Јас го осетив прв пат моето бебче некаде 18,19 недела, како благо,нежно галење одвнатре, како вибрација некоја и одма знаев дека е тоа, не мораше многу мислење, преубаво чувство и од тогаш па се до денес се повеќе го чувствувам, од ден на ден како расте така и неговите мрдкања и клоцања се се поголеми, понекогаш почести понекогаш послаби, зависи, како кога
Јас шрвпат го почувствував 16 недела мислев дека така ми се причинува но кога се повторија тое нежни движенја неколкупати како нежно галенје знав дека тоа е бебчето, навистина чувството дека има нов живот во тебе и си уживка во мешето е прекрасно
Вчера нешто ми завибрира во стомакот, но ноќеска додека лежев мислам дека убаво осетив двапати нешто убаво ми мрдна, не знам, мислав дека е рано да осетам нешто , но најверојатно е тоа.
Не е толку рано, и јас во 16 недела го осетив прв пат. Чувството ми беше како мусклуче да игра (како капакот на окото кога ќе затрепери)
Какво е чувството кога бебето мрда во стомачето? Моментално (9ти месец), како да сум го голтнала ѕверчето од Мапет Шоу! Ете такво е чувстово.
Чувството е незаменливо и преубаво, по цел ден си го гледам стомакот и чекам да го видам цел стомак ми се бранува.
Немам соодветни зборови со кои би го опишала тоа чувство.....нешто неописиво))) Од време на време се фаќам самата себе како гледам додека стомакот ми се преместува и си се смеам на глас......ММ ми вика ти си се штракнала)))
тешко е да се опише-треба да се почувствува,јас го осетив првото движење во третиот месец бевме на одмор и кога шетавме навецер со маж ми осетив како нешто да ми поминува внатре во стомакот ,тој момент нема никогаш да го заборавам,а потоа како растеше бебето има најразлицни движења и почести но не се болни-напротив пријани и ги оцекував со радост
Чувството е незаменливо и преубаво,по цел ден си го гледам стомакот и чекам да го видам цел стомак ми се бранува си се мести,врти неопишливо е.
Чувството е прекрасно...како да ми се јавува: еј мамичке тука сум Откако убаво ја осетив пред 3 дена со нејзиното клоцање, сега секој ден едвај чекам да мрдне.
сега во моментов сум осми месец и од пред еден месец откако наголеми беблакот мрданјето не е воопшто романтично .како гремлини да имам во стомакот.се испапчува една страна,дупи на друга страна желудник ,ребра ми се чинисе ми е џигер сино.од друга страна ако некое време го нема да мрдне се секирам.ај уште малку ке помине.
Denes i tato oseti kako klocka beblak! Solzi na oci mu dojdoa, pola saat muabetisese so mesko posle! Radosti nevideni, mnogu ubavo. cuvstvo. Kloca kako ludo, dzverce e! izvinete za latin. nemam mak. poddrska na mobilen.
^браво Мојава лумпува кога тато не е тука, што дојде татичко мирна е како бубаче. Татина умна ќеркичка... Така да мм сеуште ја нема осетено, се надевам набрзо и тоа ќе биде.