Какво кафе пиете? Нескафе и ладно капучино, а во зима топло капучино но не можам да пијам многу кафе зошто не ќе можам да спијам
Какво кафе пиете? Па секакво си пијам бре, само труско не. Е тоа некако не ми е убаво, ама баш ич! Секако гејв си имам, чоколадно капучино со шлаг!
дома морам барем 2 кафиња да испијам дневно турски благо и густо морам имам низок притисок а кога излагам да, обавезно кафе било какво кафе-манијак сум бе какво и да е само кафе да е ( а и да, да е благо, мрзам горко кафе посебно во овие наши кафичи кога треба 20 такви кесички со шеќер да истурам за да ми е нормално кафето )
Многу ретко пијам кафе. Moже да се случи и со месеци да не се напијам. Најчесто дружам некого со кафето, а вака самоиницијаторно да ставам кафе- не, ептен ретко. Дури се случува и да ми дојдат гости, а да не ги понудам со кафе.. Инаку кога пијам тоа е најчесто- нескафе.
Зависи од моментот но битно горко да е. Јас благо кафе не признавам ако сакаш благо сркај шеќер. Турско порано не сакав ама крадев талог. Сега го засакав и пак си го лижам и талогот. Капучино ми е повеќе како млекце со вкус ама е незаменливо. Е нескафе, она стандардното(не ванила, ајриш, карамела) не можам да го смислам. Одвратно ми е, ми се повраќа од мирисот само.
Aко сакам да се расонам, турко горко. Ако сум во кафич, најчесто пијам нескафе со млеко без шеќер, но се случува да пијам и макијато. Ако ми се јаде благо, а во моментот сум на кафе, нарачувам капучино со многу шлаг и чоколаден прелив. Во секој случај, кафето го пијам без шеќер.
Исто и мене ми се има случено. Од што немам навика да пијам кафе некогаш заборавам да ги понудам гостите . Ретко пијам, а кога пијам избегавам турско
Богами гоолем љубител на кафиња сум..вака по дома нескафе..дали ладно..топло..матено со машинка..шејкер попарено..сеедно го сакам..турско поретко..капучино прифатливо а у поскоро време и кафе со млеко по дома си правам по кафичиве макијато лате макијато,iced, фрапе мока..мокачино..не знам сите ги сакаммм, да се ојачам уште малце па и оние со ликер ке ги испробувам си киснам на кафе пауза и си барам рецепти си праам по дома..имало и неуспешни обиди ама сепак љубовта кон кафето ме охрабрува..
Нескафе!!! Ама баш секакво. Само тоа може да ме освести наутро. Периодов го пијам или матено или обично со мноооогу мраз, а зимно време топло со млеко. Турско пијам само ако ми гледа некој хаха
Турско пијам со млеко и средно, од капучината на работа најчесто пиеме Ајриш на коe му додавам цимет, додека во кафуле пијам макијато и тоа исклучиво со ладно млеко додадено во него, ова не е случајно, имам историјат на работење по шанкови од тинејџерските денови така да си знам зошто. Сакам да пијам и ладно нес ама за по дома немам секогаш желба за негово приготвување, ама кога имам додавам чоколаден прелив по страните на чашата и по топка сладолед и е божествено, .
Турско кафе не пијам не знам ич не ми прави кејф! затоа уживам во кафе лате, нескафе обожавам кога кафето е млекасто така што може да се каже дека пијам млеко со кафе али ај
Па претежно нес. Имам пробано и турско кафе, капучино, макијато и слично ама многу ми се јаки и горчливи, па не можам да ги пијам. Иако турско со млеко не ми доаѓа лошо, слично ми е како нес.