1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Какви ученици бевте во средно?

Дискусија во 'Образование' започната од anste, 17 април 2011.

  1. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Одлична 5.00 просек секоја година. Ама признавам не ми беа сите заслужени. Во прва година да учев ко ненормално, бубаличе право, мирно, тивко глас не ми се слушаше. Ама постепено почнав што се вика да пркнувам да покажвам рокчиња. Понатаму имаше предмети што ги сакав, ги учев, а имаше и такви што се вадев на стара слава или општа култура. Единствено Германски на крај ми ја пишеше 5ка оти сите ми беа 5ки. Учев многу Германски прва година и вкупно имав 4 оценки во дневникот, една 4ка и три 5ки, па професорицава на крај реши дека не ми била сигурна оценката, па зеде со сите што поправаа кецови и јас да си ја загарантирам 5ката пак да одговарам. Се знаев и на крај ми вика пред сите атер на мајка ти ке ти пишам 5ка иначе не си баш за 5ка ( се знаеле од негде со мајка ми на времето ). Замразив и германски и неа и се. Наредните 3 години буквално книга не фатив германски за инает. Вадев двојчиња тројчиња на писмени од на часовите што слушав, ама на крај ми пишеше 5ка на совет или класната ја присилуваше.
     
  2. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Бев одлична ама не бубалица :!: , бегав редовно од часови, носев лажни оправданија, препишував понекогаш на тестови... и никогаш не завршив година со сите петки! Задолжително си имав по една до две тројки во свидетелство најчесто на инат од некој професор а понекогаш и заради мој инат :D !
    Бев меѓу најдобрите во класот :$ но признавам дека во четврта многу оценки ги добив на стара слава 8) Професорите престанаа да губат време со мене во испрашување па пишуваа петки без да ме проверат,но тоа беше само во четврта! Другите години си учев доста и заслужено си бев петкашка :lol:!
     
  3. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Одлична бев, само не со просек 5.00, ама важно одлична. :lol: Не бегав многу од часови, само кога навистина имав потреба, немав многу неоправдани, за лажни оправданија не мора ни да кажувам дека носев, а препишувањето ми одеше одлично, не се сеќавам да ме имаат фатено во мојата препишувачка "кариера". :lol:
    Повеќе слушав на часови, бев голема мрза да седнам и да бубам дома. Природните науки ми одеа одлично, хемија и математика посебно, бев меѓу најдобрите во класот, ама затоа мнооогу мразев историја, најмногу заради професорката. И физичко, затоа што бев тотален антиталент.
    Преубави денови беа тоа, ми недостигаат. :(
     
  4. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    93
    Одлична со по некоја 4ка и и тоа најчесто по физика за која уствари и не заслужував ни 0 да имам оти не ја сакам ичччч и електро предметите исто така. Инаку бегав само колегијално. Еднаш бев претседател на класот и нејќев никогаш повеќе затоа што за сите глупости што ги правеа школските мои, мене ме прашуваа професорите а јас морав да лажам како идиотка нормално за да не ги издадам. Преубави времиња беа тоа сакам да се вратат пак ама нема назад, тоа што било поминало :)
     
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Примерна ученичка со просек 5,00 :wasntme: И избегав на матурата бидејќи бев последниот Мохиканец кој го фати законов да према просек се избегнува матурата доколку си со сите 5ки од 1ва до 4та на полугодие и за крај на година.
    Ама се испофалив, отиде Ромката на распуст што да правам :D

    Јас сум тип на човек кој никогаш не бубал ниту претерувал со учење, дали кога спремав испити или во средно. Значи фаќам книга на саат време и правам пауза. Што не влага во акалот, нема да влезе ни со 3 саати седење. Плус секогаш сум учела аналитички и по логика. Никогаш не можев да ги разберам оние што бубаа на памет, и прекини ги и одеднаш штама....и вртење со очите. Тоа не ми било никојпат јасно. Јас сакав да разберам, да го научам основното а на испрашувањето се вадев со елоквентност (разбирај, зборлесто моме сум била) :)

    Абе јас бев фраерче во средно, што ќе се лажеме :emo: Пред некое време кога бевме собрани од клас ме нарекоа - фраерска бубалица, се дружеше и зезаше со сите, а сепак не бубаше туку си учеше ко што треба :D
    Плус не е дека саде 5ки ми го красеа дневникот. Се наоѓаше по некое 4че, или по некој кец - два, три... со кои до ден денес си се гордеам - математика (и тоа два пати за една револуција што и ја дигнавме на жената и за вљубеност веројатно, којзнае кај ми бил паметот на писмената), психологија (ах таа охриѓанката, што живци ни искина, и на неа од инат не и одговарав и ми го шибна кецот после).
    Всушност повеќето од кецовите ми беа за бунтовност. Кога знаев дека ни се нанесува на нас како на клас неправда, со задоволство се бунтував и бојкотирав или писмени или испрашување, ама онака колективно. И ми беше гајле што тоа можеше да ме чини и полагање на матура.

    Фраерска бубалица, ви викам јас :D
     
    На richgirl998, Little-one и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  6. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Хехех барем се утешив со некои од вас :wasntme: , толку паметни девојки а сепак не минувале скроз одлични. Сега сум трета и најлоша со успех. Прва и втора едвај одлични ги минав а ич не учев, моите дома се чудеа кога им ги носев свидетелствата. Ме зезаа дека фаќам книга само во веце :lol: . 5ки и 4ки а лани имаше и едно 3че :devil: . Ама нема врска, ај да видиме оваа година што ќе ја направам, живци кинам и се жалам по форумов дека историјата ја мразам а и математика оваа година не ми иде баш |( . А па и баш ми е интересно, мора ли се да бидам одлична, до осмо се си бев одлична па чекај малку и другиот средношколски живот да го доживеам :lol: . Бунтовна сум си, кога не ми се седи или кога не сум спремна си фаќам сеири по кафичите и така, се гура некако :)
     
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Бев од желните за прераскажување приказни, филмови, политики бистрење, филозофирање... а и што не би кога од сите три редици избрав 4 години да седам во редица со машки, (нормално, останатите беа женски редици) јас и другарката до мене. Обично секој професор ме испрашуваше по сто пати во текот на годината, ма што зборам во текот на едно полугодие, тромесечие ли како и да беа поделени сум ги заборавила, само за да ми заклучи една петка, а и не ги обвинувам... дродорев, не бев баш, а и не изгледам баш како најумните суштества на планетата, повеќе ко одвеана од виорот, секаде сум само не таму во моментот :). Па и не учев нешто посебно многу, имав само став дека знам, речник да дополнам што не знам, манипулаторска способност да заматам мозок и одвлечам внимание, а да и мозок да запамти пред час, се што треба. Така да бев од оние подобрите, само никогаш од оние со два прста кренати.
    Памтам во 4та година нов професор, секси задниче го викаше другарката моја, и јас стандард седната со грбот залепен на ѕид и зборам со тие пред и зад мене... и ме скорна да ме подиспраша, зашто не би, и си почнав си зборам си раскажувам и го слушам како зборува со девојките од прва клупа, баш кај катедрата „абе девојчево ви учело?!?“, и тие климаат со глава, отвара дневник, гледа петки.. и така, омилена му бев за испрашување, да провери да не сум заборавила нешто да повторам од минатиот час. Ама, не дека јас престанав да зборам :) Ист проблем си имав со филозофија професорот, дури и поозбилен, пошто ми предаваше и социологија... мислев човекот ме мрази, пошто не беше тоа испрашување беше бесадење, филозофирање, саде борба у арена со професорот :) али испадна дека бидејќи многу ме сакал ми го правел тоа.. ме почитувал, така кажал на некој од состаноците. Абе.. средно школо. :)
     
  8. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Их бее... колку само го неќам средното, едвај чекам само да се сеќавам на него |-)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    1-Многуууу ама многу добра, за една оценка одлична :lol: ( пуста математика :D )
    2-Добра :tmi: ме фатија бубачките :D (моите чим таа година не ме избркаа од дома -никогаш нема !) :tmi: :D
    3 ( веќе созреав :D )-Одлична
    4-Одлична

    . :D :D :D
     
  10. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
    Цел живот сум одлична во школо, никад не сум била многу добра.. основно стално сум имала 2,3 четворки максимум... а во средно прва и втора исто со 2 четворки, трета и четврта сите петки- многу малку неоправдани, абе ученичка за пример хахаха :rock: па еве запазив добар успех и во факултет... само морам да напоменам дека голема маана ми е што не учам редовно, туку кампањски, па после чури главата :^)
     
  11. plawa

    plawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    130
    Дали е можно да сум била една од најлошите средношколки во Македонија ?!
    Прва година - мн. добра
    Втора година - добра
    Трета година - мн.добра
    Четврта година - мн.добра
    Секој обид за учење ми завршуваше со зборење на телефон, пиење кафе, гледање филмче...
    Често си бегав и си носев оправданија...
    Место на часови дремев по кафичи...
    Типична средношколка занесена во првиот дечко, желна за трачарење со другарките и криење со цигара зад школо...
    И покрај зборовите на професорот Клетка (гледам го спомнале погоре :) ) дека плавушите се глупи и дека ме гледа во иднина како му го уништувам животот на некој богаташ :D си се запишав на факс и со десетките докажав дека не е у право...
    Кога ја добив првата десетка ми идеше да му отидам, да го удрам индексот од маса и да му речам “ Кој е сега глуп женомрзецу“ :^)
     
