Од тоа што знам на сестра ми како и беше,прекрасно.Ми го опишуваше тоа како некој нежен допир.Подоцна и се гледаше како стомакот да и мрда.И вибрира.
Јас од 11н. почнав да осеќам како нешто да ме гребе, да ме боцка (понекогаш и појако, од што за момент ми се зима здивот)на местото каде што е поставено бебето. Е сега незнам дали е ова бебето или пак е нешто ширење на матка или што и да е. Чудно е засега, посебно зошто се има случено и од сон да се разбудам. Само да е се во ред со бебушко, па се ќе се издржи.
Па моето мислење е дека не е можно да е бебето,дека тогаш е премногу рано,мало е ко зрно шо се вика,и рацете и нозете не ги одалечува толку од телото.ја од што сакам да осетам еве во 15 недела нешто ко да мислам има движење ама пак тешко Јас во 10-11 чуствував многу гасови,како ми проагаат низ стомакот,може ти е тоа,исто и кркорењето на цревата,а може и тоа што се шири матката.
Гасови и кркорење сигурно не се. Матката штознам некако поинаку ја осеќам, како за добивање некоја минимална и краткотрајна болка, а ова е чудно дефинитивно. Ќе каже докторот што е, за некој ден сме на контрола
Бебето можете да го почувствувате дури во 20 недела евентуално недела две порано. И јас имав вакви чудни болки, како грепкање и на крај испадна дека се поврзани со воспаление на мочните канали што често се случува во бременоста
^Грешка си дека бебето можеме да го почувствуваме ЕВЕНТУАЛНО 18-19 недела. Дефинитивно грешка. Кај мене лично се чувствуваше од половина на 15-та недела, значи баш да го наречам будење на бебето, размрдување. Онака, како пеперутки, скокотливо, како нешто долго ти поминува низ стомакот. Или од еден до друг крај, некогаш дијагонално. Чудно чувство, но истовремено и прекрасно!
Мене тоа гинеколог ми го има кажано, дека бебето првпат се чувствува околу 20 недела. Јас точно тогаш го почувствував моето. За второто викаат дека можеш некоја недела и порано. Во 15та недела плодот има само 70 гр. и е долг околу 10 цм, што мислам дека е многу малку да се почувствува.
Flowergarden, секое бебе различно се развива... нема тука дилема дека некој порано, некој подоцна ќе го почувствува движењето. И јас го почувствував порано, некаде 14-15 недела бев. Не спорам дека гинекологот е во право, ама нема правила за тоа.
јас го осетив во 16 недела како да ритна нес и тоа 3 пати едно по др а утредента како ме грпка нес од внатре како да ме скокотка
Многу рано го почувствував за прв па. Веднаш некако се сепнав, ама знаев дека тоа е тоа. Сега валцери ли фудбали ли што игра не знам, знам само дека не застанува. Два дена беше мирничок, ама сега си надохнадува. Би рекла како кога ти игра окото е така е исто само со стомакот најдобро да доловам
Сега станав пред малце, всушност ме разбуди нешто што прв пат го осетив во стомакот, како мало пиле да замавта со криљата, и сеа тие по искусните да ми кажат дали таков е осетот кога мрда бебето, или јас халуцинирам, оти тоа ми се случи како што се преместував и во сонот сум легнала на стомак, и тогаш се случи реакцијата што од памет ме извади.
Труднички муабети Најверојатно тоа бебчето мрда. Мене така ми го имаат опишано чувството, како треперење на крилја од пеперутка или чувството кога ти "игра" окото. Јас сеуште го немам почувствувано, а сум 17 недела. А ти Сењорита која недела си?
Не може да биде непријатно бидејќи не ни знаеш точно дали трепери нешто во стомакот или се стомачни грчеви Толку се нежни и дискретни првите мрдкања, да се чувствуваат само во мирување, во движење не ни знаеш дека бебето мрда.
Јас осетив нежно грепкање во стомакот, ама треба да си сконцентрирана и да не мрдаш во моментот. Првиот пат не знаев дали е тоа тоа ама кога и следниот ден го почуствував истото веќе бев сигурна.
Јас го осетив мрдањето на бебчето во 14та недела, беше нежно грепкање најпрвин не знаев дали е тоа ама по некоја минута пак се повтори и знаев веке дека бебчето ме грепка и веке неколку дена кога лежам на грб и сум релаксирана го осекам како мрда или кога јадам нешто што многу обожавам 10 мин по јадењето пак мрда