уф темава ме боли бев одлична сите 4 години просек 5,00 премногу примерна, награди, стипендии и се каам. имав некое пореметување во мозокот каде уште од мали години имав самосвест и неможев да си дозволам да правам глупости. не бев nerd ама знаете од оние што учат цело време, што се по натпревари, разни секции невладини организации, претседатели на гимназискиот совет дрн дрн. и што к...? јас искрено не памтам ништо од средношколските денови, ги памтам драмските секции патувањата за натпреварите нервирањето и организирањето на нешта додека другите лудо се забавуваа. мн ми е тешко кога ќе седнам со друштво на пример со вереникот и они имаат цело време прикаски, а јас што да кажам? али јеби га времето неможе да се врати назад, така сум функционирала и да сакав понаку не ќе можев.
Во прва и втора година посакуваниот просек од 5.00 ми го квареа тројките по математика . Ама затоа трета и четврта година немав математика ( пошто бев правен смер) и поминав со сите петки.
Прва и втора година бев со сите петки освен една 3ка (оти се карав со професорот и јас не попуста ни он) трета уште од прво полугодие просекот ми е 5,00 (не го учам тој предмет веќе) така и ќе заврши. За 4та не знам има време
Бев скроз одличен ученик 5.00, и факултет завршив со висок просек ама денес гледам дека во нашава земја не се вреднува квалитетот туку партиските книшки и пријатели. Денес родителите се тепаат со професорите децата да им бидат одлични или да ја поминат годината, порано имаше многу добри, добри и доволни денес сите се одлични па кога ќе дојдат на факултет незнаат каде се. Така да денес не е важен просекот важно е во каква личност ќе се изградиш.
Сите 4 години бев одлична, прва и трета 5.00, а втора глупавата професорка хемија ми остави 3че. А не дека незнам, многу се карав со неа. И во право бев што е најтрагично. Е четврта е друга приказна. На крај имав две 4ки, ама тоа дека ич не ми се учеше. Во школо не се свртев таа година. И не се каам. Ми останаа многу спомени
5.00 сите години Ама бегав од часови, се расправав со професори, понекогаш само 3 часа, и ајмо на шетање со мај бестиес! Дремев на час, слушав музика, препишував, само последниот месец ќе се активирав, и сите 5ки NERD сум била само првата година, па веќе знаеја професорите дека сум редовно учам
Одлична 5 Основното едвај го претуркав, падни стани беше работата, ама затоа се опаметив во средно. Си реков абе нема фајде од денгубење, па така стана од мене бубалица Далеку од тоа, поради тоа што бев најдобра мислев дека имам право и да беснеам, па си имаа малку мака со мене
Некој назад пишал дека се бубалици биле на Фемина. Така мислите, оти другите се срамат/срамиме ( ) да си напишеме. Каква ученичка бев, ќе си премолчам мудро.
Интересна темава. Па првите две години бев одлична, не 5.00 просек, ама добра бев. Си бев бунтовничка уште од почеток, се карав со сите професори, расправав криви-дрини, делев правда. Во трета забегав уште од повеќе, се скарав со професорот по математика и ме остави на полагање, за инает не дека не знаев на крајот, ама устата олкава ми беше очепатена . Сепак успеав да извлечам просек за многу добра. А во четврта пак си бев одлична, само овојпат си ја научив лекцијата, не се расправав повеќе, туку воопшто не одев на часови. Кога ќе појдев да одговарам кај некој од професорите се чудеа дали воопшто во генерацијата бев. Мислам одев јас на часови, ама ретко така кога ќе ми се погодеше денот. Оти па секогаш не ми беше дн`, па требаше да се расправам не за друго. Како и да е си запишав факултет јас, и на прв ден мама ми рече(цитирам): -„ Де- Ловли само ако си ја отворила устата да се расправаш таму, и правди да бараш ( зошто кај што има сила правдина нема) лично ќе дојдам и со се документи ќе те соберам„. Што ќе правам морам да ја слушам....
Одлична ученичка бев, со сите петки. На почетокот учев редовно, лекција не пропуштав, но после во 3та и 4та почнав да „одмарам“ малце и ми се случуваше и по цела тема да ја учам наеднаш, но сепак многу работи и денес ги памтам. Не бев од оние ученици што секогаш први се јавуваа да одговараат, ниту пак од оние „ јас-јас“ ученици што седеа цел час со крената рака и што секогаш седеа на прва клупа и му беа потрчковци на професорот. Не бев ни проблематична, ни бељаџија, но си ги барав и бранев правата - не со расправање и кавги, туку со аргументи , кога имаше потреба се бунтував ( сепак за мое добро) и не кријам дека и бегав од часови ( не секогаш, но ми се има случено ).
