Турско, горко, јако, миризливо! Да ги разбуди сите сетила. Ако сум надвор - еспресо (мало, горко, јако, миризливо).
Средно турско со многу малку млеко...мммм...па тоа во комбинација со две цигарчиња ми е дневна сласт за душа.Не сум кафеџика,едно ми е доволно но во текот на денот знам да цврцнам плус шоља нес пак со малку млеко Вие како сакате кажете ама мене ете кафе без цигара некако стварно не ми е ама ич по кеиф
Заколнат Нескафе Фан! И кога би постоело пакување од 10 кила Нес во вреќа, тоа би го купувала, чинам еднаш месечно!
Ова апаратче не е само за капучино, секое инстант кафе можеш вака да го изматиш. Инаку, го има во сите продавници за бела техника но и во продавници за кујнски помагала и работи. Цената варира зависно од производителот, а има од 180 ден. па нагоре.
Не сум некој љубител на кафе, можно е месечно да поминам со едно или ниедно, но може да се погоди и 4-5 да испијам неделно. Пијам само кога морам Во кафич ретко, но најчесто макијато или капучино. А по дома турско(ако е закажано)