денот ми започнува со ладно нес кафе значи секое утро.Подоцна пијам турско па повторно нес па турско... хахахахахаха се гледа дека обожавам кафе
Дома турско наутро и попладне,од најубавата шољичка подарок од дечко ми А во кафич најчесто макијато,топло
Оф, го обожавам турското ама бидејќи сум на диета некако многу калории ми излагаат па едно време пиев нескафе истант, а сега се префрлив на нескафе еспресо.
Би сакала да изнесам неколку факти: 1. Се исклучив од сите можни места каде што бев логирана 2. Го исклучив компјутеров 3. Си сварив КАФЕ 4. Се уклучив пак, после само 5 минути, зашто мораше да ви кажам дека кафево е фрапантно, оргазмично супер. Турско кафе инаку, се подразбира тоа Паскалин во зелено пакување, и плус ТАМАМ се вика. Мх мх мх, тамам како за мене. Не го менувам веќе... абе кафе си е ова, и мирис, и вкус и секаков друг вид на осет... ги нејќам оние рекламичните Гранд, Штанд, не знам кои. Само ова и . И секако, екстра горко. Сакам кафе да пијам, не шеќер.
Сиво Рио кафенце, без шеќер со два прста кајмак, трбушна плесачица да игра, а ногата да не и пропадне
Kaфе пијам само кога морам а непамтам кога сум се напила кафе кога сум била со другарки излезена ..не ми поднесува организмот добро кофеин.. Најчесто кога треба да бидам будна навечер или ако ме фаќа дремка напладне пијам ладно нескафе со ладно млеко
Најмногу од се обожавам јакобс ајриш, оние три во едно пакетчињата што се.. го обожавам заради пената и мирисот ммм прекрасно нешто е, а ги пијам и сите останати видови на јакобс, дефинитивно за мене е најдоброто кафе, најдобрата арома и вкус... макар што има и многу австријски кафенциња со божествено магична арома мммм.., се разбира не се сум пробала . Инаку пијам и нес кафе, горко како одмазда, црно како ноќта . Диети чуда и врагови, па гледам да намалам калории, ако ништо друго во таа секција - пијалоци Турско кафе поретко пијам, бидејќи и не многу ми се допаѓа миризбата, густината, тоа текстурата што ја има талогчето што од време на време ми залетнува меѓу забиве.... па, кога немам друго по дома обично мрчам, мрмкам, ама си варам си сркам.. Кафе си е кафе, топло да е само и се чувствувам не знам некако посебно, сеедно штом го испијам ќе добијам елан за работа или не знам филмот што го гледам ќе ми стане поинтересен, чиниш сценариото му ќе се промени во секундата само мене да ми е попријатно.. ма глупости. Некој луд ритуал што мозокот го измислил.
Турско секое сабајле а понекогаш и нес.. Посебно сега кога е топло и сончево надвор со bff ммммм.....
најчесто турско и тоа горко без зрнце шеќер( и да има најмалку го осеќам),а кога сум искочена може нес или макијато
Во кафич најчесто нескафе, а дома си пијам турско без шеќер и со многу кајмак, незаменливо ми е турското