Во основно бев првенец на генерација, ама тоа беше во основно Во средно се запишав на непосакуваниот смер, па можете да замислите што беше Шегата на страна, прва и втора бев многу добра, а трета и четврта бев одлична. Не учев ниту една година т.е не бубав, но секогаш читав пред час и имав среќа да ми се погоди тоа што ќе го прочитав како прашање. Им бев и многу мила не некои од професорките,а со една зборувавме често за шминки, па само еднаш ме испраша во 2 години ама затоа англиски сиротата јас секогаш имав единица со молив, а на крај на годината имав 4ка Морам да објаснам зошто. Бев меѓу последните во дневник и таа секогаш почнуваше од назад да испрашува и сите бевме неспремни и така таа кој стане неспремен т.е одбие да одговара му ставаше 1. Кога стигнуваше до мене јас само и велев епа професорке и мене 1 кај неа одговарав на 7,8 јуни и добивав 4ка, ама затоа што се бунев многу. Речиси секогаш одговарав сама и доаѓаа професори кои бараа 5ка тука на овој, 4ка тука на оваа, знаеш мајка и работи како директорка, знаеш татко му работи како доктор итн и јас и велев епа што се тие повеќе од мене, јас барем доаѓам да одговарам, а тие? И така секогаш ми велеше ти паметно девојче си ама те мрзи да учиш. Не ме мрзеше колку што ми беше одбивно училиштето.
Јас по математика редовно полагав, секоја година и се во август ме оставаше да ме доцеди. Во трета ми вика "Ќе се видиме во јуни", само и реков, "професорке, зошто да идам за џабе во јуни кога секако ќе морам и во август да идам" Редовно бев со незадоволително поведение, затоа што искористував до максимум да бегам и отсуствувам. Од можни 25 неоправдани за бркање, јас имав 24 и не прекорачував. Со 200 оправдани се полагаше вонредно, а јас секоја година правев по 180. Тие неколку си ги оставав за зли дни И редовно потполнував пријава и ставав потпис на неа дека нема да бегам повише Во трета на последното тромесечие имав 9 кецулиња и абер немав да ги поправам, 6 од нив беа чисти, цела година си стоеле. Последната недела ќе седнев да учам и последниот рок за одговарање секогаш го фаќав, што би се рекло последниот воз Секогаш влегував со 4 кецулиња на совет и со два излегував, ги оставав за полагање тие Ама што да правам, средно - хемиско, одвратно. Нешто што никогаш не сум сакала, ама од немај каде таму се запишав
Во прва година средно имавме дури 17 предмети, секој ден имавме по 7 часа, освен петок кога имавме по 6. Не знам стварно дали на друго место го имаше ова малтертирање , баш ме интересира да ми каже некој што учел во овој период (инаку учев општа гимназија и прва година бев во периодот 2002/2003) навистина беше премногу напорно зошто одев и на часови по англиски, математика, латино-американски танци и играорна. Комбинацијата од напор и една злобна и нереална професорка направи прва година за една оценка да не бидам одлична. Втора година имав две четворки, додека трета и четврта година поминав со просек 5.00. Инаку си имав и неоправдани бидејќи нормално се бегаше од часови, ама не јас само иницијативно туку цел клас.
17 кои се тоа ??? од каде ли ги изнајдовте толку.. :ѕ што е многу е многу Иначе средно беше закон . Немав проблеми со оценките, чат пат некое 3че , 4че ама ретко. Сакав да учам , обожавав да одам на часови, многу сложен клас бевме. Ретко бегав, да не речам никогаш. Дури во 4та малце се опуштив па знаевме некогаш со другарките да побараме да не ослобат од час, а бидејќи бевме сите добри ученици без проблем не пуштаа. Ми фалат тие денови..премногу..
Бев одлична ученичка, освен втора година кикснав завршив мн добра. Бев голем бунтовник, секогаш се расправав со професорите, одев кај психолог мн често, на крај кафе си пиевме Бегав од часови постојано, во прва и втора имав вкупно 20 изостаноци, а во трета и четврта вкупно 420 ми кратеше класната да не ме избркаат од школо. Најлудо беше што четврта година ја почнав на 15 ти септември
хех браво за темава...во прва година бев во налјудите пубертетот ме тресеше сто на саат заљубена па нешто бев ептен леле леле само на него на часови думав....за да налупам 6 кеца на полугодие,моите си ја трескаа главата од цид а јас упорно си терав по свое..се вадев на интелегенција некоја некоја врска и на крај знаев да сум одлична...леле како ми леташе паметот тоа дури чудо е....одлична следните години....со мн мн неоправдани...леле кога ќе се сетам...значи имав поенцијал ама не го користев максималнмо претежно на кафиња и љубовни јадови го користев хах
Јас средното го завршив со просек 5,00 Кога ќе се најдев во тесно бегав или по цел ден не одев на училиште, а докторот ми беше цар и ми даваше оправданија. А јас дека бев супер ученичка од доверба не требаше родител да доаѓа да потврдува Ги имам добиено сите можни оценки но до крајот на годината успевав да ги поправам. Моите често знаеја да ме прашаат до каде сум со оценките, посебно мајка ми. А татко ми тајно набљудуваше да не излетам од колосек Најголем проблем ми беше физичко. Е тоа не се учи, или те бидува или не, но добар ми беше професорот Средношколските денови се најубави. Тие што велат дека студентските се поубави - лажат
Ахх средно спомени! Секогаш бев на работ мн. добра - одлична...просек 4.55 ( мислам дека беше ) секогаш на крај на година имав! Така да одлична сум си била сите 4 години. А поведението никогаш не ми беше примерно Имав среќа што скоро сите професори ги знаев а класниот ни беше куќен пријател Ех, колку сакам да се врати тоа време средношколски денови Периодов ќе го паметам како најлуд...ми се погоди класот! Сложни бевме!