Рак се фаќа после долготрајно пушење и е плус ризик ако имаш предиспозиции и се тоа. Ако константно "пафкаш" може да добиеш рак на јазик, ако ги вовлекуваш на бели дробови. @Аничкаa Исто ѓубре е.
Некој да пушел и успешно ги откажал? Доколу има некој таков ве молам пишете ми како му успеало, иначе пушам Марлборо, 1 кутија на ден, некогаш и помалку ама џабе кога не можам да ги откажам.
Индивидуално е, ја у средно пушев исто по една кутија west, коа почнав факултет се одлучив да ги откажам првата недела ми беше ептен кризно но успеав да не запалам после тоа немав ни потреба...
Кој знае да ми помогне. Почнав да пушам Давидоф црно но некако јаки ми се, има послаби Давидоф? Тие белите (не знам дали имаше сиви) какви се ?
Јас пред 4 години почнав да пушам Давидоф бело (shape) тие ти се послаби од црните и мислам дека ќе ти се свиѓаат
Пушев 15год до лани. Активен пушач, кутија на ден, некогаш и кутија и пол! Ги оставив постепено. Прво намалив количина и така неколку месеци, додека еден ден реков дај да пробам да не запалам. Успеав првиот ден и си викам па и не е така страшно ајде ќе пробам. Имав обавезно кутија дома бидејќи во нервоза кризирав и морав да запалам и тоа така неколку пати... додека скроз не ги откажав. И еве немам запалено скоро година дена, јес да сега сум и бремена ама и да не бев немаше да запалам. Некако си вметнав во мозоков дека не ми се потребни и можам и без цигари.
И јас сум трудна, ги оставив прошлата година, ама палев од маж ми или ќе земев димче. Битно е и друштвото за оставање, одн никој да не пуши. А најмногу ми падна тешко, и не сум запалила од тогаш кога прочитав негде дека детето у стомак плаче кога ќе запалиш цигара. Браво за тебе. Се надевам дека никогаш нема пак да пробам тој отров.