Омилено ми е турско со малку млеко... жал ми е што нема такво по кафичите, кога сум надвор скоро секогаш пијам макијато топло, а лето ладно нели А сега нешто како за временцево топло чоколадо од лешник со шлаг ммммммм мислам ова не спаѓа во кафиња, али да си кажам јас што ми е по мерак
Турското ми е најубаво посебно насабајле,очи не мијам,џезвето го ставам на плинското,најдобро ме расонува.Кога сум со другарки на кафе во кафич макијато.Многу ретко нес...
Не сум голем љубител на кафето,турско пијам ептен ретко,дали 3-4 пати у годината и тоа шеќер со кафе можам да кажам дека пијам,а кога идам на кафе по кафичиве пијам нес ванила,е тоа го обожавам,ко млеко ми е и некад ако ме мавне опасна дремка,макијато знам да се напијам,ама и тоа ретко.
многу ретко пијам кафе. турско кафе пијам два три пати во годината, може и толку не во кафичите нес пијам еднаш годишно повеќе сум на сок инаку дома си правам често топол нес само со млеко
Никако да пропијам кафе...онака да го пијам од задоволство, сама да барам. А многу убава работа ми е така секое утро да го започнуваш со него. Кога седнувам на трач муабет во кафуле практикувам нес кафе, ладно, обично, понекогаш и од ванила или од чоколадо.
Турско најслатко ми е дома така кога ке си седнам и да си се напијам турско, во друштво или пак сама ... А го пијам и горко без шекер и благо..секаков а бидејки ретко идам во град на кафе,кога сум изл. а тоа е мн ретко обично пијам нес или макијато
Филтер кафе најчесто, а кога немам услови за тоа, пијам нес или капучино. Турско избегнувам да пијам, не ми е слатко и плус слушнав некои луѓе од турското кафе добивале како бигор на коските (ова е пример за на мајка ми колешка на работа).
Јас пијам кафе само ако мора на пример : ако ми дојде другарка и ако нема друштво за кафе и за да не се почуствува непријатно дека само за неа ќе се вари и да одбие пијам и јас инаку јок а кога го пијам го пијам благо шербет и со млекце
Обожавам кафе, секаков вид. Турско, нес, капучино, макијато... За по дома омилено ми е нематено топло нес, а по кафичи нескафе капучино или нескафе шејк
Најчесто пијам нес кафе без шеќер,но понекогаш кога си гледаме на кафе со другарките пијам и турско без шеќер. Инаку по кафичите пијам капучино.
Тоа не е од кафе туку од вода т.е поради нејзината тврдост. Јас пијам претежно турско кафе а понекогаш и капучино и нес кафе
Порано многу повеќе пиев кафе, сега онака заради друштво пијам дома блачко турско кафе, а во кафичите еспресо или нес кафе .
Неможам без кафе Пијам нес само со ладно млеко без вода,понекогаш матено,понекогас со топла вода и млеко,некогаш турско зависи од расположение како и да е обавезно пијам кафе па какво... и секогаш пијам многу благо кафе
мммммм кафе и сега ми се пие.најмногу сакам домашно црно,топло,средно по вкус кафенце.сакам исто и капучино и топло чоколадо.кога седам надвор од дома на кафе секогаш пијам фрапе или нес кафе,како по автоматизам само тоа порачувам. голем љубител сум на кафето,и голема кафе џика што би рекле бабите,со добар муабет а и без него можам да испијам полна шолја за чај со кафе
Турско кафе не пијам, т.е дома воопшто не пијам кафе, а кога одам на гости или по кафулиња, нес или макијато, некогаш и капучино