Почнав со овие : Неколку месеци и овие ги пушев А веќе две години мислам сум со овие и не мислам да ги менувам
Родео најдобри ми се а и цената е прифатлива ИнаЧе во моментов West silver ама поретко ги пушам пошто многу скапи ми се 4евра и 70 центи ме е коштаат во Германијава
Што бара темава во Храна и пијалоци кога цигарите не се ни едно ни друго ? Подобро да се префрли во Општи дискусии, или Слободно време. Инаку непушач сум.
Ма пушам бре што ќе најдам се зезам, Родео тврдо а кога нема тоа Вест црно. Ајде сега нова тема- колку пушите дневно?
Веќе некое време не пушам, а ако ми дојде желба тоа обично е Родео Лајт. Инаку додека пушев сменив 300 вида цигари: од Бренд, Вип, Родео, Блек Девл, Класик, Ронхил... и уште многу други ама сега не ми текнува али знам дека се палев на Хрватски цигарчиња
Родео. Уште си стојам зад тоа дека од родеото поубава цигара нема. Знам да изненадам понекогаш со West,али родео е углавном.
Порано пушев различни и не толку активно, палев чат-пат по некоја, во последниве година и ипол пушев различни но најдобри ми се Вест ултра лајт, порано беа сини сега се бели. Во моментов имам Вест бело слим, но некако боље ми се стандардните подебелите, овие ми се многу нежни, кај и онака се слаби, вака тотално безвезе.
Почнав пред 4 ри години со родео и сеуште сум со нив.. мењав онака на периоди месец дена на пример вест или бос али не ги сакам ич .. а сменам цигара одма кашлам премногу .. така да јок само родео.. !
Ако случајно нема во продавницата, тогаш цела ден си се гребам вест силвер од маж ми, милиот он, па за да не му ги исчурам неговите ме гледа е вака .
мммм... прво родео, па родео слимс, пааа... давидоф голд, паааа ммм... пак родео хахахах потоа малборо голд јој ужас коа ќе ми текне на таа година и сега вест силвер