Во петти месец ги осеќаш пеперутките што сите ги опишуваат, во шести е веќе повозбудливо и пријатно мрткањето, во седми веќе пополека му снемува место и бутка посилно. Во осми клоцкањето често знае да заболи, почнува и да штуца (барем кај мене тогаш почна). Во девети веќе сите органи се разместени и посебно лошо чувство е шутот во ребра
Јас во 17та недела првпат го осетив мрдањето на синчетоо Чувството беше како некое малечко животинче да ми лази по ѕидот на матката хахахаха Потоа веќе по малку почна да се сеќава баш дека бебето мрда, клоцањето заличи на туркање или превртување хехехе а сега сум 7месеци и 3 недели и стомакот ми разлева почесто, бебето сигурно се тркала внатре , мн ретко и ме заболува силното туркање хахаха кога ика, како клукање чувствувам.. И тоа сега за сега Воглавно, чувството е незаменливо
Денес влегувам во 20 недела а бебето добро го осеќам. Прв пат како меурчиња осетив во 14 недела ,едно нешто ме мисли. Цело време го осеќам во долниот дел, некаде кај јајниците, значи едно 4 прста под папокот. Малку ме секира нормално ли е да го осеќам толку ниско. Каде ги осеќате вие вашите бебиња?
Во 20-та недела е сосема нормално да го осекаш во тој дел, понатаму како ке расте ке го осекаш и погоре, врвот на матката максимално достигнува до 15 см над папокот. Поздравче
И јас во 20та недела го чувствував многу ниско...воопшто го немав осетено над папокот. Чувствував и како некој притисок од што е ниско и како да треба буквално да го носам бебето со рацете на стомак... Веќе наредната недела две почнав да го чувствувам повисоко насекаде Сега имам чувство дека ќе ми ги помести ребрата
Значи оваа мојата бебушка кај наогја место за толку енергично да мрда стварно не знам Демек во 9 ти попасивни биле,а јас такви удари добивам што на глас си викам .Колено ли е лакт ли е,нешто триаглесто се испапчува нонстоп
Jas vo toj period osekjav kako da imam peperutka vo stomakot, no Dr. Adamova na skriningot mi kaza deka e rano
Нормално е не се секирај ич. Снаа ми роди бебче од 4 кг, а прв пат го осети да мрда во 7ми месец, кога веќе беше големо. Јас сум моментално 25та недела а го чувствувам дека мрда некаде од 16-17 недела, прво беше како брз трепет во мешето, но брзо почнав да го чувствувам поконкретно, како рибчиња да ти пливаат во стомакот Последниов месец е мнооогу активен, дури и видливо е со голо око, како ми го покрева фустанчето или маичката, кога лежам на грб Исто имам приметено дека многу повеќе мрда кога јас сум активна и вознемирена или возбудена. Чувството е прекрасно, се надевам брзо ќе го осетиш.
Vcera konecno go osetiv bebusko....srcence...sega sum 20 nedela!!! A malata princezicka bese mnogu mirnicka do sega...no bidejki doktorot ja pritiskase pri skriningot zatoa odma ni vozvrati...hahaah ama custvoto e nezaboravno!!! Samo da e ziva i zdrava
прв пат го почувствував во 20та недела... само кога ја држев раката на стомак, како рипче да ме допира нежно од внатре... сега цел стомак знае да ми се разбранува, најубаво чувство
Откако влегов во 9-ти месец, бебево почна многу да ме клоца. Особено навечер. Не ме остава да спијам. Баш е убаво кога ќе го почувствувам како ме клоца.
и кај мене е исто, овие 2/3 дена клоца премногу навечер ептен ептен, само го сликам стомакот, сиот деформисан ми е хахахахахаха
Во саботата бев на свадба и толку убаво се изнаигравме со бебушот што иако секоја вечер штом си легнам почнува да мрдка сега толку беше уморно од играње што веднаш си заспа во длабок сон. Инаку сум во шестиот месец и само навечер го чуствувам бебушко како мрдка....или се превртува или ика незнам што прави ама јас веќе ги чуствувам сите негови потези.....само да е живо и здраво...неговото мрдање ми предизвикува вистински наплив на емоции...мало мое душиче!!!!
Јас прв пат скокоткање почувствував во 12-13 г.н. ама не ми се веруваше дека е тоа ама сега сум сигурна оти до сега не сум осетила таков скокот одвнатре.А сега како шо поминуваат неделите ме скокотка појако машала дури си го почешвам местото
Јас сум 17+1 и сеуште го немам почувствувано моето бебенце, едвај чекам, но се плашам немој да не го познаам дека бебенцево ми мрдка
Нема теоретски шанси да го осетиш бебето во 12 недела. Можеби од што многу сакаше па ти се причинило, ама нема шанси. Јас сум второротка па почнав да го осеќам некаде после 17 недела, и тоа ееедвај, а кај второротките порано се чувствува. Инаку, сега сум 32 и го осеќам, зависи како е наместено. Имаше неколку денови кога беше некако чудно наместено и не можев дури да го истрпам од болка, мислев ќе ми го расцепи стомакот, морав со раката да го буткам наназад, ама еве сега се сместило поубаво, па е понежно Инаку, почнав да го осеќам многу како и кога ика. Многу ми ика и овоа бебе, по десет пати на ден, како првото
Ќе го препознаеш не му ја мисли кај мене прво беше како цревата да си ги осеќам па после како бранови низ стомак и на крај дури сватив дека е бебето дојде 24 г.н од тогаш почнав да сум сигурна дека е бебе, а и тогаш и уште е нежно така да супер си знае како треба И јас не бев сигурна дали е бебе ама докторката на вториот скрининг ми потврди дека е тоа мрдањето од бебето...Јас сум првородка и покасно го осетив движењето, а некои порано така да кај секој е индивидуално
19 + 1 веќе една недела сум сигурна дека е тој како некој да те допира со прст ама одвнатре и сега и вибрации имам во стомакот