно :lol: ,меѓутоа тогаш бев поодговорна кон учењето,одев и на секции и посветував поголем труд и внимание,па дел од тоа стекнато знаење ми помогна многу во средно.
    Инаку ги читав сите лектири и слободна литература,а состави пишував на лице место,никогаш не сум отишла со напамет научен состав по македонски јазик и литература на писмена работа.
    Ми се провлекуваше и по некоја четворка и на крај од вкупно или максимален број 30 поени кои ги носеше успехот за упис на факултет бев рангирана со 28,85.Со оглед на вложениот труд бев повеќе од задоволна од успехот,иако да си признаам знам дека и во средно и на факултет можев многу повеќе,но ете ми беше важно и да излегувам,да се дружам и не секогаш успевав да избалансирам добро,меѓутоа не се каам,пак би одбрала така,бидејќи зошто ми е просек 5,о или 10,о без никаква социјализација.
     
  18. Caramelle

    Caramelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    28
    И јас си бев одлична цели четири години со просек 5.00 ,уствари од прво одделение до четврта година си терав со петки 8) :D Обично ми одеше се' паралелно ,само некогаш математика ме зафркаваше,сеа не можам да кажам до професорката беше,она точно дека беше строга....и стара :) ..ама сепак на крај си имав петка....ама никогаш не се осетив и не ме познаваа како бубалица....Па мислам сите бегаат,бегам и јас :D сите на кафе,на кафе и јас :D ....е сега некогаш се случуваше на стара слава да ме оценат на крај или така нешто ,ама битно сите оценки ми беа заслужени ..со труд :!: и нели на некои професори и треба нели повеќе,на некои помалку :) ..И да ..најмногу се нервирв,дојде време на тест,и сите сакаат да препишуваат ,а јас дома сум се мачела,сум учела,а тие се шетале ..ама ај...шо сум многу арна :tmi: ...па шо да им правиш...како и да е..прекрасен период од мојот живот..... :)

    п.с. поздрав до класната,опасно бабиче :D
     
  19. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    43.155
    Дежурен прераскажувач на лектири, хипик со коса како куче да ми расте од главата, секогаш со петки по предметите што ме интересираа, со тројки по предметите што ги презирав, со се професорите.

    Комплетна аутсајдерка, ама не од оние што ги гаѓаат со книвчиња :lol:. Кога во втора фатив дечко што беше четврта, меѓу смени и одмори си терав свој филм на неразбран уметник. Којзнае колку смешно изгледало тоа! :D
    Ништо не памтам особено од тој период, освен првата љубов, многу смеа со единствената другарка со која се уште контактирам и јадењето тост по пола на одмор.
     
    На Domino и Valerin им се допаѓа ова.
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    И јас бев дежурен прераскажувач на лектири :D
    Се сеќавам кога Тврдоглави ни беше за обработка, се собравме кај еден соученик дома скоро цел клас, и до детали им ја раскажав. Па сите знаеја се’ за книгата, а мене кога ме стана професорот, вака стресено ко шо ме дал Господ, од трема не кажав ништо паметно па мислеше не сум ја прочитала :rofl:
    Се смеам кога ќе се сетам.
    Инаку, одлична бев, ама не преку цела година. Си учев само она што ми беше интересно, а другото го оставав за поправање :) Пример по географија имавме една толку неинтересна професорка, што ми се темнеше при самата помисла на предметот.
    Физика, да ви кажувам за физика :D
    Ги знаев сите лекции, редовно ги учев, а почнував со кец. Професорот испитуваше само доброволци, а јас имам една фобија која и да ви ја објаснувам нема да ја сфатите. Тие што не станале како доброволци си имаа 1, па после тој ги стануваше да поправаат, и така на крајот стигнував некако до 4.
    На секое испрашување беше ова (се смеам и за ова многу): "Ајде Ливинг ајде ајде собери храброст ништо страшно не е." Срцето со пулс 200, јас се охрабрувам се’ додека не ѕвони :D :tmi:
    Си љубев математика, ликовно, музичко, македонски, хемија...
    Не сакав физика, географија и физичко. И по физичко имав двојче преку цела година, па на крај ќе се смилуваше дотичниот одвратен професор и ќе ставеше 4. Во годините кога не ми беше тој професор, си имав петка физичко 8)

    Уствари шо ве замарам ко не ве интересират? :^)
    Нема врска, напишав веќе :lol: