Јас пред 2 месеци за прв пат почнав да постам и да се бавам поактивно со верата цигарите ги оставив преку ноќ и без некакви потешкотии ако се има желба и волја помага Бог исто и јас мислев дека нема да можам никогаш да ги оставам но еве ме повеќе од 2 месеци чист. Слава на Бог
Почнав со Родео меко , после неколку месеци ги сменив и пушев Родео тврдо , еден период Родео 100с ,ги пробав и 3-лоџик па потоа се префрлив на Винстон социјалка . Ми здосадија Винстон , почнав да земам Честерфилд портокалови 100с , после година и нешто сменив Честерфилд плави 100с . Кога останав бремена со средната , не можев да ги пушам , ми смрдеа , па земав Ротманс Блек вејв , а кога ги снема тие , ги земав ротманс деми блу . Бидејќи маалските дуќани набавуваат цигари според потрошувачката , ретко кога ги имав достапни , па ми здосади на секое да одам до маркет , се префрлив на Честерфилд тунед блу . Кога почна и нив малу малу - па ги нема во маало , конечно се префрлив на оние што порано ми беа одвратни . Сега пушам Лаки страјк компакт вајлд ( оние со едно топче и дупче на филтерот ) и не планирам да ги менувам , освен ако не прекинат да ги произведуваат . Ми одговара јачината , ми се свиѓа што не ми смрди душата на цигара , барем не додека пушам , тенки се , но не сламки . Ако ми ги укинат и овие , се префрлам на ајкос, друго чаре нема .
Kolku vkupno brendovi na cigari se prodavaat vo Makedonija znae li nekoj? (] Marlboro, Chesterfield, Davidoff) itn...
Исто. На многу места низ Европа се забранети и има многу ограничувања, но затоа си пушам дома без проблеми
Зошто да ги забранат ? Кому не му се пуши , нека не пуши . Нека си направат локалите место за пушачи одвоено од непушачите и решен проблем . Мислам , проблемот не е во пушачите и цигарите , туку во газдите на локалите и донекаде инспекциите . Ако се казнува , треба сите да се казнуваат . Во Тетово се пуши секаде внатре . Не сум слушнала да е некој газда казнет дебело за тоа . Како во друга држава да е Тетово . Да , има вентилациони системи во кафиќите и рестораните , ама некој на кој му смета цигара , не помага вентилациониот систем . Затоа треба да се има одделно простор за пушачи и непушачи . Затоа што и ние пушачите сме луѓе и сакаме некад да пиеме кафе во кафиќ .