Klocko moj mrtka li mrtka, ne ja ostava mama po cela nok da spie ke stavime race gi potkreva nagore..hhh...dusha majkina eve go i sega se javi *
Верверко мој станал љубоморен уште нероден. Само што ќе почнеме да се гушкаме со татко му одма се активира. Се натпреваруваат со татичко за мамичка.
Дали ви се има случено, буквално како земјотрес во стомакот, не да биде еден удар, туку мислиш фатило и со нозе и со раце да треска...кратко е тоа чувство? Дали е тоа бебушот или нешто др?
да и да знаеш дека мрда и со раце и со нозе одеднаш, башка ако си на грб или ако си нестабилно легната дури осеќаш како да те помрднува од место леле бе не можам да дочекам да го родам, страв не страв, сега мрда во стомачето тогаш во раце чочек ќе ми игра
^ хехех значи он бил...хихиихихи да да баш кога ќе се опуштам да одморам легната, тогаш знае таков земјотрес да ми направи убавец тој.
Земјотрес е многу мирен збор за овие вратоломии што ми ги прави буцка во меше... Ребрата нели и служат како ксилофон, јајниците веројатно како тапани, ова на вујче музичар ќе искочи... Стомакот ми го преместува на сите страни, брејк денс игра внатре. Нека клоца сега додека може, после кога ќе и ги грицкам ноџињата да не се чуди зошто... Ќе и објаснам дека е резултат на преместувањето ребра во меше!
хахах интересно ме насмеавте.. и мојата срцушка ме мава со што стигне дури веќе и стомакот ми се збира на една страна
Вчера за прв пат и мм го осети мрдањето на бебето. Лежев на грб ама толку јако почна да мрда викам леле овој салта почна да прави и му ја ставив раката на мм и тогаш како најсилно да мрдна. Да се покаже малку и пред татко му.
И син ми правеше така. Од 5-ти месец мислам дека ќе ми го дупнеше стомакот. Многу силно клоцаше, особено навечер.
мммм мојава лепотица цел ден си мртка си тропка абе пеперутка на мама а и кога ке се истегне ми се цини стомацето ке ми пукнит хаххаа лепота е бе цедто мое танцува хахах
една феминка пиша уште порано дека има чувство како да го голтнала сверчето од мапет шоу , епа курево мое сеа такво е игра фудбал со што ке најде цел стомак се ниша, и дека веќе е свртено надолу само се шири со рачињата и ноџињата.
E сваќе, оригинал опиша... Јас си мислев ова балерина ќе биде, тоа на мајка и по боречки вештини искочи... Значи дерман да се немало, 2 минути раат за спиење и одмор! Нека се они само живи и здрави, па нека клоцаат и повеќе.
Моево бебе многу е активно. Сабајле само што ќе отворам очи ја осеќам мрда, и мрда речиси цел ден, па се чудам ако ја снема на подолго време Овие денови почна да ме боли на моменти кога мрда ама гледам дека нормално е. Чувствито кога мрда е најубавото нешто во целата бременост (за мене). Ме потсетува-еве тука сум,личност сум,бебе ,и моментално мојот дом е во твојот стомак.
Да нормално е да приболува, ко се оптегннуваше мојов додека беше уште попречно пред да се заврти со главата надолу мислев ке излезе од лево или од десно и имаше блага болка. Ми се допаѓа реченицата моментално мојот дом е во твојот стомак инаку кога мрда многу јас велам реновира и прередува бидејќи му станува се потесно и потесно
Денес мислам најактивен беше . Бев да ги сменам документите со новото презиме и пред да ме сликаа тоа почна многу да мрда, после му кажувам на мажето дека синот негов прави пози за сликање
Чувството-Неопишливо!! Постојано си мрдка, се тегни, ме задева...кога ќе ја бакнува тато постојано го клоца по муцкитеее кога ќе ги отворам очите одма мава клоца за добро утро.. абе убавини ... денот ти е исполнет само со галкање гледање и зборување на/со стомакот...