    На richgirl998 и firequeenn им се допаѓа ова.
  12. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Средно ми беше еден преубав период, кој да можам би го репризирала уште 100 пати.
    Бев таков ученик каков што посакуваше да има секој професор во класот, со сите петки (освен математика) уште од прво тримесечје. Со математиката сум скарана уште од прво одделение, и откако знам за себе најјаки петки вадев по се, а математика двојчиња, тројчиња... :D И по некоја четворка се најдуваше. Не е дека не обрнував внимание на тој предмет, ама не сфаќав макар учела 5-6 часа математика на денот. Секогаш сакав да сфатам, да извадам и јас 5, се трудев, ги решавав задачите ама кога не оди не оди :D :D

    Затоа пак хемија и биологија кога одговарав тогаш еден час ми беше малку. По тоа ми немаше рамен од секогаш по тие предмети растурав. Физика исто. Во класот едно време Свети Спас ме викаа затоа што кога се немаше научено Спаркс се јавуваше доброволец да ги спаси сите :D

    Но иако бев толку јак ученик никогаш не се затворав само дома и само да учам. Знаев да го организирам времето па секогаш бев појдена и на кафе со школските, и во кафана, исто и дома кај некого се збиравме многу. Дури и поубаво си поминував кога бев со школските отколку со другарките.

    На часови ми беше преубаво, часот започнуваше со кажувањето на виц од еден другар, а завршуваше со мој. Секогаш владееше преубава атмосфера во мојот клас, кога се учеше се учеше, но кога се смееше се смеевме сите. Јас бев такво дете секогаш да каже зафрканција, понекогаш да дофрли нешто па да се изнасмееме и обавезно бев праќана по маркери, дневници и слично затоа што бев најмала во цел клас :D

    Некогаш едноставно дома не ми се одеше. Четврта ја завршив со 0 оправдани и 0 неоправдани.

    Се на се, средно ми беа преубави 4 години од животот.
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.067
    Фул петкаш,политичар,ескиватор од предавања,легален бегач и нелегален бегач по околните кафиќи.Изнудував оправданија по матични лекари зошто ме мрзеше да станам сабајле многу често,знаеше и да заврне,па ете,ќе настинам или па сончево време,мора да се искористи.И секогаш си викав,е од утре нема и ќе учам редовно,а не коа ќе најавеа писмени и испрашувања,не знаев каде сум едно две-три недели.Ќе си ги наредев петчињата,што на бунт и политика,ако ми бил глуп предметот,што со учење.Се исплатеше стресот,ама крајно неразумно,три месеци да се ашкаш и да не правиш ништо,а две недели ко студент на факултет.Професорките по македонски особено ме сакаа со се класот на тие часови.Едино тоа не ми беше ама баш никаков проблем редовно да го обавувам,да земам и да прочитам дело за обработка или лектира.Јас си зборев и зборев и зборев,си раскажував,си критизирав,си мрчев,одолговлекував,подпрашував и ги вадев раскажување дела и верувале или не,ме поткупуваа со сникерс! :D
    Моите...одеа на школо еднаш во годината на родителска и многу се лутев ради тоа,зошто на крај,јас учела или не континуирано,со свој труд си ги вадев оценките,а имаше и такви кои ниту еднаш не запнуваа,па пак излегуваа одлични,ако не со сите петки,со доволно за да бидат одлични или мн.добри.Ама тоа е и ден денес им префрлам за тоа,а моите и понатака политички ме пеналат,еее да,ама ти стекна навика за учење за на факултет (ахахахаха да од средно сигурно ми е! :D ).

    Фино,фино време,ја би го пак,ама одиме даље.Имам еден прекрасен спомен,приказна,која ќе им ја раскажувам и на моите деца.Во средно ги сретнав едни од подобрите другари и другарки,но и (не)другарки и олицетворение на комплексите у светов.Многу се дружевме и кога ќе се сетам какви екскурзии сме имале...ааах...Пред некое време бев во моето средно нешо да си земам и ...не бе,само тоа место на светот го има тој мирис во воздухот и безгрижност.Едно убаво ми дојде...

