Во домашна атмосфера кога сум сама си правам поретко нес, почесто турско. Обожавам турско кафе, и најчесто и со друштво пиеме турско кафе. А во кафич најчесто нес.
Најчесто си пијам ладно нескафе, најубаво ми е. А турското го пијам само кога учам во доцните часови ме држи будна, или кога треба да ми гледаат на кафе
Преферирам капучино .. Од толку што ми е слатко , одма ќе си го ѕокнам па ќе дремам дури сме со другарките на кафе..
Порано често пиев капучино,особено милка и нескафе 3 во 1.Сега не ми се воопшто вкусни и мноогу ретко ги пијам. Веќе подолг период си пијам нескафе класик,ладно.Ама направено по мој вкус,од моја рака Полна лажичка нескафе,половина лажичка шеќер и си правам пена со онаков шејкер.Половина чаша ладно млеко,кафето а може и цимет Ама кога другите ми го прават не е исто јбг,ретко да ми погодат
Не пијам кафе, ама ако веќе пијам со мерак пијам капучино со шлаг, а најчесто во кафич нес со шлаг. Ама со шлаг!
Турско, по дома па и надвор. Од несот си имам маки, стомакот ми е чувствителен од млекото. Ама затоа дома радо пијам Нес 3 во 1, најубаво ми е.
Кога седиме по домите секогаш пијам турско Во кафич најчесто макијато.. или нес .. ама несот никако не ми го погодуваат по мој мерак
Пијам секакво, зависи од пригодата. Наутро не пијам кафе, не знам зошто ама не можам на „гладно срце“ да пијам, ниту пак после доручекот. После ручек сакам да се напијам турско, со малку млеко и задолжително една лажичка шеќер. Сакам и макијато и капучино со шлаг, обично тоа порачувам во кафич.
Искрено мене најубаво кафе ми е турско и тоа без шеќер ! Ама кога одам по кафичи пошо нема турско си пиам макијато кога е ладно топло макијато ,а кога е топло макијато со ладно млеко си пиам
Најчесто турско и тоа благо,во кафич топло или ладно нес зависи од сезоната.Многу ретко капучино.Еспресо и макијато мојот желудник не ги поднесува
Обожавам кафе и не можам да си го замислам денот без 2 кафиња. Дома најчесто турско или нес. Во кафич макијато или нес.
Две кафиња ми се задолжителни.Како домашна задача Првото е она што се нарекува кафе,ама вистинско кафе кое единствено расонува насабајлечки Турско кафенце,горко Некогаш и нес ама поретко.Или матено или парено.Најчесто кога ми доаѓаат гости им правам нес па тогаш за друштво го пијам.Инаку несот ми беше задолжителен додека студирав и се посветував на учењето до доцните часови :geek: Ако претерам со кафињата тогаш капучино.