у принцип не пијам кафе на двете недели по едно и тоа само ајс кофи или браво инстант, турско немошам после цел ден ми е лошо, пиев во средно за гледање само
Гоооооолем љубител на кафе.... нес.... капучино... макијато... турско.... секакво го сакам. Особено го сакам кога го пијам во друштво...
Турско, тоа ми е кафе во вистинска смисла, другиве сите ми се ради реда, нес, макијато, капучино ... Ниту едно кафе на планетава не ме држи будна (причина ради која некои го конзумираат), во последно време не преферирам да пијам многу многу ми се случува ниту едно да немам испиено порано се предозирав со кафиња 5-6 ми беа дневна доза Кога одам во странство Sturbucks ооообавезно го посетувам, сакам во Скопје !
Golema sholja tursko kafe doma, makijato nadvor. Ne sum ljubitel na nes voopsto... [mod-kirilica:2flv4o9q][/mod-kirilica:2flv4o9q]
Преемногу ретко пијам кафе: 1.во кафуле ако стварно нема друго што-бирам нескафе. 2. дома ако некој ме замоли за друштво-турско и тоа горко
Турско пијам ретко, само кога сакам некој да ми гледа послетоа. Кога одам по кафичи најчесто пијам топло чоколадо, нес или макијато и тоа исклучиво шербет - тулумба!
Најчесто пијам капучино турско ептен за на некој друштво да му правам и нес само во домашни услови - приготвено лично од мене само со млеко сите ги пијам со мнооооооооогу шекер
Најчесто капучино..а сега почнав и ова ирското да си го правам ... порано пиев по 3-4 турски секој ден но откако ги откажав цигарите некако и кафето веќе не ми е убаво ... ах како ми се пали сега едно
Јас тука само сакам да кажам како се вари турско кафе. Значи, се ставаат кафето и водата заедно да вријат, а не се врие прво водата. Ако се зоврие водата, па се стави кафето, кафето е како црнечка пот, превриена. Во ред е ако сакаш такво да се пие, ама ако се вари на гости може барем да се праша.
Турско, ја дружам мајка ми да не пие сама, и го дружам дечко ми зошто тој најчесто такво пие. А во кафич најчесто капучино и топол нес.
Јас како страсен кафеџија значи пијам баш секакво кафе и секогаш сакам да пробам некое ново...ама најмногу си го пијам турското кафе бидејќи нели има најјак вкус,сеа нели и еспресото има јак вкус ама не ми е баш толку по кеф...иначе многу ми се допаѓа и Лате макијато и нес 2 во 1,значи какво и да е кафето строго и задолжително без шекер... п.с. наздравје нека ни е
повеќе сакам турско, ама не го прават во повеќето кафичи низ градов, па тогаш нрачувам нес кафе нематено со вода и во зависност од времето топло или ладно другарките не можат да ми се изначудат како можам да го пијам, а мене ми е многу убаво брзо се прави а долго се пие
Само темни кафиња пијам и исклучиво без шеќер.Порано пиев со пола лажичка шеќер,ама од кога ме натераа да пробам без ич сфатив колку се одзема од убавата природна арома на кафето.Викаат дека повеќе расонува благо кафе,ама нема шанси веќе да ставам ни зрно шеќер,толку ми се има згадено