    П.С.Сте коментарисувале дали сте биле у ин или аут клапата.Мене ме нервираа тие поделби (овај нели) и одбивав да припаднам некаде,па се дружев со сите,ама баш со сите.Некогаш ми се лутеа,ама баланс,тоа е.Си ги поштував сите еднакво,иако се дешаваше да се ругаат и караат јавно,јас бев Фуере или мудро се повлекував.Со едните бегав и пиев кафе,излегував по викенди,со другите се консултирав за учење,си седев у училница кога ме мрзеше друго да праам,ги канев на кафе,ама ретко се дешаваше да ги соберам,пошо сакаа да одат да учат децата! :D Сите ми беа кул дечки со кои уште си го имам здравото,а со дел од нив сеуште се дружам и бевме повеќе на иста бранова должина тн паметни бегачи! :D Бре,бре!Кога се учи се учи,кога се бега се бега,кога се пие се пие,кога се излегува се излегува и тоа е.Се имаа и подочњаци од кафани во четврта средно,ама такво си беше времето,не требаше да се пропушти ништо!
     
    На QueenElena, richgirl998, najubava2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Одлична четири години, ама со квалитетно задебелена двојка во дипломата на крај по Хемија :rofl: стварно, и ден денес сум тапа, ама тогаш бев врв за незнаење, а уште повеќе за незаинтересираност за хемиски процеси, равенки и слично. А плус и во редовна кавга со прифесорицата, што резултираше со фрлање на маркерот на последниот час пред полагање, директно на нејзината медово кафеава сукња и една линија кога се исчкрта :o :rofl: Добро е што добив и двојка, многу ми е :rofl:
    Уф, само колку ми недостига средното, школските :( ептен многу :x
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Јас бев одлична, но редовно со 1 или 2 четворчиња на крај :P и со многу малку изостаноци, благодарение на класниот хехе. Ееее најубавите годиниии :wasntme:
     
  16. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Секогаш многу добра во прва и трета со 4,3 просек (поради математика и историја) а у трета класната несакаше да ме пројде одлична иако од нејзиниот предмет сите ми беа 5 писмено, усно ама ете не и бев по кејф не ја слушав премногу колку она што сакала. Втора 4.0 просек, бев револтирана од трета. А четврта едвај многу добра... не ми се учеше ич , бегав нон стоп, имам намалено поведение и не ми е гајле пак си се запишав на факултет таму кај што планирав и сакав (тогаш).
    најголем проблем со учењево ми е тоа што учев кампањски -ако научаам ќе одговарам ќе си добијам 5ка ама ете следното испрашување нема да сум расположена и нема да сакам да одговарам и ајде расипиги 5-чињата
     
  17. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    Прва бубалица, втора така-така, трета и четврта на стара слава. Фул петкаш-молам ;)
    А бегање од часови нормално, вообичаено оправдани. Пред некој ден чепкав по фиоките и наоѓам ливче, мал формат, на коцки, со текст:
    Почитувани
    Ученичката Вероникавероника, на ден 04.02.1999, беше оправдано отсутна од училиште поради болки во стомакот. Оправдание од матичен лекар неможе да достави бидејки ни доцнат картоните. Ве молам да и ги оправдате часовите. Потпис ( шкртки мртки-демек на татко ми) :D
    Ама се искршив од смеење. Којзнае зошто оправданието не завршило кај класната :^)
    Како и да е, тогаш едвај чекав да завршам, а сега ;(

    пс. А ми викаа уживај додека можеш, само кој да знае :emo:
     
  18. Idiotka90

    Idiotka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    36
    Бев скроз одлична од прва до четврта, немав ни една четворка ни на полугодие ни на крај година. Редовно си учев, единствено второто полугодие од четврта година го поминав на стара слава али ајде сите матуранти забушаваат. За бегање од часеви не бегав, се ослободував, професорите им веруваат на одличните ученици и не ми правеа проблеми.
     
  19. ivo-na

    ivo-na Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    39
    Одлична сите 4 години, со по некоја 4ка и неколку неоправдани изостаноци, а во 4 бев и претседател на класот :lol:
     
  20. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    за успехот 5.00 сите 4 години, а и на државната матурата поминав супер :)
    Во прва година бев примерна, не се бунтував многу, и не се мешав во секоја расправија!
    ама во 2ра 3та и 4та наплатив за 1ва повеќекратно
    Бунтовник N.1 (класната ме викаше ЛИДЕР хах). Но и покрај тоа секогаш ја имав наклонетоста на скоро сите професори (не ми е јасно само како- дали зошто цело време се јавував како доброволец да одговарам... НЕ ЗНАМ СТВАРНО НЕ ЗНАМ :lol: :lol: битно добро си поминав )
    Средно.... денови што САКАМ да ми се вратат!