Прва,втора и трета-одлична,а сега за четврта би требало исто. Не сум бубалица која стои мирно како прваче и го слуша секој збор на професорите(како некои (ее ова го рече професорката,мора така да се направи бла,бла... ).Напротив може да се каже дека сум една од `најнемирните` во клас,понекогаш знам да се спречкам со некој професор,да му презборнам или едноставно да се закарам ако нешто ми згрешил. ама кога треба сериозно да се работи,знам да бидам најдисциплираниот ученик на светот. Спојлер Еднаш професорката (што многу ја мразам)во сета жештина ме прати дома до кај една ученичка да го земам нејзиниот учебник и требало во моментот Ејј што и бев јас потрчко?! Собрав два и два си прошетав неколку кругови низ град и фино лепо си се вратив при крај на часот и и реков како никој немало дома кај ученичката. (и мило ми е што така и сторив .!.
Прва и втора година не ги сфатив работите сериозно, едвај со четворка минав. Во трета имав само 1 тројка и 3-4 четворки, важно одлична минав. Сега во четврта добро почнав. Имав некои киксови по 2-3 предмети на почетокот, затоа имав 3ки по тие предмети.Но, добив пофалби од тие професорки да продолжам да си учам, ќе ми поправат. Всушност една и ми поправи вчера, само затоа што имав домашно. Старбакс се труде, секој час домашно има, сега ќе и’ ставам 4. И ми стави. По другиот предмет што имав 3ка одговарав, проф. ми кажа браво што сум научила. Тие две 3ки веднаш ги поправив после совет, само едната е проблем, но лесен е материјалот ќе се извлечам. На тромесечие имав шест 5ки, три 4ки и три 3ки. Ако 4ките и 3ките ги поправам, ќе си минам со 5ка. Секоја година се’ подобри и подобри стануваме во однос на учењето како клас. Класната вели да имате уште една година одлични ќе бидете сите.
Од прва до четврта си истуркав стандарден успех многу добра .И покрај мојот страв дека нема да можам да се упишам на факс со овој успех на крај не само што се упишав имав среќа во државна квота да влезам.
Што е ова бе сите 5ки и одлични Има некој што послабо учел или слабо? Е ја не сум по 5ките,иако имам две до сега Добра сум си и не учам баш,што стигнам тоа,што ми иде тоа. До сега сите години добра,а и четвра добра и ќе бидам и топ
По стручните предмети секогаш одлична, по другите имаше и 4-че и 3-че и 2-че, ама математика ич не ми се учеше, појма немав. На крај нормално сите 5-ки, што со мој напор и труд, што со врски
Четири години 5.00 ... не бев мн. мирничка, а и си учев кампањски, но секогаш знаев каде се границите за глупирање
Цело средно на крај година поминував со сите петки, не бев некоја многу немирна иако класот ми беше на господ бељата урлаа на сите часови. Јас само многу бегав од часови
Одлична бев сите четири години, со просек 5.00 Дури во четврта година сите ми беа петки во дневник. Немав друга оценка. На сите писмени, тестови и такви работи имав добиено петки, па убави си ги заредив Не сум бубалица, ама ете така ми се подредија работите. Отсекогаш сум била одговорна ученичка, татко ми и во средно ми помагаше за домашни, за решавање формули по хемија или задачи по физика. Таа навика за учење што ја имав стекнато во средно, многу ми помогна да ги совладам непроспиените ноќи за време на испитни сесии на факултет.
Сите четири години одлична, со 5.00 просек. Дури имав и најдобри писмени и тестови математика и француски јазик во цела генерација. Не дека се отепував од учење, едноставно ми идеше. Обично кога ќе ми ги ставеа првите оценки после на стара слава живеев цело полугодие. Само не математика, тоа си учев редовно. :geek: Затоа сега ми е тешко кога ќе ми текне на средношколските денови..Бев во првите во генерација, а сега сум меѓу последните..уште не сум ни дипломирана. Посебно тешко ми беше во прва година додека да се помирам со некои работи.. Да бев на друг факултет може немаше да биде вака.. Ама тоа е - што е.
Многу добра сум веќе 4 години Да ви кажам среќна сум што сум многу добра оти со ова неучење и тоа е чудно . Само што успевам секогаш кога што треба да се извлечам, е тоа ме спасува. А најлошо од се е дека ми е сеедно .
Секоја година на крајот бев со многу добар просек. Мрза бев голема и не ми се учеше. Али сега на факултет видов што е учење така да надокнадувам поради тоа што не учев
Скроз одлична сите 4-ри години.Пристоен,вреден,амбициозен ученик со по некое оправдано и неоправдано отсуство
Сега за сега сум одлична ученичка, со само 3 оправдани изостаноци Се надевам дека нема да се променам во наредните 2 години, до матура
Во прва година многу учев, се истакнав на почетокот, професорите ме запознаа и така да освен со физика и математика немав никаков друг проблем. Но, во второто полугодие посветив поголемо внимание на истите и на крајот ми беа сите 5-ки. Во втора година, почнав малку од малку да ескивирам. Учев, но некогаш се случуваше некои предмети да не ги учам редовно, да не им посветувам доволно внимание, да не се трудам доволно (тоа главно првото полугодие). Во второто полугодие решив да се вратам во нормала така да успеав да завршам повторно со сите 5-ки од кои само 2-3 ми беа на стара слава (а реално требаше да бидат 4-ки). Трета година ми помина најбрзо и најлесно. Учев, но предметите и материјалот за учење не ми беа многу проблематични така да пак завршив скроз одлична. Четврта година многу повеќе се подготвував за државна матура, главно учев кога имавме испрашување или тест, но редовно (можам да кажам дека слично како во прва година). Крајот веќе беше познат, и матурата ја зедов со супер резултати и знам дека беше по моја лична заслуга и труд .
Во прва година поминав одлична, само со една 4ка А сега втора не ми се пак сите 5ки ама сум одлична со по некоја 4ка... Иако мислам дека не се важни оценките туку знаењето кое ќе го стекниш. Исто така не се замарам многу да се трудам за предмети кои не ми се по ќеф и за кои знам дека никаква примена нема да имаат во животот. Така да, се трудам најмногу за оние предмети кои ги сакам,а за другите некогаш забушавам
Бунтовник невиден! Побрза устата од мозокот кога бев во право, имаше одредени професори кои што ги детестирав затоа што ме ставаа во кош со учениците кои дури и беа во право молчеа, а знаеја дека никогаш не молчам кога сум во право! За просекот одлична сите години. Во 2ра година со 1 четворка заради идиотот по хемија Но тие се најубавите години, неможам да кажам не. Дружбата е незаменлива, ја нема потоа. ВО основно скоро се ти е забрането, забавата е во средно! Ахх